WTA тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Кај мажите можат да му ја дадат титилата на Новак уште непочнат турнирот. Одамна не сум бил толку сигурен дека некој играч ќе освои титула на Гренд Слем. Кај жените Серена е огромен фаворит, но има неколку тенисерки кои можат да изненадат, Квитова пред сите.

Пак ќе треба пијачки да даваш еј. :D Јас мислам дека и Надал има големи шанси, одлично изигра во Доха. Кај жениве нормално Серена е најголем фаворит, ама на спориов бетон може да го јаде од Вика и од некои други доколку не и е денот...
 
Леле, Надал во Доха играше потпросечно. Висеше во неколку мечеви, ако игра така во Мелбурн нема да го види финалето.

За пијачките, зошто ми е мене останато во сеќавње дека ти ми должиш пијачки?

:P
 
За муабетот за Квитова, гарант и дошло сношти и затоа и се нема играно... Како многупати кај жениве... Играат без емоции и се влечат по терен. Со Сафарова на секој ебан поен што го зеде се бодреше како луда како да игра финале на грен слем.
Инаку за кај мажите, ако Надал изигра на ниво на Ју Ес Опен и не знам дали треба да му ја дадат титулата на Ноле уште непочнати. Тука треба да се има и во предвид Дел Потро во која половина ќе биде бидејќи ако изигра како што знае може и двајцата да ги нашамари.
 
Леле, Надал во Доха играше потпросечно. Висеше во неколку мечеви, ако игра така во Мелбурн нема да го види финалето.

За пијачките, зошто ми е мене останато во сеќавње дека ти ми должиш пијачки?

:P

1-1 сме у пијачки, ти ми должиш за Серена со Сабине, јас за Рафа со Делпо у Шангај ако не се лажам. Иначе, го гледав против Монфилс и Гулбис, ми делуваше доста добро, нормално не е тоа неговиот максимум ама ударите му се тука, не е како во завршницата од прошлата сезона, да се мачи да префрлува форхенд, а бекхендот едвај да му завршува во мрежата. Ако сакаш уште од сега ќе се кладиме, да не бидеме на нерешено со пијачките. :D

Едит: Мугуруза ја пратиш??? Гази девојчето сега за сега, се надевам нема да ја подречам. Вечер игра со Кабеза, би требало да ја збрише во два сета.
 
Договорено за кладбата, со тоа што ако Новак го освои Ози Опен ти ќе ми должиш една пијачка, а ако Надал победи јас тебе две, затоа што е повисок коефициентот на Рафа, па да биде фер.

Мугуруза имаше многу лоша повреда на стапалото, дури имаше гласини дека нема да се врати на тенисот, супер што вака игра. Немој да се залетуваш против Кабеза Кандела, ја гледав против Веснина, одлично одигра. Точно е дека е земјаш по вокација, но има одличен сервис, посебно вториот и може да и направи проблеми на Мугуруза...
 
Пиронкова!

:vozbud:

Колкава разлика од она што го играше во Софија на крајот од сезоната од ова сега...
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 11:18 ---
Прва титула за Пиронкова во кариеарата.

Браво за Цветето, одлична игра, посебно бекендот е фантастичен.

:)
 
Браво на Цвети!
Сега веке може да почива целата останата година. Или барем до Вимблдон :D
 
Големо браво на Цветето. Посакувам и да не биде единствениот и трофеj ова. Успеси и на другите турнири. Еднозначно голем успех за Цветана.
 
Пиронкова!

:vozbud:

Колкава разлика од она што го играше во Софија на крајот од сезоната од ова сега...
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 11:18 ---
Прва титула за Пиронкова во кариеарата.

Браво за Цветето, одлична игра, посебно бекендот е фантастичен.

:)

Не е случајно ова, Цветето има голем потенцијал, впрочем не за џабе беше 1/2 финалистка на Вимблдон пред неколку години.
Иначе што праи Мугуруза бре? :vozbud: 6-0 6-1, ја тресна од земја Кабеза. Сега со Закопалова, мислам дека има големи Мугуруза за својата прва ВТА титула. Како игра Закопалова на турниров, си ја гледал? Знам дека Стосур не е у форма ама доста убедливо ја тепала вчера...
 
Добро го игра Закопалова турниров, не е онаа истата која на крајот на ланската сезона знаеше да се изгуби и да се отепа од правење на неизнудени грешки. Ја има подобрено играта се гледа, игра доста подолги поени, а не како лани после секој втор - трет удар напаѓаше и често грешеше.

И Мугуруза е во одлична форма, феноменално игра на турниров, мислам дека ќе биде доста интересно финалето.

Инаку браво за Пиронкова, навистина ме изненади. Играше добро цел турнир ама не мислев дека ќе ја совлада Кербер во финалето, како и да е само нека продолжи така.
 
Не е случајно ова, Цветето има голем потенцијал, впрочем не за џабе беше 1/2 финалистка на Вимблдон пред неколку години.
Иначе што праи Мугуруза бре? :vozbud: 6-0 6-1, ја тресна од земја Кабеза. Сега со Закопалова, мислам дека има големи Мугуруза за својата прва ВТА титула. Како игра Закопалова на турниров, си ја гледал? Знам дека Стосур не е у форма ама доста убедливо ја тепала вчера...

Не сум ја гледал Закопалова на овој турнир, иако не ме изненадува резултатот. Таа секој сезона има еден период од годината кога ќе блесне, и потоа никаде ја нема. Страшно талентирана тенисерка, само физичката конституција ја јаде, сервисот и е многу слаб.
 
Не знам дали го гледаше лани мечот против Квитова, мислам дека беше негде во Америка, каде загуби 6-0 6-1. Откако Квитова поведе во првиот сет 3-0/4-0 оваа не знаеше каде тера, се мачеше да го префрли топчето преку мрежата. Инаку и мене ми е доста симпатична Клара али како што рече и ти физичките предиспозиции си го направија своето.

За вечер од квалификацииве за АО, Коњух и Бенчич мислам дека ќе тепаат, и двете ги најавуваат како идни број 1 тенисерки, мислам дека веќе имам зборувано за нив. Бенчич ја исфрли првата носителка во првото коло од квалификациите, лесно во два сета, а и вечер не би требало да има некакви проблеми. Коњух има страшен напаѓачки потенцијал и јас лично неа ја гледам како идна број 1 тенисерка, само да ја заобиколат повредите. После АО оди на оперција на рамото, и ќе паузира 3-5 месеци. Операцијата е превентивна, за да не се искомпликуваат работите во иднина.
 
Мугуруза ќе го одигра својот осми натпревар во Хобарт .Голем замор е тоа ама верувам дека нејзините шанси се многу поголеми од Закопалова.

Досега сите натпревари по 2;0 освен со Викмајер кога предаде на 1:4.И тогаш ќе беа лесни 2-0.Закопалова исто без игубен сет.

Да не грешам душа,бидејќи ја немам гледано Закопалова годинава но Мугуруза има многу силен форхенд/бекхенд а Закопалова знаеме дека сервира доста слабо,па верувам дека на своите сервис гејмови ќе се мачи.

Закопалова и Чибулкова да беа повисоки,ќе беа доста подобри него што се сега но тоа е тоа.
За разлика од нив Мугуруза е доста висока,па има многу подобар преглед и може да одигра поризични удари без да греши секој втор пат како пониските тенисерки.
 
Хлавацкова-лево, Кимико Дате Крум-десно. Погледнете ја Дате Крум на 43 години :eek::eek:
1004095_715944701772827_1542189830_n.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom