Не ми е гледан, но овој тип на филмови ги мразам повеќе од све. Значи напишале хорор, а нема врска со хорор - не е страшен, нема длабочина, нема ни приказна, напишале комедија, а тоа драма? онака микс од повеќе стилови, а сепак ниеден не се истакнува! нити предизвикува некаква емоција (тоа за мене е најбитно мора да има ефект на мене кога гледам)
Недефинирани филмови ги викам овие, ептен се занигде.
Овој на IMDB го оквалификувале како драма/мистерија/трилер. Драма, ај, ОК, можам и да поминам преку тоа. Ама дека е мистерија или трилер - мало морген. Попредвидлив - амин. Не велам дека не чинеше се во филмот, ама стварно ми предизвика гадење (а не емоции), што ме спречува да размислувам за позитивните елементи во него. Од мене препорака - ич да не се мачиш да го гледаш.
То па то, во круг сеисти муабети. Кај си го трошам времето на веќе видено.
