Тони и Дејан - ОПУШТЕНО

  • Креатор на темата Креатор на темата *MAGI*
  • Време на започнување Време на започнување
Гледајте ги емисиите од минатите сезони во а1 и гледајте ги овие сега и ќе сфатите дека само Део останал од водителите,Тони од а1 и Тони на МТВ и Тони на гостување во Јади Бурек со Јанко се два различни лика.
Падна многу Тони во моите очи,ама сепак до некаде и го разбирам или ќути или ќе те принта опозиција на бели маици едно 2-3 пати пред седница во собрание и после сите ќе те заборават и браќа и сестри и тие што смоки пакувале за тебе до вчера и тие што те нарекувале народни хероии поради твојата смисла за хумор,едноставно такво време дојде и тоа ужасно....
Тоа е тоа, еднаш го јадел стапот, ко дознал таму некој дека зима поголема плата од него... нешто чувар шо ли бил. И многу смоки има јадено дека све е политички итн. У Јади Бурек ко беше гостин мислаш споменуваше за тоа.

А ете, дојде сеа тој на тоа време, преку политика.

А Део е ѕвер, го нема никаде... и оддеднаш, избувнува со некоја глупост :pos:
 
Грујо ? Хах интересно ќе биде.
 
Премиерот Груевски во опуштено издание

Во четврточното новогодишно издание на емисијата „Опуштено“ гости на Тони и Део ќе им бидат едни од најпопуларните Македонци во државава, премиерот Никола Груевски и пејачката Каролина Гочева.

Ова ќе биде ретка можност да се види и слушне премиерот како зборува за неполитички теми и истовремено ќе му покаже и неколку правила во боксот на најмладиот домакин на „Опуштено“.


Каролина, пак, периодов е актуелна со новата песна „Чалгиска“ која е најава за долгоочекуваниот етно албум Mакедонско девојче 2 и петте промотивни концерти кои ќе се случат на крајот на месец февруари. Таа празниците ќе ги помине во родната Битола, а за дочекот на Новата година ќе пее на плоштадот во Битола. Минатиов период беше гостинка и на Божиќниот концерт во Хрватска и на снимањето на новогодишното Шоу свих времена во Србија.
Емисијата со премиерот и пејачката ќе ја гледате во четврток навечер, веднаш по централниот Дневник на МРТ 1.
 
Ама Део сигурно нема да не разочара... :icon_lol:
Ќе бидат мирни и нема да ги искористат пеналчињата на кои можеби ќе се намести премиерот.
Ќе му ги фалат проектите, ќе го прашаат за Заев и тоа ќе биде тоа.

Го глеав пред некој ден на МТВ предновогодишно интервју даваше Никола сеа пак истото ќе се врти.
 
Баш ме интереснира кога премиерот ќе биде гостин како ќе помине делот Верке монтажерке .
 
Да бе баш во Опуштено за проектите на владата ќе се збори..
И на крај кога нема Тони да го зафркава Никола сите ќе коментирате како се продал, омекнал и кој знае што а заборавете дека до сега ниеден не го зафркавал онака без осет..
--- надополнето: 30 декември 2013 во 19:14 ---
Баш ме интереснира кога премиерот ќе биде гостин како ќе помине делот Верке монтажерке .

+1

Инаку со постов ме потсети. Која е народната песна што иде во најава за Верке Монтажерке ?
 
^ Дојдо ми Лено на перниче бело - Драган Мијалковски :)
--- надополнето: 30 декември 2013 во 19:49 ---
ДојдИ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom