Бадников оган/Коледе леде

Еее шо сум праел само ко помал на ова коледе коа ке ми текне :pos:Иначе последен пат бев пред едно 4-5 години , ние сите по 17-18 години тогаш и се запивме добро на огинот што се праи традиционално претходната вечер и ајде на коледе ке идеме од куќа у куќа збираме што збираме едвај се влечеме и стигаме до пред една куќа кај што имаше табла ''Продавам ракија'' и ние охо ова е добитната куќа. Стигаме , тропаме пееме што пееме излага една стара баба и почнува ораси мандарини ова она , и ние не не чекај бабо ние глеаме продаваш ракија дај тури по една па да бегаме , и бабава ни праи поглед кој ви к*рац бре деца , и почна ни носи на сите по една чаша и ние животно ја лупаме на екс и и бараме уште по една , носи уште една ја лупаме и таа и и бараме друга(а пијани и од претходно , јако здрвени) и виде не виде бабава зема едно шише од литро ни напуни го утепавме и тоа и после ми е мутно не се сеќам баш добро :D
 
Вака ве читам, а никој не ги спомна реквизитите без кои Коледе не смее да помине.
Секоја година имав нова шиена торбичка, благодарение на баба ми, во која ги собирав добиените работи. Ако ја наполнам, се враќам дома, ја истурам и продолжувам по нов „улов“. Дедо ми беше задолжен да ни направи стапови со кои што ќе коледуваме. Обично секоја година беа различни, оти ланските најчесто не знаеме кај сме си ги оставиле. Стаповите беа долги скоро колку мене (тогаш) и на нив имаше обавезно некакви детали. Дали беа излепени со изолирбан за да бидат пошарени или сме ги боеле предходно со темперни или биле горени за да имаат некој детал на нив. И кога ќе одиш да коледуваш, додека пееш обавезно тропаш со стапот на земјата.
Се собиравме цело маало, околу 15 деца и повеќе, и кога ќе тргниме една улица, друга, трета, се додека не се измориме од коледување...
Не ни беше целта да собереме пари, ни беше битна дружбата, забавата и кој најгласно ќе испее.
За жал денес децава слабо коледуваат. Одат само во тие домови, каде што ќе ги однесат родителите. Ја нема веќе таа групна забава и дружба за време на Коледе.
 
Јас од ромчињата научив јака тактика за Коледе. Си носиш ранец и кога ќе ти се наполни „малата торбица“, префрлуваш во ранецот и сега имаш празна торба и сите ти ставаат повеќе. Повтори неколку пати и профит.
 
Еве јас сега се договорив со другарите овој пат е сериозно цела населба ја поминуваме
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 15:09 ---
Еве уште една случка
Кај мене има две куќи Б'лгари :D кои се доселиа пред едно 4 години
Тогаш имав 8 години и сите групно бевме околу 10 деца
Сите почнаа да пејат овие не видоа лугето незнаат што да правам и не праша зашто се овде
Сите викаме па Коледе е
И сега што треба да правам јас
Да ни дадете пари слатки костени ореви
овој ни даде суви смокви сите во 50 денари и по 2 мандарини
Сироти луге во пижами излегоа во 6 и 30
Секоја години им одиме :pos:
 
najdobro kolede ednas koga otidov i tolku posle drugata godina slabo pari davat i si vim so za jabuik ima u dvork kaj krume ke skinam ako e za jabuki
 
Случки имам на тој ден многу, но повеќето не се поврзани не се поврзани со Коледе. Всушност, тој ден ми е роденден (утре), па повеќето случки се од мојот роденден. случки се од мојот роденден.
Само еднаш, се сеќавам дека татко ми ме однесе кај децата и јас малку да поиграм. Собрав нешто...
Потоа се вратив и им се фалев на гостите колку „богатство“ сум собрала.:)
пред ратот како беше кој ќе каже...ајде
 
Еднаш за Коледе-леде ми откажа колата на пат и излегов од кола се врткав се трткав наоколу и коа глеам иде една друга кола и застана.

Од колата излезе Мијалков и ми даде клучеви од нова кола и си замина.
 
Picture 1215.jpg утре во мугрите да не се изненадите на оваа слика пред вашата врата,кога ќе ги чуете годинешниве коледари со песна како ве будат во оваа Македонија.
па и децата веќе сфатива дека со костени и шарени бонбони не се станува човек.
 
Никада нисам волео ни клинце ни маторце. - неки Ежен Јонеско.
392673_311878485523468_853989636_n.jpg


Sent from my ST21i using Tapatalk[/img]
 
Вечниот Бог слезе и во Дева се всели
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се;
Прими Го Витлееме Господ твој, Царот на сите и Владика;
Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;
Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Кога слушна Ирод за настанот, целиот се потресе злобниот;
Вака вели на свештениците, кои Му служат на Господа;
Кажете ми мудри учители, каде треба Он да се роди;
Обземен од бура на помисли, Јосиф намисли да Ја отпушти;
Ноќта, пак, во сонот слушна глас, ангел Господов му проговори;
Денес сета твар да се радува, нек҆ торжествува и се весели;
Светлина на светот му засветли и тие во мракот ги осветли;
Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните.
Лани слушнав неколку групи на коледари ја пееја оваа песна. Оваа година не :(
 
На Вечниот Бог денеска во Карпош му приредија скромен огномет, се изљока многу ефтина ракија и вино у тетрапак и со тоа се одржа космичкиот баланс за во наредните 365 дена....

Ги чекам оние што не ги пуштаа летоска на базен уште у 3 сабајле да ми дојдат на врата и као големи верници да се испољубиме и да си даруваме.
 
Сигурен сум дека Исус би сакал вака да му се славе раѓањето...

Уште ко мал не сум ја сваќал поентата на обичаите на овој ден .. Праќаш мали деца од куќа на куќа да пеат песни за ебани 10 денара , со шо им даваш добра лекција у понатамошниот тек од животот. Палење пагански оган од страна на хардкор верници ми е EPIC FAIL.

Шо знам , тотално е загубена поентата на денот. Треба да бидеш со фамилијата и тие шо ти се најблиски , да го прославете денот со скромност и топлина , а не да се наљокате ко волови на напукате ко свињи ..
 
Ние пеевме и:

-Коледе, Коледе! Кој ти мајка одведе?
-Попчето, да му ебам гробчето! :pos:
--- надополнето: 6 јануари 2014 во 09:56 ---
Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
за четири јајца
ни гускини ни шаткини
ни Коледе

Денеска е Коледе
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зелје
да правите ќе ви месам пита
да јадеме сите
К О Л Е Д Е :)
 
Сигурен сум дека Исус би сакал вака да му се славе раѓањето...

Уште ко мал не сум ја сваќал поентата на обичаите на овој ден .. Праќаш мали деца од куќа на куќа да пеат песни за ебани 10 денара , со шо им даваш добра лекција у понатамошниот тек од животот. Палење пагански оган од страна на хардкор верници ми е EPIC FAIL.

Шо знам , тотално е загубена поентата на денот. Треба да бидеш со фамилијата и тие шо ти се најблиски , да го прославете денот со скромност и топлина , а не да се наљокате ко волови на напукате ко свињи ..

Никој не ги праќа децата со сила,не се прави главуч со зорт,децата сами си се отганизираат..И ја сум идел како мал и за големо твое чудо немам трауми од тоа,нити па просам 10 денара сега.
Траумирани се сегашниве генерации,што по цел ден висат дома пред компјутери,таблети,ајфони и други технолошки срања и се максимално отуѓени,незнаат ништо,незнаат што е дружба и забава.Сме ишле и на Василица-сировари,откако ќе завршевме правевме гозби и се дружевме до рано сабајле.Преуваби времиња беа тоа,што и ден денес ги памтам со носталгија.Прашај ги малите сега што знаат од детството,што ќе памтат кога ќе станат повозрасни..НИШТО.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom