Европско првенство за мажи - Данска 2014 | Франција шампион! |

Статус
Затворена за нови мислења.

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Французите ги презирам до крајност..а пак исто така секогаш навивам против домаќините на секое големо натпреварување...пичку матер тешка одлука за кој да се навива:cautious:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Гледај го уште првенствово,затоа што мислам дека најави повлекување од репрезентацијата.И така више нема мотив,собра све што можеше да се земе,и со машката и со женската селекција.Сега едини мотив треба да му биде да ја однесе Македонија у финале на некое првенство:icon_lol:.
знам, знам, ѕверка е. Нас да не земе кога ќе види со кој си има работа за три дена ќе се спакува и назад Данска :pos:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.762
Поени од реакции
6.710
Сепак ми е жал шо изгубија “нашите“ ама рака на срце Данска се тим и пол. Хансен човече кој мозок го има значи :eek: игра јако и во одбрана и во напад, аситенции, по некој гол....:cuc: Солидни голмани, контрата да не прајме муабет и чат-пат шо ќе се исфрли некој кој цело време бил резевра и одеднаш дава 3 гола од 5 шута ;) со друг збор кажано, доооооооооооооооолга клупа :cuc:
Клучен момент....ко водеа хрвативе 2 разлика а имаа 2 играчи повеќе....дозволија да им направат серија 3-0 :facepalm:, е тогаш да им направеа +4 друга песна ќе се пееше. Уште некои нијанси им фалат на хрвативе за да бидат комплетен тим, инаку за топ 4 нема проблем, секогаш можат да бидат ;)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Реално гледано, фаворитите како што се очекуваше се пласираја во финале. И двете полуфинале беа доста добри, и Шпанија и Хрватска доста добро одиграа, ама сепак и на двете како да им фалеше по нешто да се пласираат.

Првото полуфинале како што почна со +5 за Франција, очекував потоп систем да им се деси на Шпанциве ама ме демантираа уште одма, +2 на полувреме и нецели 9 минути ја држеа Франција без постигнат гол. Натпреварот го изгубија во периодот кога беше 18 - 17 мислам и имаја 2 играчи повеќе, а промашија пенал и зицер, а примија гол. Тука беше крајот. Канељас одличен, исто и Агинагалде, а се виде колку им фали голман како Штербик. Кај Французите Нарцис подобар, Абало со клучни голови во клучни моменти.

Второто полуфинале доста добро го отворија Хрватите. Добра одбрана, добри во напад и со +2 на полувреме. И после второто полувреме како да го започнаја неподготвени, незагреани да речам, пред се Чупиќ кој промаши пенал и 2 зицери. Тука Данците направија пресврт и не го препуштаја водството. Јес да Чупиќ е најголем виновник за тој пресврт, али и Алиловиќ беше денес без значајна улога, а се виде на спротивната страна колку значи голман за ваков натпревар, Ландин одличен. На крај и 2 зицери на Штрлек му одбрани Ландин и тука беше крајот.

Во финалето мислам не очекува одличен натпревар и благ фаворит секако ќе биде Данска, не само поради домашниот терен, туку и поради не толку блескавата игра на Французите денес.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Марјан Ников,дечкото слободно може да биде конкуренција на Игорче...
Па не знам колку грешки направи во својот коментар....
Секој втор играч го згреши...:pos:
На крајот беше најјак,вика:Хрватска досега три пати изгубила полуфинале кога се среќавала со домаќинот на првенството,2004 со Словенија,2012 со ХРВАТСКА...:drk:
Па ова не би го треснал ни Игорче во својата најдобра форма...:)
И оние од МТВ,џабе сркаат милиони,едно првнество не можат да откупат,барем да има некој пристоен коментар...
Туку доста за неважните работи,толку му делиле на Марјанчо....:D
Штета за Хрватите,навистина,изиграа машки,без пардон..
Им фалеше еден расположен голман...
По стотипат се покажа дека голманот е пола екипа....
Штета навистина,никако да им се погодат коцките,ако Мирко има ден,другите ќе чкрипат,денес имаа доста расположени стрелци,Копљар,Хорват,малку затаи Дувњак на крај....
Им се повреди Бичаниќ кој денес беше доста добар,ако го имаа на крај ќе имаа кој да шутне,баш кога требаше им се случија пеховите...
И изгубената топка на Дувњак е дискутабилна,доби удар во гради од Хансен...
Данците не блескаа,премногу технички грешки,над 15 ако не се лажам,нешто шо не е типично за нив,притисокот си го направи своето...
Искористија доста топки на линијата,им тргна на десните бекови,добија неколку поклони од судиите...
Толку и треба,за една ваква дружина и мал ветар во грб е доволен,камоли неколку одлуки на судиите кои можеби и го решија мечот...
+Баш кога требаше се разбрани Ландин,кое голманиште е стапов,секоја чест...(y)
Иако генерално,судењето беше донекаде коректно,за двете страни...
Како и да е,времето работи за Хрватите...
Освен Вори,Лосерт и Алиловиќ цела екипа е доста млада,имаат уште многу да дадат.ќе дојде нивното време сигурно....
На ова ЕП добија уште еден класа шутер во Слишковиќ.дечкото навистина ветува,тука им се и Мандалиниќ,Степанчиќ...имаат коњи за трка,на долги патеки....
Во првото полуфинале видовме подобар ракомет...
Какви смао потези,какви голови,вистински шлагер на дуелот на двата титани...
Секоја чест навистина за головите на Кањелас,на фуриозните влегувања(заедно со топка)во гол на Абало...
Перфектна утакмица,полна со пресврти,одамна не сум гледал ваква квалитетна утакмица...
Французите имаа падови,но брзо се враќаа,и овде пресудија голманите..
Со овај голмански тандем едноставно толку беше силата,иако Сиера фати некоја топка(дури и пенал одбрани конечно):pos: ..
Да го имаа Штербик ќе беше друга песна,вака тоа е реалноста,одамна немале толку слаба гарнитура на голмани,отсекогаш биле добро покриени,Баруфет,Омбрадос,Штербик се класи над овие...
Како и да е,супер изиграа Шпанците...и во борбата за 3то место ќе има салам ракомет....:vozbud:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.438
^
Плус рече- "Со оваа победа Данска се пласира во полуфиналето каде ја чека Франција"
:pos::pos::pos:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.056
Поени од реакции
7.833
Мене не ми е јасно по кој критериум онај Ников цел живот живее од спортско коментирање, јест да има некој карактеристичен глас ама позаспан коментатор нема на цела планета, цело време обратно кажува играчи...човекот едноставно нема перцепција за толку динамична игра како ракомет.
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
265
Поени од реакции
124
А цело време коментаторот нели е во стил: удароТТ на хансеНН заврши во голоТТ. Ми иде да му влезам у телевизор

Иначе баш ми е мерак што влегоа Данциве во финале, остај тоа Екс-Ју бакрачи. Едноставно ми се најдопадливи во играта. Не треба да има приговори за судењето, генерално коректно беше.
А за навивањето тоа е тоа, таков е нивниот стил и нив им се свиѓа. Даалеку е од театар навивањево да се разбереме ако некој мисли тоа
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.088
Поени од реакции
13.101
Штрлек на душа ќе ја носи утакмицава, ама исто клучно беше и катастрофалното отварање на првото полувреме, 10 минути 1 или 2 гола дадоа само Хрвативе, навистина штета сами си пресудија... Реално имаа големи шанси гледајќи од играта во прво полувреме, иако Данците беа фаворит, ама тоа е што е. Сега во финале сакам Франција да земе иако пак минимална предност им давам на Данска, не дека Франција нешто многу ги сакам, него Данска повеќе ги мразам :D И да фали Балич... :(
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Јес да судиите ја подбутнаа Данска со пар одлуки (посебно во 1вото полу-време), ама факт е дека хрватите сами си ја скапаа главата и да не речам ''ја решија'' утакмицата во првите 5 минути од вториот дел. Пеналот и зицерот што ги утна Чупич, во моменти со 2 играчи повеќе на терен (требаше да побегнат на +4/5) - Јасно беше дека ќе ги стигне казната и ќе го е*ат ѓаволот на крај ..
 
M

Mario Gómez

Гостин
Штрлек, пред тоа Чупиќ, неколку избрзани акции и Алиловиќ кој избрани далеку од нивото на Ландин и тоа е тоа, нема победа. Мада Данска покажа дека е ранлива и ќе и биде многу тешко со Франција,
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
А вие мислевте дека немаше да тепа Данска?
 
Член од
27 септември 2013
Мислења
199
Поени од реакции
162
Прејаки се Данска,Хансен имат очи и на гз....прејаК!:D
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Хрватска сам себе убијал :eek:.Али судиите човече во прво ги искинаа бе цело време со играч помалце.
Али у финале нема кај да бегаат овие скандинавци гнасни има од Франција да го изедат убаво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom