Градежен факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Viki Cheda
  • Време на започнување Време на започнување
Аха.. А тие што се условите: нели да ги имаш положено сите испити од прва и втора и да имаш 8 просек вие ги имавте исполнето или?

Тогаш мислам не беа баш такви условите, но сепак ми дозволија да се префрлам бидејќи исполнував тоа што требаше.... нели? :D
 
Знае ли некој како оди презапишувањето на предмети (за државна/приватна квота)? Како се плаќа по колку?
 
Знае ли некој како оди презапишувањето на предмети (за државна/приватна квота)? Како се плаќа по колку?

Исто е за сите. Плаќаш 10 евра тука имаш се http://www.gf.ukim.edu.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=580&Itemid=23
Плус на огласна во ходникот имаш примери од уплатници за се
 
вреди да се прочита :)
1459897_10202782287104246_1191688385_n.jpg
 
Да не знае некој професор за приватни часови по Основи на хидротехника?
 
Ќе може некој да ми објасни подетално кои теми се изучуваат во Математика 2 и во Нумерички методи ?
 
Ќе може некој да ми објасни подетално кои теми се изучуваат во Математика 2 и во Нумерички методи ?

Математика 2 : Функции од две независни променливи
Двојни и тројни интеграли
Криволониски и површински интеграли
Редови
Дифернцијални равенки
Матрици
.....
За нумерички методи не знам, знам само за матрици но предметот е сто пати полесен од математика 2.
 
Па затоа и се мислам, бидејќи во втор семестар ќе имам јакост,флуиди,геодезија,кинематика и динамика...ќе биде пекол ако се одбере и математика 2, но знам дека треба да се помине предметот бидејќи е услов за некои предмети од 2 циклус на студии(постдипломските)...
 
Не ги знам условите, но за да се положи математика 2 треба многу вежбање а и најверојатно приватни часови.. Потешко е од математика 1.. Ако мислиш дека ќе можеш да ја положиш одбери го тој предмет... Зависи и кој асистент ќе биде за математика 2 па може ќе можеш да сфатиш и од вежби.
 
Завршив на факсов пред повеќе години. Ја почитувам струката, интересна е, ако си снаодлив може и да е профитабилна... Точно е дека се учи многу. Точно е дека има неколку професори што маста ја вадат и те прават будала во лице. Но точно е и дека ако седнеш да учиш - ќе дипломираш на време и со добар просек. Генерално имав многу високи оцени, но од таму излегов како сосема друга личност. Ведрата, насмеана, позитивна јас се загуби некаде по тие ходници и не се врати повеќе. Тогаш се запрашав - дали вредеше? Засега не можам да кажам дека да. Можеби беше моја грешка, пошто имав други очекувања, но искрено доколку би ги добила тие години назад, никогаш повторно не би се запишала таму. Затоа, живејте си го животот, студирајте со нормално темпо, паднете некој испит, ништо не е страшно...
 
Може ли некој што студира на Градежен да ми ја објасни конструктивната насока што и како се изчува, дали е лесно и колку години трае овој факултет, и секако ако некој имам завршено на овој факултет дали лесно најде работа, секако на струката )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom