Според мене, од тоа ја што сум пробал, најдобри се вежбите за стомачни од програмите P90 и P90X.
Kaj стомачните од П90, се работи за 10 различни вежби (не можам да најдам видео на YouTube) од кои се прават 10 (во првите 6 недели од програмата) или 20 повторувања (во вторите 6 недели). Ова е три пати неделно, значи секој втор ден, на крајот од кардио тренингот.
Ако ви се лесни тие, правете ги овие од P90X.
Додека вежбав P90, ги правев без проблем тие 200, па затоа ги заменив со AbRipper X. Резултати имаше, стомачните ми беа камен, ама не се гледаа од салото врз нив.
Затоа, ако сакате да ви се познаваат стомачните, покрај овие вежби што ги спомнав погоре, обавезно повише кардио и што е уште побитно правилна исхрана!