Завршив на факсов пред повеќе години. Ја почитувам струката, интересна е, ако си снаодлив може и да е профитабилна... Точно е дека се учи многу. Точно е дека има неколку професори што маста ја вадат и те прават будала во лице. Но точно е и дека ако седнеш да учиш - ќе дипломираш на време и со добар просек. Генерално имав многу високи оцени, но од таму излегов како сосема друга личност. Ведрата, насмеана, позитивна јас се загуби некаде по тие ходници и не се врати повеќе. Тогаш се запрашав - дали вредеше? Засега не можам да кажам дека да. Можеби беше моја грешка, пошто имав други очекувања, но искрено доколку би ги добила тие години назад, никогаш повторно не би се запишала таму. Затоа, живејте си го животот, студирајте со нормално темпо, паднете некој испит, ништо не е страшно...