The Wolf of Wall Street е добар, ама не доволно добар за сите да кубат коси од возбуда и да мењаат кавери на фејсбук. Not my cup of tea.
Го немам гледано уште, ама зошто по кавери гледаш за некој филм.
Мафијашиве имаат кавери од Тони Монтана, тепачине од Рамбо, "господата" од Вито Корлеоне. Летоска тренд беше да ти биде изгледан Now You See Me (и мораше да ти се свиѓа), претходно секој втор имаше кавер од Project X па мислам дека и награда требаше да му се даде на тој за најрецензираниот филм за таа година на Кајгана, 2012 ваљда беше.
Ама дека имаат огромни промашувања со номинацииве имаат. Се тераат само едни исти филмови и тоа филмови што се излезени во последниве 2-3 месеца, тие претходно што правеле кој ги шиша, чим не се од Октомври па наваму џабе им е, не вредат.
Хју Џекман растури во Prisoners, човекот ми влезе во топ 5 актери мене лично, ама настрана тоа мораше да има номинација барем за него. Редфорд од тоа што го читам цел филм сам го носел, исто и Феникс.
За Мерил Стрип па да не почнам да зборувам, дај еден експеримент, нека и дадат дрво да глуми, абе гарант ќе фати номинација некако и за тоа.
Кој спомна претходно за Хобитот...океј, јасно ни е на сите дека прават пари и се тоа, ама сериозно можеа да го номинираат за шминки, костимографии и такви работи.
Кога ќе ми текне дека пред две години за шминка дадоа на The Iron Lady, а го прескокнаа Хари Потер...(и да ова е една од најретардираните категории)
После анимирани. Шо мајка бара Despicable Me 2 тука? На стара слава ќе го тераат. Оти реално двојкава беше 2-3 класи минимум послав од кецот, ништо интересно немаше, ниту еден момент за паметење, во споредба со кецот. The Croods добар ќе помине за номинација, од Frozen очекувам многу, абе кој сака нека земе само Despicable Me 2 да не биде тоа.