работава леле луѓе што ме снајде....
во врска сум со една девојка, убаво ни беше и мислев ја сакам се додека не ја зпознав и не се заљубив во друга. ама работата е што врска со неа е невозможна затоа што таа е речиси дупло повозрасна од мене. ама нели љубовта не знае за граници, години и слични срања па ете глупавото срце се заљуби. случајно почнавме да зборуваме преку фб прво, па после излеговме и на кафе (пошто имаме фирма па нешто и давав) вака така... јас се заљубив. ме освои на прво гледање.. ова прв пат ми се случува. не верував во љубов на прв поглед ама оваа ме дигна до облаци и тоа убаво. женава нема деца, има зад себе еден брак и сеа има нов дечко и изгледа наскоро свршеник ќе и стане. кога и да ја видам на фб приклучена нозете ми се тресат, срцето ми лупа како лудо, а кога сум со девојка ми речиси ништо од ова не се случува.
најмногу ми е жал за девојка ми зашто премногу се труди околу нас и премногу ме сака.
и јас ја сакам ама не како оваа
за Нова цело време мислев на неа, одма коа помина 00.00 и се јавив и честитав. девојка ми почна да се сомнева, сум бил чуден. значи не сум тинејџер ама очигледно досеа не сум знаел за вистинска љубов.
прво да расчистиме, значи не ме привлекува само сексуално. онака само да се плеснеме и ај чао. не. туку сакам да сум со неа постојано (100 пати повеќе од колку што сакам да сум со девојка ми), сакам да знам што прави, со неа баш ми е пријатно. многу е добра, убава, фина, знае да сослуша, дава добри совети, само позитивна и насмеана е.
да сме заедно НЕМА ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ, ама собрав храброст и сакам вечерва да и кажам што чувствувам. не е важно дали на кафе или преку фб (ма да поубаво ми е на фб да и пишам)...ама не можам ако не и кажам....ќе експлодирам.......
сакав да ве прашам што мислите вие? дали да и кажам или да чекам некое време па може ќе се оладам? само заљубен и искусен може да ме сфати, па ако има таков нека даде совет.