Сметаш дека 18-20 илјади се нешто многу или доволно пари? Јес да е релативно тоа доволно пошто некој збори за базен, друг за маргарин за овој месец ама како за просечно семејство, овие сметки ќе ти стигнат толку, за леб и маргарин.
Минималната плата треба да расне паралелно со пораст на цени и трошоци, номинално и реално што помалце да обезвреднува. Побогу, само за греење и струја семејствата ги кошта 5-10.000 месечно, за гориво најосновно1-2.000 денари, за деца во школо треба ли да се облечат, кило месо се качи од 20-50% само во рок од 1 година, од 350-450 просекот (беше 250-300), оревите отидоа од 300 на над 500, кикириките од 80 на 150, оризот од 40 на 70 и 80 новиот, гравот од 100-120 на 180 и 200...а недајбоже да им се расипе фрижидер или машина.
Тие 2.000 ништо не прават реално. Луѓето што живеат со минималец најчесто имаат помош од постари од пензии или од ниви. Не знам кој верува дека 8000 се доволни макар за леб и дека 2000 ќе направат некоја промена.Едноставно, ниту со 2 просечни плати не можеш да издржуваш семејство без постојани ненаменски кредити и помош од пензионерите.
Ова се предизборни веќе видени манипулации.
А ти сметаш дека со 18000 е исто ко со 8000?по твоево испаѓа дека 18000 се малку а 8000 се таман.и дали си видел разлика меѓу фамилија со 18000ден примања и фамилија со 8000?некои фамилии не знаат што е клима и што е автомобил,јадат банани и месо само за нова година.тие што зимаат 8000ден плата збираат прачки од лозје за да се загреат преку зима,не ја пуштаат климата(пошо ја немаат) на 25 степена.
И од каде тие тоа дека тие со минималец живеат со помош на пензии од постари,а овие со 20илјади се без помош јадните бе,треба да платат за 3 клими што дуваат дома.и проблемот е у мк е што баш на овие ваквите им сметаат овие 2000ден плус за оние кои стварно имаат мала плата.
ете јас живеев со минималец.едно време работеше само мајка ми а ние тројца дома бевме.нејзина плата 9000ден или 10000 али со преку 300 работни саати месечно.бабите и дедовците се одамна починати,значи никаква помош од пензии.и тие 2000ден пример би покриле две-три сметки за струја(зборам за семејство кое користи струја за најосновни потреби,без да работат 3-4 клими),али да,за тебе и за другите кои зимаат убави плати овие 2000 се ништо.
не зборам на памет,сум бил таму,знам како е да живееш со тие пари,и знам што би значело да ти даат 2000ден плус.
оние што не знаат може да зборат колку сакаат дека 2000ден не биле ништо,оние со 8000ден ке ви кажат што значи дополнителни 2000ден.
и за крај ја нигде не реков дека оваа плата е доволна за издржување семејство,дури ни за самец не е доволна,или дека треба да останат такви платите,али оние 2000 ден у секој случај у секој случај добро ќе им дојдат на тие со такви плати.