Е па ова е она што мене ми се допаднало или не, искрено, а вие како сакате...
Into The Wild-просечно филмче, со досаден тек. Можеби како документарец би бил ок пошто нели е спрема вистински настани, вака ми беше стварно досаден и искрено со душа му чекав крај... Ништо посебно навистина.
The Shawshank Redemption- не е лош, но далееееку е од најдобар филм на сите времиња. Мирен тек, предвидлив крај. Ништо посебно, има и подобри со ваква тематика.
Se7en исто така преценет. Обичен крими филм со убиства и истраги. Место 8,7 си заслужува искрено една 7ка, додека па на Mystic River 8ката мислам дека му е малку.
Том Круз никако не можам да го вклопам во светот на филмовите... Одвратен ми е. Исто и филмовите ми ги прави одвратни.
Филм кој заслужува да биде најгоре на листата на најдобри филмови е One Flew Over the Cuckoo's Nest.
Fight Club ми е ок, ми се допаѓа во целост, ама она што сите го проповедаат за филмот јас го знаев и претходно. Не ми отвори очи и не ми го смени животот. Не знам колку се слични, ама на The Machinist би му дала поголема оцена. Бар ме држеше заинтересирана од почеток, додека за првиот некаде од средина почнав да се интересирам.
The Shining-просечно хорорче. Нема нешто што не сме виделе. Мноооогу преценет!
Ај дека е за филмови само темава, ќе пишам само за една серија.
Фемили гај ми е ептен серија по вкус. Стјуи го обожавам!