Оглас за вработување

  • Креатор на темата Креатор на темата rabota_fev2014
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Очигледно не ви треба ниту работа, ниту пари... Ако е така, оставете ги огласите за оние кои не можат да сврзат ден со ден. Чисто информативно, колку сакате да зима вработен во фотокопирница? 32.000 денари? :)
Што се однесува до квалификациите, газдава сигурно не бара да бидете AutoCad или Photoshop гуру. Бара *основно* познавање од програмите. Односно, да знаете како да направите некоја основна припрема пред да го пуштите материјалот на печатење. И тоа не е премногу да се бара. Што се однесува до „ работа со плотер и копир машини“ како и „познавање на хардвер“ - сигурно се мисли на тоа да знаете кое копче е за принтање, кој е power cable и како да смените тонер...

Со среќа на сите што ќе се пријават да работат. Останатите, сонувајте за директ министерско место (ова изгледа стана сонот на секој просечен Македонец) или па работа со плата над 60.000 денари во странска компанија, која ќе ве цени исклучиво по креативноста на интернет.


Сметав дека нема потреба да се објаснува многу многу, но очигледно дека ќе биде потребно.
Го ставив огласот овде бидејки мислев дека има млади луѓе кои сакаат работат. Платата не е голема, но сум ја ставил за да не се лажеме уште на сам почеток.
Овдека не се нуди кариера, напредување, позиции. Ова е дуќан! Тоа е почетна плата и ако има можност истата ќе биде покачена, но не премногу.
Програмите кои се наведени се потребни за да знае вработениот како да го испринта документот што ќе му го донесат. Не се бараат дизајнери и архитекти.
Познавањето на хардвер е потребно, бидејки се продава ИТ опрема и додатоци, а не да се лемат плочи и графички картици.
Англискиот јазик е веќе смешно да се објаснува зашто е потребен.
Познавањето на работа со плотер и копир машини е предност, во смисла периодот на внесување во работата ќе биде полесен и побрз, како за кандидатот така и за мене.
Работата знае да биде напорна бидејки има ситуации кога се стои на нозе и по 4-5 саати, не секој може да го издржи тоа (од искуство зборувам).
Незнам какви плати очекувате од ваков дуќан. Овде не се гради кариера, ваквите дуќани се за да се снајде човек за старт и да биде паметен понатаму да напредува и да си најде вистинската работа.

Навистина ми е жал што прочитав секакви коментари, а не видов ниту една порака или прашање поврзано со огласот.

Затоа го молам администраторот @Acid да ја избрише темава или во најмала рака да ја затвори.

Ви благодарам.
 
Типично огласување кај нас. Работата е едно а во огласот наведени 300 работи кои само ја ’дуваат’ тешкотијата на работните обврски. За ваков тип на огласи доволно е да напише: дуќан за ИТ опрема/додатоци + фотокопирање, плата и работно време. Се друго што го објасни може да му се покаже на вработениот и да го научи за 2 мин (доколку сака!).

Посебно делот : Испраќајте ги Вашите CV-ја со слика на електронската пошта... :facepalm:
 
Темата е затворена на барање на авторот. Доколку има заинтересирани за пријава, испратете го вашето CV на мејлот во првиот пост.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom