Патриотизмот е филозофија на застарени мислења и луѓе уплашени од промена.
Цел свет напредува, какви се можности има низ светот, а ние сме заглавени тука и како проста маса се караме кој каков пасош има и кој бил бугар кој србин. Немој некој погрешно да ме сфати, нема ништо лошо во тоа да си македонец, ама целокупното општество ни е водено од такви луѓе, што никој лично неможе да направи некоја драстична промена. Така да секој нека си гледа за себе каде му е подобар животот, каде поубаво ќе му растат децата, а остајте ги патриотските муабети за примитивците што се замараат со тоа чив е Александар и дали Делчев бил македонец. Мене лично ми се отвара топ работно место во Лондон, за работа по струка, па иако сум човек без никакви бугарски корени, најмал проблем ми е да потпишам на хартија дека сум бугар. Вака за удирање у гради дека сум МАКЕДОНЕЦ, ќе се каам кога на 40години пред кладилница ќе мислам како ќе му платам на син ми да отиде море да види.