Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

  • Креатор на темата Креатор на темата bojan81
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе може ли во php код да се вметне css или html код??
Може, зошто не би можело :toe:

Ми треба помош околу правење потпис/signature во Outlook Express 6 за фирма, но да не биде едитабилен текст, туку како залепен (веројатно како HTML), со сива боја т.е. ба биде независен со текстот што се пишува во маилот.

Моментално потписот е на кирилица, напишан преку преку Оptions/Signature табот во outlook, и е како текстот во пишување на маилот, фонт 10, црн, а од него завиди и бојата/фонтот на текстот кој треба да се пишува (која сега исто така е со фонт 10, црна боја). Мислам дека Кириличниот потпис прави проблем, што некаде испратенит маил знае да го стави во Spam (во yahoo).

Барав совети на интернет но бидејки потписот треба да биде на кирилица правеше проблеми, а ставањето потпис како слика испадна проблематично (и во овој случај го става маилот во Spam).

Може некој да ми помогне тука?
Нема врска потписот со спам...во спам оди порака само ако има некој сумливи фајлови во атачмент (exe, bin...)
 
Ќе може ли во php код да се вметне css или html код??

Што подразбираш под тоа во php код да вметнеш html?
php датотеките (фајл со екстензија .php) можат да содржат само html без да има воопшто php код во нив, можат да бидат мешани, или да имаат само php код кој по потреба ќе генерира стринг кој ќе биде прикажан во веб прегледникот.
Првото е јасно ... чист html, серверот без разлика на екстензијата ќе го испрати на клиентот кој ќе го рендерира приказот.
Второто ... „стандардна“ html страница и само некаде да се појави код од типот <p><?php echo "нешто" ?></p> ... таговите <?php ... ?> кои ќе му дадат на знаење на php серверот дека помеѓу нив има команди кои треба да ги изврши а потоа html резултатот да го испрати до клиентот.
Третиот случај ... чист php ... за да го добиеш претходното би имал: <?php echo "<p>нешто</p>" ?> ... значи чист php кој на излез печати стринг кој потоа клиентот ќе го рендерира и прикаже како и при „нормално“ пишување на html.
 
барам нешто не знам дали ке може да најдам, немој пхп код кај што ке може да канам луге одеднаш, пр. внесувам повеке маилови и да им пратам маил на сите одеднаш, фала позз:)
 
барам нешто не знам дали ке може да најдам, немој пхп код кај што ке може да канам луге одеднаш, пр. внесувам повеке маилови и да им пратам маил на сите одеднаш, фала позз:)

Погледни PHPMailer мислам дека ќе ти врши работа.
 
ако има некој нешто нека прати пп, фала позз

Да не сакаш и мејловите ние да ги праќаме ?

Оди на www.google.com и пиши го тоа што го бараш, има милијарда скрипти за тоа што ти треба, никој нема да ти го сервира на тавче да спамираш.
 
Да не сакаш и мејловите ние да ги праќаме ?

Оди на www.google.com и пиши го тоа што го бараш, има милијарда скрипти за тоа што ти треба, никој нема да ти го сервира на тавче да спамираш.

Нема смисла така да му се обраќаш .... јас требаше да го кажам тоа пошто пред тебе го мислев :)

Драган ... бараше код, ти напишав код кој е супер документиран и кој веројатно ќе ти врши работа ... го проба, не е ок, ти треба нешто друго ... напиши што те мачи.
Ако бараш некој да ти го „соџвака“ кодот тогаш не го барај на оваа тема, или барем не барај така, објасни повеќе што сакаш па можеби некој ќе ти помогне.
 
Нема смисла така да му се обраќаш .... јас требаше да го кажам тоа пошто пред тебе го мислев :)

Мразам кога некој кој бара помош незнае да ја цени работата на тие што се трудат да му помогнат. Претпоставувам дека не одвоил ни 5 секунди да го разгелда она што ти му го препорача, башка тоа што доволно е на Google да пишеш „PHP script for sending mail“ и ќе ти излезат едно чудо скрипти за таа намена.

Он сака некој да земе да му ја дотера скриптата пиц-пец за он само да праќа мејлови... Не оди тоа така. :/
 
Дечки, работам еден веб, и кога чепкам во кодот во dreamweaver, пробувам да пишувам на кирилица и добивам порака дека користам погрешен encoding, поточно овој веб користи iso-8859-1 encoding и ми препорачува да го сменам encoding-от во utf-8 за да ми ги поддржи карактерите, но конкретен начин за сменување на encoding не знам, па направив нов документ на кој му наместив utf-8 encoding и целиот код го копирав во тој документ (се разбира без првата линија во која е вметнат encoding-от..) и сега кога пишувам кирилица, кога ја снимам страната не добивам никакви грешки, но кога ја прегледувам страната текстот напишан на кирилица не излегува никаде.. Би бил благодарен доколку некој има некакво искуство да сподели.
 
Немој така рачно да копираш ... на фајлот во кој си работел отвори приказ на код па оди во својства на страница и промени енкодинг, клик на apply мислам дека ќе ти побара нешто у стил релоад, терај ок и види што се случува ... би требало да направи сам конверзија од еден во друг енкодинг. Во секој случај прво направи си копија на фајлот :)
 
Како да заштитите Веб страна?

„Инспириран“ од темата :) решив да ја отворам темава ...

Би сакал да продискутираме а воедно и да добиеме совети, помош, решенија, од искусните кајганџии околу оваа проблематика ...

Значи како да си ја заштитиме Веб страната?

секој совет, tip, било каква помош е добродојдена :smir:
 
Да си ја заштитиме веб страната е широк поим... Треба да се погледне која платформа ја работиш (php, asp, asp.net.... ) па да конкретизираме.

Најчест напад е mysql injection... или запишување на некаков html код во база преку textarea, кој потоа при вчитување се извршува.
 
во право си ...
јас конкретно се интересирам за asp.net ...
меѓутоа во интерес на секого, секој совет за било која платформа би бил добродојден ... :smir:
 
Јас немам искуство со вакви работи (веб програмирање), ама од што имам читано лево десно, правилна валидација на влезните податоци (ограничување на влезот, проверка со Regular Expressions итн) е многу важна.

exploits_of_a_mom.png
 
Користење на процедури наместо select-и во самиот код, така ќе спречиш sql injection.
Тry Catch Finally блокови да ги обработиш сите error-и што се би можеле да се појават.
Проверка на валидност на сите можни внесови, што ако не избрал некоја опција или прави нешто што не е логично, да ги опфатиш сите можни ситуации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom