Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.062
Поени од реакции
37.450
http://www.imdb.com/title/tt0123755/

Овој е таков, но ова е добар филм. Прав mind-fu*k. :)
Не би рекол, ова е типична морбидна - трилер хорор мистерија. Убаво е опишан и е ремек дело, многу потценет филм.
Се сложувам и со двајцата. Според мене - најдобриот од "one room" филмовите. После него се појавија еден куп слични, ама никој не му беше достоен. Имаше и sequel - Hypercube, ако го немате гледано, имате препорака од мене.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Се сложувам и со двајцата. Според мене - најдобриот од "one room" филмовите. После него се појавија еден куп слични, ама никој не му беше достоен. Имаше и sequel - Hypercube, ако го немате гледано, имате препорака од мене.

Yep, гледан :)

Иначе, сите овие филмови од овој тип се со идеја од TZ, све е украдено и копирано како идеја од таа серија, мајка на сите филмови - серии :cool:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.062
Поени од реакции
37.450
Yep, гледан :)

Иначе, сите овие филмови од овој тип се со идеја од TZ, све е украдено и копирано како идеја од таа серија, мајка на сите филмови - серии :cool:
Претпоставувам, иако не сум седнал да ја гледам уште. Сега прочитав дека не само sequel-от, туку дека и prequel бил снимен - Cube Zero. Не сум го гледал овој уште, треба да седнам да го ѕирнам.

Инаку, пред извесно време на HBO-OD имаше еден филм за кој очигледно беше дека идејата е преземена од Cube-овите: True Love или Y/N: You Lie, You Die. Млад брачен пар е затворен во две различни соби само ден по нивната свадба. И двајцата се приморани да гледаат клипчиња на кои е снимен партнерот, и притоа да одговараат на прашања за нивниот живот, чии одговори можат да доведат и до нивна смрт. Го изгледав филмот, не е ништо посебно, дури и по оценката на IMDB се познава, ама само заради концептот, мислам дека не е на одмет да се погледне.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Јас Frozen го симнав од тој торентот и стварно е катастрофа таква анимација да се гледа на скринер, ќе чекам март ако треба, сакам да го изгледам како што си е редот :)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.666
Поени од реакции
8.721
Ако сакате филм сличен како Lone Survivor тогаш изглеајте го Behind Enemy Lines 2001 со Owen Wilson, иако звучи смешно што главен лик е Wilson ама филмчето вреди, плус има јаки сцени снимени во Босна. :icon_lol:
И сличен на овие погоре е Enemy at the Gates 2001 , исто воен само шо сега случката е за време на втората светска војна, спасувањето на Сталинград. Може гледан ми е сто пати ама не го изгубил шмекот, кога и да го гледам интересен ми е и возбудлив. (y)

Секоја година си ги вртам вие два филма, не знам оти... :love:

Edit: Кој е расположен за филмче од 2014та еве, како ли успеаа волку брзо.
Back In The Day 2014 HDRiP XViD-FiRE
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Before the Devil Knows You Are Dead, Прекрасна криминална мелодрама што ме допре емотивно.
Се работи за двајца брака, едниот солидно финансиски ситуиран другиот со финансиски проблеми, но поради нагон да направат брзи пари поради посебни причини ке се решат да ограбат златара и тоа не било која златара туку златарата на нивните родители.
Интересно нараторство има филмот што не води од еден карактер на друг во ист временски период, пред грабежот и послем.
8/10
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
филм за иднината некој предложете, крајот на светот такво нешто
 

Kajgana Shop

На врв Bottom