Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Истото го дава, дека на 16 декември се испратени од Прага и толку.
И кај мене стои истиот датум 16.12 за две пратки ама нема ништо,бев до пошта денес и службеничаката ми вика нема ништо стигнато една недела изгледа поради маглата не праќале и празен беше сефот што им стигаат пратките.Така да ќе почекаме малку поради празнициве.
 
Ау ау, фама се дигнало овде, јас чекам 50 дена... не можев да издржам веќе, па им пишав.

Сите пратки значи каснат, па ваљда има некој застој. Само се надевам не залутале и дека ќе стигнат кај и да е. Останува само да чекаме и да се надеваме :)
 
Истото го дава, дека на 16 декември се испратени од Прага и толку.

Пешки да идеше поштарот до сеа ќе беа стигнати :D.на еден пост на претходна страна(49та страна на топ) видов од прага до мк за 2-3 дена стигаат.
 
Имам нарачано патики од алиекспрес. На тракингот стои дека се испратени од Кина, стигнати во прага и потоа испратени од прага на 16 декември. Оттогаш нема никакво ново известување. Можно е сеуште да се транспортираат од Прага, еве веќе 15 дена или нешто не е во ред со тракингот?

И јас имам иста пратка така на 16 од прага , не е стигнат авионот уште :) Би требало понеделник или вторник да стигнат.
 
Пешки да идеше поштарот до сеа ќе беа стигнати :D.на еден пост на претходна страна(49та страна на топ) видов од прага до мк за 2-3 дена стигаат.
Хахах да се сложувам затоа прашав да не нешто не е во ред со тракингот но гледам имало и други како мене. Сигурно има застој во пратките, да се надеваме дека во јануари кај и да ќе стигнат :)
 
Застој има само во македонија, во САД сите пратки навремено си стигнуваат. Паметно им беше што американциве не праќаа ништо кај нас. Прашање на време е кога таа политика ќе ја прифатат сите продавачи. Нашиве поштари се потепаа од крадење пратки.
 
Застој има само во македонија, во САД сите пратки навремено си стигнуваат. Паметно им беше што американциве не праќаа ништо кај нас. Прашање на време е кога таа полотика ќе ја прифатат сите продавачи. Нашиве поштари се потепаа од крадење пратки.

Во америка крадење на пошта е федерален прекршок - многу сериознa работа
 
Истото го дава, дека на 16 декември се испратени од Прага и толку.
Обично им треба околу една недела од Прага да стигнат кај нас. Ама имајте во предвид дека таму сега беа празници а одозгора на тоа аеродромот наш е повеќе време затворен отколку отворен, а сега ќе фатат празници и кај нас, така да трпение-спасение. Секоја година овој период пратките подолго патуваат.
 
Ете, сега го сретнав поштарот... има ли нешто го прашав. Рече "Не, сеуште не. Кога ќе стигнат ќе ти го донесам."

Нездрава работа. А баш си реков бар за нова година како поклонче да ми дојде...
 
Од 7-ми Ноември чекам 4 порачки од DX.com, уште не е стигнато... толку ли има гужви??? :confused:

Друже еве и ја чекам уште се стигнати од средина на ноември и незнам дали да им пишам што како. Тебе ти стигнаа?

2ezl4lx.jpg

Мене ова ми е на dealextreme и уште нема ништо нигде. Првиот пат ми стигна на оваа адреса (летото, за две недели) сега ми вика дека е full shipped ама нема ништо. Им пишав на live chat и ми рекоа дека стигаат најчесто за 2 до 6 недели и ако можам да почекам уште 1-2 недели максимум и после да им пишам пак
 
Отворив јас ticket, чекам да ми вратат... има ticket да отвориш ако у случај не ти стигне производот, не функционира, и слично..

Линк: https://cs.dx.com/ticket/index
 
Отворив јас ticket, чекам да ми вратат... има ticket да отвориш ако у случај не ти стигне производот, не функционира, и слично..

Линк: https://cs.dx.com/ticket/index

Чим ти вратат пиши тука или во порака што и како ти вратиле да видам што да правам јас
 
Јас чекам 16 пратки, обично ми стигаа од 25-30 дена али сега немаа абер од ниедна пратка, дремат по аеродроми, само една ми е стигната до Швајцарија и таа стои 10 дена таму, а обично чим влезат во Европа, стигаат за 2-3 дена.
 
Денеска ми стигна една пратка ,на тракингот видов дека е во Скопје, поштар не ми ја донесе до врата,отидов до пошта, прашав и тука беше.Уште утре што стигне стигне ,ако не од среда после празниците.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom