Facebook vs Google+ vs Twitter

Член од
25 јуни 2013
Мислења
594
Поени од реакции
251
Има и опција да го ставиш во мирување. А ако сакаш можеш и цела дата да ја симнеш ZIP. Ќе се изненадиш што информации се чува... Кога симнав ми даде колку пати сум го избришаш, реактивирал, пријатели што сум избришал, од каде сё сум се логирал итн..

каде тоа? каде да симнам

Има спасение и од тоа. Порано се идеше на тоа да се аднат што повеќе луѓе, сега секој брише што повеќе. :D Се што не требаше во еден ден прелистав и тргнав, избришав и роднини, некој во ограничени шо ќе се најдат и така.

Иако може пак да избришам... :coffee:
имаш право за ова порано додадав се повеке и повеке а сега видам ли некого на хоум што не го познавам одма бришам за џабе само ми сметат да не можам да видам од некој што го познавам што објавил
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Каков фејзбук, твитери, гугл плусој минуси какви бутури, ништо од овие им се мочам натре во нив.
Само кајганчево и скајп нишчо друго, ајт тамо.
Да ни е жива и здрава кајганава незнам шо би праел без нејзе :D
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ги користам и трите. Фејсбук најмалку бидејќи ми е најантипатичен и најдосаден но морам да го имам поради контакт со блиските што се во странство, само Фејсбук знаат да користат. Твитер во последно време ептен ретко го користам бидејќи се појавија некои многу "јаки фаци" кои го упропастија тајмлајнот. Google+ најмногу го користам за читање на новости од странските медиуми и личности бидејќи ми е најлесно таму да ги најдам а и некако наједноставен ми е за користење.
 
H

HoT IcE

Гостин
Фејсот има заслужен хејт, не викам не, ама некој да ми каже дека користи повеќе myspace, twitter или што ти знам наспрема фејсбук, знам дека лаже. Како прво во Македонија, сите се на фејсбук, твитер поретко, а другиве уште поретко. На myspace и таквите се само официјалните профили на познати личности менаџирани од лица задужени за нивен маркетинг и најголеми хипстери.
Јас лично фејсбук го користам за бидам во контакт со луѓе, да запознавам луѓе и има навистина интересни групи и страници кои нудат навистина квалитетни информации. Моментално ниедна мрежа неможе да го замени фејсот како главна социјална мрежа, затоа што знам како да го користам, и знам што да читам а што да блокирам.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.091
Fejs, zsh na drugive samo pederi,narkomani i ne prifateni od opstestvovo sedet.
Fejs, zsh mojs so drugarcinjata da si jajs lajna a da ne e povrzano so politika,spomenici i za parickata so mu padnala na grujo.
Fejs, zsh razbervis koga polagas, kade, koja materija da ja ucis i koi prasanja pagjaat na faks.
Fejs, zsh e poiskulirano.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.521
Поени од реакции
114.674

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Фејсбук активирам од време на време......од моја генерација или се испомажија, издеформираа, испоздебелија, па го тупат со слики од бебиња (тие што се удати) или со all the single ladies (тие што не се удати) :facepalm:....некои роднини ќе те аднат со кои и не ти се контактира баш....политички тупаџии, филозофи еден куп...
Твитер никогаш не сум имал и немам намера да имам. Самата идеја нешто кратко да се каже, значи дека тој што као треба да го прочита тоа не треба да се замара - што би рекло површно и глупо.....поготово што двојкаши најголеми мислители станаа у животов...
Гогл + си стаам фотографии од некои групни собиранки или од некое патување, шетање - само најблиски ми се френдови чисто за преглед без многу коментари и досаѓања + пикасата е добра за едитирање и ослободен си од она „дај ми ги сликите на усб“ - чиста работа....
Во последно време фликр и инстаграм ми се најдобри - се' е базирано на фотографија, нема спамирање (или ретко нешто) - добро, има залутани идиоти со слики од девојки/дечковци, ама или ги одје*уваш или сами ќе си сфатат дека ова не е место за такво дрвење....
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Фејсот има заслужен хејт, не викам не, ама некој да ми каже дека користи повеќе myspace, twitter или што ти знам наспрема фејсбук, знам дека лаже. Како прво во Македонија, сите се на фејсбук, твитер поретко, а другиве уште поретко. На myspace и таквите се само официјалните профили на познати личности менаџирани од лица задужени за нивен маркетинг и најголеми хипстери.
Јас лично фејсбук го користам за бидам во контакт со луѓе, да запознавам луѓе и има навистина интересни групи и страници кои нудат навистина квалитетни информации. Моментално ниедна мрежа неможе да го замени фејсот како главна социјална мрежа, затоа што знам како да го користам, и знам што да читам а што да блокирам.
:facepalm:
Е, ако некој ви каже вакво нешто како во болдот, да знаете дека лаже.
Не разбирам од каде ова дека се се врти околу фејсбук. А пак уште повеќе не разбирам како некои луѓе не сфаќаат дека не сите го користат фејсбук како #1 мрежа како некои што ги има што освен фејсбук точка ком друга страна не знаат дека постои на интернетот.
Јас користам Твитер многу повеќе од фејсбук и не лажам. Да не постирам сега скриншути кои апликации ми се најкористени, фејсбук не е ни близу до нив, и не гледам ништо чудно или лажно во тоа.
Ова исто кога ќе слушнам некој како вели дека на Гугл+ никој немало. Па нормално дека баба ти и стрина ти нема да ги има на Гугл+. И патем, Г+ го користам за да добивам навистина квалитетни информации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom