Не ми е јасно зошто го чуваат уште Велбек , мртов нигер со реализација 0%.
не сте ми јасни со велбек, игра во еден од најдобрите тимови како напаѓач ама не знае да даде гол ... мислам ок а и премногу бараме од него нели сепак не е ето со 60 години па да дава по 3 гола секоја утакмица , сепак е велбек колена му растат коса му расте допрва се учи .. тоа е .. што сакате топ си е дечкото !!!
абе реално тоа е, добро играме но имаме играч што на 25 години допрва учи како треба да се позиционира а има и завршница нула .. згора на тоа ќе го додадеш јанг и сликата е комплетна !!! а и мојс е крив што воопшто го пушти јанг во игра ... требаше и требаше кагава позади велбек а јанузај крило.
да општи зборам за велбек, 25 години начука 15 гола даде за јунајтед тотал ... ајде ќе го почекаме уште 15 години можда некад ќе му тргне ... ако беше добар играч ќе беше страв и трепет за тимовите , такви треба да бидат сите играчи на јунајтед не само велбек ... но велбек никогаш нема да биде ништо повеќе од просек чат пат голче против шестолигаш и толку, доволно за тебе да си ги влажниш гаќичките !!
Го хејтате чиакрито, човекот во гол ситуација на прва ја насочува топката кон гол затоа и се плашат од него челзи, додека сите очекуваме од велбек да игра напад да ја силува одбраната го гледаме како се врраќа назад топка да прими зашто освен тоа ништо друго не знае да направи. па нормално сакаме гол да даде сигурно нема да очекуваме де геа да иде у напад и да поентира, не за џабе игра напаѓач .. ете денеска играше 10ка и што .. тапа невидена ... мотив за игра нула !!!!!
да бе па и ти што е еден гол против челзи на гости ... колку топки доби ето 3 ? се додека зависиме од велбек за гол тоа е тоа !!!!
велбек бил ок, 5 метра пред гол прави 15621342134 контакти со топка за да си се намести поубаво, затоа никогаш нема да го биде, ќе дава чат пат голови ама добар играч никогаш .. нека се угледа на перси како се дава гол со еден допир на топка !!!!
Треба ли нешто повеќе од оваа компилација против Велбек? Сум сретнал многу луѓе што се опседнати со нешто во животот но не и вакво нешто, искрено.
Ко Велбек да е крив што цела сезона играме со пола тим и најважните, клучни играчи ни се повредени притоа Велбек да не беше последниве 8 меча Јунајтед немаше да освоиме ни пола од бодовите кои ги освоивме.
Не сакам да ми реплицираш на ова нема потреба, се е докажано, се оди кон тоа како Велбек е крив и зошто Фергусон се пензионираше и се лошо што се случува во клубот. Ко што на лето ме/не убедуваа тука дека Тиаго е крило и само крило или дека Немања Матиќ бил штркот што ги носи бебињата и тој бил клучот за Манчестер Јунајтед и плејмејкерот што ни бил потребен. Ќе трошиме време за непотребна дискусија бидејќи не може да се направи дискусија со некој кој цело време ќе ги негира фактите.
Редно време е да проучиш колку години е Велбек а колку Робин и колку искуство има едниот и другиот посебно на позиција напаѓач.
Врв беше минатата недела кога прочитав дека Велбек случајно го допрела топката за голот против Свонси, тој самиот не сакал да ја допре ама таа него го допрела и случајно некоја луда околност ја сместило во голот.
Сите аргументи за Велбек се побиени по натпреварите кои ги одигра на позиција напаѓач, ама буквално сите. На последните 7 меча има 6 голови и притоа 3 или 4 асистенции во Премиер лигата. Вчера голот кој го постигнавме беше благодарение на него исто.
Скоро никој не ја спомна одлуката на Дауд да не досуди пенал кога шутираше Велбек, Аспиликуета го фаулираше Велбек од позади при што беше во петтерецот на Чех. Поголеми аргументи за пенал не постојат искрено.
Инаку Јанг играше вчера од прва минута за да му помага на Евра во дефанзива зошто беше повреден, само затоа бидејќи ни Кагава ни Јанузај не се толку добри во дефанзива ко него.
Пораз од Челзи на Стемфорд Бриџ
Ти дали си озбилен кажи ни? Кој црвен картон, тоа што направи фаул и контранапад спречи. Картон да но во никој случај директен црвен со што три меча ќе отсуствува Видиќ. Срамота е во Англија посебно за ова црвен да се даде.
Настрана глупостиве, стварно ме интересира мислењето и ставот на
Inglourious Basterd за цела оваа работа. Човек ти си еден од оние кои имаат смисла тука и сакам да знам што мислиш за работава со Мојс и клубот.
Секој со разумно објаснување може да се вклучи во дискусијата што би сакал да се створи.
И ќе ве молам без глупости.
Други кои сакам да се вклучат
Ilumious
ManUtdChampions
Rooney's Temper
goodlife_filipsis
еternum
и слични
За некоја минута ќе пишам.
Реално, ова е максимумот на оваа генерација. Истрошена генерација, што ги има кренато сите трофеи. Секако дека се професионалци и дека сеуште би дале се за клубот, но оние жедните за трофеи треба да бидат моторот на тимот. Еден таков играч на грб не однесе лани до шампионската титула РОБИН ВАН ПЕРСИ. И да не беше тој ништо немаше да освоиме.
Среќен сум што Мојс не потпаѓа под притисокот и не се расфрла со трансфери. Знае како треба да го изгради тимот. Знае дека потребно е време и нерви. За жал не сите го гледаат тоа. Сер Алекс го гледа. Се надевам и бордот. (А исто се надевам и дека не грешам дека знае што прави
)
И нема да ми биде чудно да прокоцкаме и уште една сезона без трофеј, но затоа следните да се повампириме. Затоа што имаме млади играчи кои за некоја година можат да бидат тој мотор. Јанузај, Пауел, Џонс, Лингард, Кинови, Переира, затоа и за Дели кукам да се врати.
Трансфер ќе се направи. Не се сомневам во тоа. Ќе пристигне вистинскиот играч. Можеби ќе купиме еден и вие пак ќе пцуете се живо и диво, но тој ќе биде вистинскиот. До душа нема да биде тоа еден играч затоа што ни треба засилување на неколку позиции. Важно е дека можеме да обезбедиме континуитет и квалитет на тимот неколку сезони по ред. И мислам дека тоа ќе биде тим за паметење.
Му треба време на Манчестер Јунајтед. Не сме ние инстант тим.
Горди сме на традицијата? Горди сме на она што е Манчестер Јунајтед? Горди сме на Базби, на светото тројство, на издигањето од пепелта после трагедијата? Горди сме на Ферги ерата? Горди сме што сме најтрофеен клуб?
Е за да ја одбраниме гордоста на традицијата ќе бидеме трпеливи и ќе го правиме она што отсекогаш сме го правеле. Ќе веруваме.
Да сакав подобро од ова не можев да склопам искрено, се е тука, се гледа дека го разбираш Манчестер Јунајтед а тоа се гледа и по размислувањето за трансферите и по делот за младинскиот тим.
Манчестер Јунајтед никогаш не бил клуб во кој се размислувало само за успех на краток план или само за наредните месец дена, секогаш се размислувало за во иднина за неколку месеци па и години понатаму.
Формулата до успехот е во една од најдобрите младински школи во светот ако не и најдобрта со луѓе кои знаат да развијат млади добри играчи и паметни потези на трансфер пазарот.
Јас сум убеден дека многу поразлично ќе беше се досега доколку Мојс го имаше целиот тим на располагање без голем број на повреди. Ваква ситуација со повреди немало подолг период во нашиот тим и не ги обвинувам тренерите искрено, зошто имаше повреди кои се случуваа на теренот повеќе него надвор од него со што нема тука каде да се бара вината кај тренерите.
Од сите мечеви кои ги одигравме против тимовите кои се до 10 - та позиција мислам само на три ги имавме Робин и Вејн заедно, тоа беше против Челзи на Олд Трафорд, Арсенал и Саутемптон на Олд Трафорд. На сите останатите натпревари игравме без нив. Замислете во ваква позиција да беа другите тимови, мислите дека немаше да им се случува вакво нешто? Пример Арсенал да играше без Ремзи и Озил, Манчестер Сити без Јаја Туре и Компани, Челзи без Азар и Оскар, Ливерпул без Суарез и Џерард/Стариџ, Евертон без Лукаку и Бејнс.
И доста со критиките за Евра, сезонава со Де Геа се играчите кои одиграле најголем број на натпревари. Нема сила тој да одигра 70 натпревари во низа и не може да одигра дефинитивно. Затоа цело време се преговара за Коентрао, но на Реал не му се брза бидејќи не се покриени а пак не сакаат да го дадат бидејќи немаат замена и ако не најдат нема да си оди Коентрао.
Вчера сам тренирал одвоен од групата, така да не е ни до Манчестер Јунајтед ни до Коентрао, до Реал е, додека нема замена нема трансфер.
За вчера треба да се пофали Рафаел бидејќи го додаде Азар во неговата колекција на добро чувани играчи. Исто така вчера голема работа ќе ни завршеше Фелаини и едвај чекам да се врати на теренот и да ги имаме бар тие малку играчи од средината.
Рафаел ми е еден од омилените играчи и на лето нека почнат преговори за нов договор, му истекува во 2016 - та. Само тој самиот знае како издржува со тоа што не го викаат за репрезентација а Маикон уште игра, еден од најдобрите десни бекови во светот а во Бразил само Алвеш е подобар од него.
Ни недостасува уште некој во тимот ко Рафаел, Видиќ, Џонс па и ван Перси со таков став за фудбал и игра. Коентрао е таков ама не е наш играч.
Ако дозволи Ди Еџ да пишам и јас мое мислење за сегашната состојба на Јунајтед (btw добар аватар имаш одбрано

).
Според мене, само Ферги можеше со овие играчи и со не така голем буџет да освојува титули со Јунајтед. Во Јунајтед треба да се направи ремонт на тимот и тоа уште на лето, почнувајќи од Мојс. Можеби некој ќе рече дека има време и такви работи, ама едноставно човекот досега со нити еден потег не убедил нити еден човек дека е правиот за Јунајтед. Според мене тој е уште еден од низата тренери кои можат да бидат добри со екипа од средина на табела, ама немаат доволно карактер, квалитет за да водат врвен клуб. Можеби екипава не е доволно добра за да се бори за титула, ама да биде 7мо место, и во нити еден момент (досега барем) да не е ни близу до 4то место....
Видете што му се случи на Ливерпул, како од светска екипа стана екипа која едвај стигнува да игра ЛШ години наназад. Не велам дека кон тоа оди и Јунајтед, ама не е голема границата меѓу екипа која се бори за титула и за ЛШ...Управата мора да делува брзо, и да донесе правилна одлука, околу целава ситуација во клубов, ситуација со која неморале да се соочуват веќе добри 26 години.
Па баш таа не е формулата за успех, смена не се прави со тоа што би си заминале 15 играчи и би пристигнале уште толку нови плус смена на менаџерот. Тоа би не дотепало максимално, добро е се досега и се случува полека како на пример тоа што Андерсон си замина некои играчи се на позајмица и се очекуваат да се вратат се преговара за нови договори и слично. Тоа ти што го објасни е почеток од 0 што дефинитивно не му треба на Јунајтед.