Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
ај прочитај го она во заградите,реков да не се фаќате за цените онака као пример ги ставив.
За другово прашај ги оние пред мене што бараат поголеми плати.има многу услови од кои зависат странските инвестиции.не е само платата,си има многу фактори кои играат улога каде да се инвестира.
А коа веќе спомна кинези ондак изгледа грешиш,кај кинезите платата е секаде различна и у глобала е слична со нашите плати.види си на википедиа.
Ги стави за пример,но освен автобусот и цените по кафаните и кафичите се друго е скоро исто за живот во Скопје и во некој помал град.Да не беше така немаше сите што дојдоа од помалите места да остануваат во Скопје и покрај кириите што треба да ги плаќаат.

Тоа е минималецот, а не значи дека секој работи за тој минималец.
Кај нас во странските фирми кои отвориле погони овде повеќето работат за минималец или нешто ситно над тој минималец.
Ти викам во Кина не е веќе ефтината работна снага главен адут.Брзината на производство и огромниот домашен пазар кој има страшен раст, сигурноста на инвестицијата итн... се тоа е веќе побитно од тоа дали ќе му се даде на работникот 250 или 300 евра.
 
Значи ако ја зимам 1000евра плата,јадам ќебапи и кавијар секој ден,тебе со 7000денари плата ќе ти биде добро?и за моите ќебапи ке вработат дополнително тројца за да ги напраат на време де;)
Поголема глупост немам прочитано.секаде кај што би трошеле пари веќе има вработени,така да не гледам како би се отвориле нови работни места.Новите работни места се отвараат кога се отвараат фирми и фабрики како дрекслмајер.
А за твое инфо тие што моментално зимаат големи плати у мк,истите ги трошат надвор од мк.
Статистикава ти е уште поголема глупост....‘едно мене,едно тебе‘ и на крај сите по 20% рамномерно поделени.
Глупост е затоа што размислуваш само за себе и од твоја гледна точка. Кога 100.000 вработени би земале по 1к евра плата, а просечна би била 400Е со моменталните цени, трговските центри би биле полни со народ, не би се продавале по 2 илјади возила годишно, ќе се отворат повеќе кафани и слични угостителски објекти, затоа што луѓето имаат пари за трошење или со еден збор парите прават пари. Кај нас е обратна ситуација, кај нас има директори што земаат 80.000 Е плата, а најдобро платениот работник му е 800Е и 60% од населението зема од 200 до 400Е плата и како некој од страна да инвестира кога прво, сме мал пазар, а второ и тој мал пазар нема пари.
Јас незнам зошто и се отвараат толку трговски центри кога најголем ланец на продавници е се издавам
 
арем стварно мислите дека ефтината работна сила е главен услов за некој да дојде да инвестира ? Мислиш дека платите им се најголема ставка во трошоците ?Ние сме поефтини од кинезите и тоа скоро дупло,па пак речиси никој не доаѓа да инвестира во Македонија.Нашите работници кога би ги исклучиле децата робови што работат за 1 долар дневно и лепат фудбалски топки нашите работници се меѓу најефтините во светот.
Како може Хрватска каде минималецот е нешто под 400 евра (395 мислам) да има неколку пати повеќе странски инвестиции од Македонија ?
Ти разбираш ли дека сеуште постојат луѓе во Европа што не слушнале за Македонија. На школо учеле географија пред 1991 година.
 
Ти разбираш ли дека сеуште постојат луѓе во Европа што не слушнале за Македонија. На школо учеле географија пред 1991 година.

И тие ги водат компаниите што имаат капацитети да инвестираат во странски погони....хау јес но.
 
Не си прајте бајрам 9 илјадарки зима пријател имам со средно индустриско е пикнат врска немат со работата шо ја вршат 90 посто.....
 
Глупост е затоа што размислуваш само за себе и од твоја гледна точка. Кога 100.000 вработени би земале по 1к евра плата, а просечна би била 400Е со моменталните цени, трговските центри би биле полни со народ, не би се продавале по 2 илјади возила годишно, ќе се отворат повеќе кафани и слични угостителски објекти, затоа што луѓето имаат пари за трошење или со еден збор парите прават пари. Кај нас е обратна ситуација, кај нас има директори што земаат 80.000 Е плата, а најдобро платениот работник му е 800Е и 60% од населението зема од 200 до 400Е плата и како некој од страна да инвестира кога прво, сме мал пазар, а второ и тој мал пазар нема пари.
Јас незнам зошто и се отвараат толку трговски центри кога најголем ланец на продавници е се издавам

За да се земаат плати од 1к евра треба да се створи прво тој капитал.Треба БДП по глава да порасне барем тродупло,да се створат производи и добра кои коштаат..да се створи економија.Многу поголем капитал да се врти во земјава.Од кај сега да исплати еден работодавач толкава плата,кога и он самиот за себе не вади толку профит,зборот ми е за помалите работодавачи.Треба голем обрт на капитал во економијата за да пораснат убаво платите,стабилна економија,сива економија на минимум.
 
Овие исто како Џонсон Контролс во Штип, јас мислев дека се посериозни.
Ги собрале сите со средно обрзование и лесно се напредува нормално немаат конкуренција од некој со диплома.

Дали и тука не вработуваат луѓе со факултет, затоа што во Џонсон Контролс не ги сакаат и бегаат од нив како ѓавол од крст. :D

Тие дипломите в газ да си ги напикате и сите вие вечни студенти што студирате по 6-7 години и повеќе за да добиете една диплома и да Ви биди оправдание за тоа дека нема работа, ова она. Не!

Има работа, само вие не сакате да работите. Јас во летото дури одев во ладилници за печурки и пиперки, скоро 1/3 имаше место за работење. Потребно беше само да се јавиш на телефонскиот број и да ти кажат која смена да одиш.

И да, луѓе се и тие што одбрале некој занает наместо да се чукаат во гради и да учат нешто што не можат или пак... немале услови, пред се финансии.
 
Да ви кажам ја нешто за фабрикава како локалец. Јас бев голем скептик во врска со целава работа но сега го сменив мислењето, а зошто? Е па да, точно е дека зимаат помеѓу 9-12.000 денари, некои на малце повисоки позиции земаат и 18-20.000, но за разлика од еден куп други експлоататорски фабрики и маркети овде барем имаат: дневна пауза, платени работни викенди, бесплатен превоз од работа и дома и храна (овие две работи не сте свесни колку пари заштедуваат во семејниот буџет), многу почовечки однос за разлика од на пр. ИГМ или пак некои маркети на локални опнати газдиња, се на се далеку подобри услови за работи од на што кавадарчани и општо македонците беа навикнати.

Плус, се вработија огормен број луѓе и уште ќе се вработуваат, голема е разликата да се земаат макар и по 9.000 месечно одошто по цел ден да се шлаат по чаршијата и да пијат кафиња во Рома или Блу, ( на џебот на родителите нормално).

Така да позитивни работи има, ако ништо друго на млади штотоку завршени ќе им биде прво работно искуство и заработени пари, а после тоа ако најдат подобри можности на други места никој нема да ги држе сосила во фабриката, но сега барем еден куп мои врсници (оти пред се во фабриката се вработуваат млади) имаат колку толку нешто да прават во животот, да не бидат бескорисна маса која тежи на општеството и на нивните семејства.
 
правите муабет за работниците, а колку земаат раководителите ... дали и кои земаат, да речеме, над 700 ЕУР?
 
Немам ништо против ваквите фабрики вработија многу млади, редовно даваат плата, платени им се празниците, храна, превоз, а мислиш дека сите што ќе се пријават ги вработуваат?

Ете јас лично го прашав најглавниот во фабриката за една моја братучетка која 5 пати праќала cv. Ми кажа жал ми е ама не можеме да ја вработиме затоа што има диплома а ние сакаме со средно обрзование. На огласот им пишуваше дека бараат со факултет.
Што е финтата со ваквата дискриминација? Ако некој има факултет не значи дека во оваа немаштија не сака да работи таму. Е сега секој што ја гледа низ град си мисли дека она воопшто не бара работа и си ужива.
 
правите муабет за работниците, а колку земаат раководителите ... дали и кои земаат, да речеме, над 700 ЕУР?

Раководител зема 20.000 денари, збориме за шеф на една линија, тоа ти е група околу 40 луѓе, тие над неа земаат 10.000 денари плус од неа, шеф на оддел зема 1000 евра, и така.

Луѓе со факултет не вработуваат, тоа е точно, башка треба да го плати плус пари, бидејќи има завршено факултет, башка на тој со факултет ќе му е шеф некој со осмо одд. на пример, и ништо чудно да му ја земи работата.
 
Да ги тргнеме настрана оние што зеле дипломи, а исто ко да не зеле (бидејќи нели купување дипломи, неучење, врска немање и слично) и среднистите, оние другите кои што со мака зеле факултет сигурно не би сакале да работаат за мали пати, на крај краева за што учеле факултет? Не ми е поентата да деградирам било кој, но сигурен сум дека со тек на време, сите би посакале поголеми плати, не?

И да, ако вработуваат дипломирани луѓе, истите треба да бидат платени повеќе. Барем на хартија.

Впрочем, овие фабрики се она исто што биле на времето големите капацитети низ Југославија - среднисти како работна сила...во САД истите ги викаат the average Joe & Јаne.

Кај нас тој average e 200 eвра. Ама некој погоре спомна дека 60-70% од Македонија ја зема оваа плата (и помала од тоа) со што не би рекол дека Македонија е average. Банките си знаат колку кредити имаат дадено на населението.
 
Раководител зема 20.000 денари, збориме за шеф на една линија, тоа ти е група околу 40 луѓе, тие над неа земаат 10.000 денари плус од неа, шеф на оддел зема 1000 евра, и така.

Луѓе со факултет не вработуваат, тоа е точно, башка треба да го плати плус пари, бидејќи има завршено факултет, башка на тој со факултет ќе му е шеф некој со осмо одд. на пример, и ништо чудно да му ја земи работата.
Од каде ти се овие бројки?
 
Немам ништо против ваквите фабрики вработија многу млади, редовно даваат плата, платени им се празниците, храна, превоз, а мислиш дека сите што ќе се пријават ги вработуваат?

Ете јас лично го прашав најглавниот во фабриката за една моја братучетка која 5 пати праќала cv. Ми кажа жал ми е ама не можеме да ја вработиме затоа што има диплома а ние сакаме со средно обрзование. На огласот им пишуваше дека бараат со факултет.
Што е финтата со ваквата дискриминација? Ако некој има факултет не значи дека во оваа немаштија не сака да работи таму. Е сега секој што ја гледа низ град си мисли дека она воопшто не бара работа и си ужива.
Еве и јас ќе потврдам за ова. Можеби и преку 10 пати имам аплицирано, за позиција во ИТ секторот. Секој оглас што е објавен за ваква позиција не сум го испуштил. И добивам само auto-reply порака.
Според она што имам знаење/познавање мислам дека е повеќе од доволно/потребно, но сепак не е доволно доколку не познаваш некој(врски).
За позиција повисока од општ работник ти требаат врски, инаку џабе ти е факултет и искуство.
Криво ти е нормално кога ќе вработат некој кој што нема поима од основа за таа позиција (пр. ИТ Администратор а нема поима од ТСР/IP, DNS, сервери, мрежи...).

Сестра ми со економски факултет(моментално на магистерски), иста ситуација.

Имам аплицирано и на пониски позиции, чисто да видам дали ќе ми се јават за тестирање/разговор но и за тие нема одговор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom