Ми треба помош околу правење потпис/signature во Outlook Express 6 за фирма, но да не биде едитабилен текст, туку како залепен (веројатно како HTML), со сива боја т.е. ба биде независен со текстот што се пишува во маилот.
Моментално потписот е на кирилица, напишан преку преку Оptions/Signature табот во outlook, и е како текстот во пишување на маилот, фонт 10, црн, а од него завиди и бојата/фонтот на текстот кој треба да се пишува (која сега исто така е со фонт 10, црна боја). Мислам дека Кириличниот потпис прави проблем, што некаде испратенит маил знае да го стави во Spam (во yahoo).
Барав совети на интернет но бидејки потписот треба да биде на кирилица правеше проблеми, а ставањето потпис како слика испадна проблематично (и во овој случај го става маилот во Spam).
Може некој да ми помогне тука?