eBay (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата corpz
  • Време на започнување Време на започнување
Имам нарачано една дуксерка од ибеј и истата е испорачана на 6 ноември. До пред некој ден имаше estimated time of delivery 8 Декември но веќе го нема а пратката сеуште не е стигната. До кога од прилика треба да чекам?

Дали ти стигна?
 
Сирот продавач и без пари и без продукт си останал...веројатно другпат нема ни на крај памет да му текне да праќа нешто во македонија :(
 
Порачано имам нешто и Estimated delivery беше 26ти Декември. Отворив случај и 2 дена чекам одговор од продавачот. Во случај ако не одговори неколку дена што мислите да реагирам во Resolution center или не ? Ме страв да не ми го блокираат акаунтот.

Sent from my HTC Incredible S using Tapatalk
 
Сирот продавач и без пари и без продукт си останал...веројатно другпат нема ни на крај памет да му текне да праќа нешто во македонија :(

Да многу вреојатно дека нема веќе да испраќа за Македонија.
Штета што сме толку за никаде држава. Имам уште 7-8 пратки кои што ги чекам веќе месец дена, само еден господ знае дали и кога ќе стигнат.
 
Да многу вреојатно дека нема веќе да испраќа за Македонија.
Штета што сме толку за никаде држава. Имам уште 7-8 пратки кои што ги чекам веќе месец дена, само еден господ знае дали и кога ќе стигнат.

Ја мислев само ја чекам коо будала од ноември пратки... лелеле ќе збрлавам од овие наши пошти..
има некој начин да се тужат нашиве идиоти? нешто да се направи... ? негде да се пожали човек? нешто да се стори.. не можам вака.. 5 производи чекам.. ај тие од по 2 долара ајде де.. ама имам поскапи работи.. :mad:
 
Да многу вреојатно дека нема веќе да испраќа за Македонија.
Штета што сме толку за никаде држава. Имам уште 7-8 пратки кои што ги чекам веќе месец дена, само еден господ знае дали и кога ќе стигнат.

Другиот проблем е што ако не ти пристигнат повеќето нарачки и ти си ги бараш парите назад, што е сосем нормално, луѓето таму ќе помислат дека им правиш scam, си ги зимаш продуктите а не плаќаш. :icon_lol: На крај и ти ќе останеш без сметка.
 
Неможам да ве разберам. Нарачувате работи во најоптеретената сезона, не плаќете поштарина за испорака на истите, на аеродром поради маглата со недели не слетал авион и кукате дека сте чекале повеќе од две недели.... Поради маглата и експрес поштите доцнат со испорака, не па овие бесплатните.
Навистина заслужуваме да не тргнат од листата на земји до кои испорачуваат.
 
Сакам да нарачам нешто од ибеј, но не знам во врска со плаќање како иде пошо пејпал во мк нема, ако може помош?
 
Сакам да нарачам нешто од ибеј, но не знам во врска со плаќање како иде пошо пејпал во мк нема, ако може помош?

Си пишал 4 мислења и одма помош, а да читнеше наназад малку?
 
Ги најдов овие два сајтови, но немам никакво искуство со нив, ако може некој да ми каже дали ги има користено и дали се веродостојни? Ако знаете некој поинаков и потобар метод ве молам да ми кажете, прв пат ќе ми биде да порачувам од ибеј.

http://shoppingusa.mk/

http://kupuvanjeonlajn.webs.com/informacii.htm
 
Што е финтата со ова? Палто за нецел долар.​
 
Ги најдов овие два сајтови, но немам никакво искуство со нив, ако може некој да ми каже дали ги има користено и дали се веродостојни? Ако знаете некој поинаков и потобар метод ве молам да ми кажете, прв пат ќе ми биде да порачувам од ибеј.

http://shoppingusa.mk/

http://kupuvanjeonlajn.webs.com/informacii.htm

И двата сајта се од оние што ти нудат услуга да ти порачаат и препратат нешто у случај кога не можеш сам(обично ако немаш пејпал) и им плаќаш услуга а колку што гледам скапи се.поарно напрај си пејпал и нарачај си директно или купи си од амазон со кредитна/дебитна картица.или некој роднина од странство нека ти нарача што ти треба.ене гледам за производ од 30-80 долари на првиот сајт зимаат 30% провизија.али сепак ти си знаеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom