Секакви прашања во врска со јазикот...

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека со еден правопис од 45 ништо не ни е ко шо треба регулирано и професорките по македонски јазик си се филмаат и измислуваат свои правила и си пишуваат книги а никој не седнале да се договорат, да формираат комисија, да пресечат и да го изменат правописот....
--- надополнето: 26 јануари 2014 во 12:50 ---
Како е правилно за CD и DVD? Плус членувано. Плус членувана множина.

1. Цеде и деведе, цедето и деведето, цедињата и деведињата (-еата)?
2. ЦД и ДВД, ЦД-то и ДВД-то, ЦД-та и ДВД-та?
3. Це-Де и Де-Ве-Де, Це-Де-то и Де-Ве-Де-то, Це-Де-ата и Де-Ве-Де-ата?
4. Це-де и де-ве-де, це-де-то и де-ве-де-то, це-де-ата и де-ве-де-ата?
5. Си-Ди и Ди-Ви-Ди, Си-Ди-то и Ди-Ви-Ди-то, Си-Ди-јата и Ди-Ви-Ди-јата?

(не се исцрпени сите можни комбинации)
второто сум го сретнала како најупотребувано...
 
Јас мислам дека со еден правопис од 45 ништо не ни е ко шо треба регулирано и професорките по македонски јазик си се филмаат и измислуваат свои правила и си пишуваат книги а никој не седнале да се договорат, да формираат комисија, да пресечат и да го изменат правописот....

Нормално дека не е се регулирано со Правописот од ’45. И самиот тој трпел измени: во ’50, ’70 и ’98. Освен Правописот, тука е и Граматиката на македонскиот литературен јазик од Блаже Конески, а и еден куп други книги, речници, публикации и учебници со кои се утврдени сите правила. Правописот и граматиката, на пример, говорат многу малку за македонската синтакса. Синтаксичките правила се утврдени во други книги, како на пример - Синтакса на македонскиот стандарден јазик на Лилјана Минова-Ѓуркова. Тука е и Институтот за македонски јазик - Крсте Мисирков кој постојано работи за зачувување и обогатување на македонскиот стандарден јазик и од каде постојано се изработуваат нови речници, публикации, учебници... Ништо не е оставено на случајност - како што велиш: да одлучуваат самите професори во средно што е правилно, а што не. ;)
 
Општо многу малку му се посветува внимание на правопис и граматики а повеќе на книжевност во училиштата..
И затоа не знаеме...кој да ни каже и кој да не посочи...до пред некни не знаев дека се пишува коригира туку си го пишував корегира.....
 
Општо многу малку му се посветува внимание на правопис и граматики а повеќе на книжевност во училиштата..

Мислам дека ова важи повеќе за средните училишта.Ако не се лажам, скоро и да не постои средно училиште каде има часови по граматика, секако има ретки исклучоци.Барем јас каде што учев немаше ниту еден таков час, за жал.Сето знаење што го имав ми беше од основно.Во основните училишта се посветува внимание и на граматиката и на литературата.
 
Правилно е опуштено или отпуштено?
Проф. ни има кажано, дека не постои зборот опуштено во македонскиот јазик. Колку и да звучи нелогично. Повеќето кажуваат дека тоа се два, сосем различни збора. Меѓутоа јас така разбрав. Иако може погрешно да се сфати, во повеќе наврати.
И дека емисијата Опуштено, всушност требало да биде Отпуштено. :гик:

Пример два:
Тој се опушти и му се врати сјајот во очите.
http://www.makedonski.info/show/опушти/св
Пример пет:
Таа ги отпушти рацете и заспа.
Чистиот воздух го отпушти.
Пример тринаесет:
Таа разочарано се отпушти на фотелјата.
По масажата нозете му се отпуштија.
Пример четиринаесет:
Неможеше повеќе да молчи, се отпушти и се им изнакажа.
http://www.makedonski.info/search/отпушти?where=undefined&position=undefined

Но, судејќи според тоа што неможеше, го пишале споено... можно е и ова да не е точно. :noze:
 
Неможешеповеќедамолчи, сеотпуштиисеимизнакажа.
http://www.makedonski.info/search/отпушти?where=undefined&position=undefined

Но, судејќи според тоа што неможеше, го пишале споено... можно е и ова да не е точно. :noze:
опуштено значи едно отпуштено значи друго....ама мора да се држиме до документацијата нели....и то многу ме нервира кај професорките кога ке тврдат за нешто а немаат цврсти докази...нас на пример ни се запна професорката дека не е руски јазик, туку дека е русински, кој и напиша руски една оценка подолу му намали..

Да се навратам на отпушти и опушти...
Да отпуштиш значи некој да го избркаш од работа, а да го опуштиш значи да го релаксираш....

Ете толку се залагаме за да си го богатиме речникот, само знаеме грешки да бараме и да измислуваме правила со цел да се направиме нешто над другите, и на крај умот ти е каша попара, една професорка ти вели дека е руски, друга дека е русински.
 
Руски и русински се различни јазици. Припаѓаат во иста група јазици, ама не е ист јазик. Можеби проблемот со професорката бил токму во тоа дека точниот одговор бил русински... мислам, не знам, претпоставувам само, зависи од прашањето, секако.
 
Русински како јазикот на украинците , а руски како јазик и на украинците, белорусите и сите од ССР ?
Проблемот е затоа што никој не објаснува зошто...
 
Дечки,
прекуумереност или прекумереност ?
 
Множина од такси?

Такси е именка од туѓо потекло, кај нас одомаќинета како именка од среден род и како таква се членува на пример такси-таксито и прави множина со наставката -ја, таксија. Ако треба поприфатлива варијанта, тогаш е соодветна другата варијанта- такси возила.
 
Мене веќе некое време ме мачи името на една серија, да не речам сон не ми дава:).
Калифорнизација.
Да не требаше да биди случајно Калифорникација.
И што е разликата воопшто помеѓу двете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom