Ај ако не му е мака на некој набрзина да ми објасни како да го изведам следниов проблем (се работи за ASP.NET 2.0 апликација)
Имате еден логин систем кој ги чита од база корисниците (секој си има своја улога, да речеме во примеров има две улоги админитратор и модератор). Во апликацијата има два фолдера (едниот се вика администратор, другиот модератор). Кога пристапувате во апликацијата прво ви излегува логин системот, го пишувате вашето корисничко име и лозинка, се проверува во базата која улога ја имате и спрема неа ве пренасочува во соодветниот фолдер (ако сте админ во администратор фолдерот administrator/index.aspx) каде ја продожувата вашата работа. Е сега финтата е нелогирани корисници да немаат пристап во овие фолдери, и модератори да неможат да пристапат во админскиот дел. Како би ги средил улогите, односно дозволите. Има контрола за ова во VS2005 но таа има своја база а не ми треба така. Сакам рачно, ако има некој да ми посочи пример конктретен уште поубаво. И нека биде логирањето (паметењето дали си логиран) преку сесии.
Фала
ЕДИТ најдов, но ако има некој идеја сепак нека постира