Како може во слични фирми т.е странски инвестиции во скопје минималецот да биде 300Е а во кавадарци 130Е?
Нема пазар на трудот тие плати се однапред договорени на највисоко ниво
Како може лебот у кавадарци да е 17денари а у скопје 30(ценава е пример не се фаќај за бројките),како може у скопје да плаќаш карта за бус а у кавадарци да идеш пешки кај што сакаш итн итн
у секој поголем град секаде во светот платите се поголеми од помалите градови,али и трошковите за живот се поголеми.
Знаеш зошто се зимаат 7-9 илјади во Велес?
Затоа што има будали што викаат Да за таа сума. Велес е познат по франкфурската мафија, баш заради тоа што не се сите будали. Зошто би се малтретирал он за тие пари, кога може да ги заработи дилајќи му дрога на синот на некој од тие газдите и да ги извади полесно.
А башка зошто и луѓето седат и живеат во градовите, а селата се запутени ?
Јас знам постари луѓе за време на големата инфлација кога пензијата не стигнуваше си живееја на село и поминуваат со 2000 денари.
Се е во начинот на размислување, некој им е страв (и за тоа се тепаат да работат во вакви фирми), некој не им е толку страв и си бегаат од државата.
У право си само за едно,за начинот на размислување.додека ти размислуваш како да ги трошиш парите од мама и тато,луѓето во помалите градови размислуваат како да прехранат фамилија со една плата од 7000денари,како да подмират сметки на време за да не ги исклучат од струја,вода.
Не се тепаат да работат во такви фирми,но кога нема подобро мора и тоа.некои немаат можност да почнат нов живот во поголем град или пак во странство.очигледно немаш појма колку пари требаат за една фамилија да иде во странство,па вака сеа само тропаш глупости.
--- надополнето: 11 јануари 2014 во 15:02 ---
Да идат за ефтина работна сила ама ако кај нив просечен личен доход е 2000евра тогаш за нив ефтина работна сила е и плата од 350евра,а ги има такви низ Македонија и сигурно дека една Дрекслермаер нема да пропадне ако платаа и кај нив е 350евра.Ако сака да има подобрување на стандардот во земјава владата секоја странска инвестиција ќе ја условува со минимална плата во износ од просечниот личен доход со самото тоа ќе се качува стандардот и на останатите.Поентата мие не само намалување на вработеноста по било која цена ако вработените во тие фирми пак мизерно живеат и трпат за леб.Ако си ти вработен во таа фирма со 9000 плата и 4 члено семејство дома ќе видам дали ќе ти биде важно нешто да се работи или пак ќе се пишеш бугарин и ќе фатиш патот далеку од земја во која влчадата се грижи на овој начин за своите граѓани.
П.С. Барем владата нека не труби насекаде дека еве донела капитална инвестиција која кошта 100тина милиони евра во која платата е македонски минималец
Дали знаеш колку земји има во светот каде што може да се најде евтина работна сила?ако не било кај нас,ке биде на друго место.ако им стаеш услов да ти даваат 400евра плата,ќе ти речат фала пријатно ќе си правиме фабрика на друго место.
Не се ослонувајте многу на тој просечен личен доход.кај нас у мк просекот е дигнат од платите на парламентарци,јавна администрација,полиција и по некоја приватна фирма низ скопје кои даваат убави плати.сите останати фирми плакјаат едвај по 150-200евра,поготово у помалите градови.
Ако у кавадарци у фирма каде примаат секаков кадар(осмо,средно,средно со 3 години) даваат плата 350евра,ондак сите веќе вработени на други места што зимаат мали плати ке идат да аплицираат ваму за 350евра.и со тоа ќе настане општ хаос.
За да може да се регулира платата од странските фирми,прво треба да се регулираат платите од домашните фирми.