Младите сакаат надвор од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Meh
  • Време на започнување Време на започнување
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
И јас не сакам ама приморан сум од економскава, социјалнава, мегунационалнава и мегурелигискава ситуација ..... :(

Никој не сакам да си замине другар . Околностите и ситуацијата го турка од другата страна на границата ...
 
Гледам голем број коментари околу условите и цените надвор од Македонија. Јас сум од неодамна преселен во Флорида. Флорида се смета за една од поскапите земји во САД па еве како стојат цените овде.

1. Храна
- 1кг Домати = $1.5 / 1кг Зелка = $1 / 1кг Краставици = $1.5 / 1кг Компир = $1.5
Во главно цените околу зеленчукот се движат од 1 до 5 долари, во зависност од сортата. Има зеленчуци кои се посебни сорти, несекојдневни и чинат поскапо. Сите цени се од Publix маркетите.
Месо, Млеко, јајца и останати млечни производи се движат од 2 долари нагоре. 1 кг свински ребра = $6 / 1 кг мисирка = $7. Според моите пресметки и заклучоци цените за зеленчук, овошје и млечни производи се околу 20% поскапи од нашите. Но има доста продукти кои се поефтини од нашите и некако балансот е многу блиску.
Разлика во квалитетот не приметувам, сите зеленчуци имаат ист вкус. Овошјето исто така, и го има на располагање во сите сезони. Избор има преголем, еден стандарден маркет на Publix има 2 пати повеќе производи од Веро или Керфур.

Брзата храна морам да кажам дека е поевтина. Во Mcdonalds јадам два x дупли чизбургера со еден голем помфрит за 4 долари, тоа се 180 денари. Во Little Ceasar's фамилијарна пица е 5 долари. И секаде е овој круг на цени.

Гориво:
Безоловен 87 = 37 денари литар односно $3.16 per Gallon
Безоловен 95 = 40 денари литар односно $3.46 per Gallon
Premium = 43 денари литар
Дизел = 45-46 денари литар

Сите коли се над 150hp, и до 220hp возат на безоловен 87 со просечна потрошувачка од 7-8 литри на 100км. За помоќните мотори безоловен 95, а за над 350hp Premium. Но овде 87ца е помоќен од 95ка кај нас. Горивото е далеку поквалитетно. Дизелот е поскап затоа што многу малку се користи и тоа најчесто за тешка машинерија, камиони или камионети. Се друго вози на бензин. Колите се малку поевтини од нашиот пазар али боже мили далеку поквалитетни. Најмногу се вози Toyota, Honda, Nissan, Dodge, Acura... и тераат 150.000 милји само со промена на масло и кочници, со сервис едно друго ги возат до 300.000 милји. Но тоа затоа што овде е нема снег па улиците се како писта. Од Европски коли во овој реон најмногу се вози BMW, другите ретко се сретнуваат на улица.

Живеалиште:
Овде најпаметно е да изнајмиш апартман затоа што животот е динамичен и често ќе мора да се преселиш поблиску до работното место затоа што целата инфраструктура е многу раширена за разлика од МК. Овде никој не иде никаде пешки, ниту со точак. Секоја дестинација се освојува со автомобил. Ќиријата може да биде од 300 долари месечно за фино апартманче со 2-3 соби и се движи во просек 500 долари за апартман со кујна, вц и 2-3 спални со севкупна површина од 60-70 квадрати за една фамилија. Фактори се локацијата, уредувањето и староста на местото. Да купиш недвижнина е скоро иста цена како кај нас. Студенти најдобро опстојуваат со цимер и така трошоците се многу помали.

Работа:
Работа има секаде и можеш да работиш било што. Барем така е во овој реон од Флорида каде што живеам. Во ресторани секогаш има Open call, и во компаниите цело време се бара кадар со високо образование. Работа многу лесно се наоѓа и само со искуство. Се јавуваш на оглас и истиот ден одиш на интервју, те ставаат недела дена на тест и после ти даваат позиција. Работодавците се човечни и ако видат дека не те бива за таа позиција што си аплицирал ќе гледаат да те стават на друга која ќе ти одговара повеќе. Секаков вид на работилници цело време бараат работници. Минимум саатница е $7.25. Значи во просек најмалку што можеш да заработиш е $1300 месечно, со кои можеш да живееш нормално и пак да заштедиш минимум 500 долари месечно. Но овде ретко кој работи за таа плата и треба стварно да си труп невиден да те стават на такво работно место. Во Tampa Bay просечна плата во 2011 година била $2283. Со оваа плата живееш одлично и можеш да заштедиш минимум $1000 месечно. Ако ги реинвестираш парите мудро, многу брзо се дуплираат во било кој сектор од бизнисот. Ако штедиш, за 2 месеци ќе можеш да си купиш одлична кола на старо, околу 2005 год.

Несакам постов да звучи како овде да тече мед и млеко по улиците. И овде луѓе пропаѓаат и заглавуваат... но само затоа што се слепи или ризикуваат премногу. И овде почетокот е тежок и во комбинација со носталгија, може да стигне до депресија. Затоа е потребен цврст и решителен карактер. И само таквиот успева и станува повеќе од некој и нешто. Во последниве неколку дена имав прилика да запознаам Македонци и Срби, милионери, само поради фактот што дошле овде млади, работеле неуморно и инвестирале во себе и своите знаења. Овде се работи далеку повеќе одколку кај нас, и работодавците сакаат да видат ефективен труд од твоја страна. А ништо од тоа нема да остане без надомест. И секогаш за вредните вработени има бонуси, привилегии, gift cards и слично. Еден Македонец што работи во Best Buy сега за Божиќ доби $1000 бонус како и неколку негови колеги. Со неколку бонуси во годината тебе ти испаѓа 14 плати наместо 12.

За Европските земји неможам да коментирам зошто немам аплсолутно никаков поим какво е опшеството и стандардот, но со гаранција можам да кажам дека животот е далеку подобар од тој во Македонија. Луѓето претежно се зборуваат за негативните страни од живеењето во друга земја, но тие негативни страни стануваат незначителни во големата слика кога истата ќе се спореди со Македонија.
 
И јас не сакам ама приморан сум од економскава, социјалнава, мегунационалнава и мегурелигискава ситуација ..... :(

Епа нели си ја сакаш државата? Биди достоен и остани таму, бори се за подобро утре. Ни патриотите не се тоа што беа. :( Се некои Џастин Бибер генерации. Пички!
 
Абе и кромид ќе јадиме само кажи..
 
Хм.
7.25 долари/час бруто ти испажа негде 930 долари нето месечно.

Цените храна се горе долу тука негде со МК (окулу 20-30 % поскапи додуша).
Мспасовски заборави да напише дека тие цени се без вклучен данок кој го дознаваш во моментот после плаќање на каса.

Цена за осигурување на кола месечно е ~200 долари, здравствено осигурување кое не е вклучено од работодавецот ~ 150 долари.

Цените за становите не сум видел такви досега, можда во некое црнечко гето да најдеш такви цени.
Во понормален, а сепак ефтин мал град цените се:
400 долари за мала соба во некоја куќа (најефтина варијанта)
900 долари за мал празен стан во ефтин комплекс + сметки

Значи еден македонец што работи во бест бај ќе зима нето плата од 930 (7.25/h)долари од кои ќе троши:

400 долари за соба
250 долари за храна (најефтина, типична америчка бљак)
150 долари здравствено осигурување
200 долари за автоосигурување
а бензин? а облека? а пиво? а бербер?($15) а типс? а забар?

решение - покрај бест бај македонецот ќе си најде работа во car wash... и ќе се шиша еднаш на 6 месеци.
--- надополнето: 29 декември 2013 во 10:24 ---
Заборавав да додадам.
Горивото - точно упола е поефтино од Европа, дури смешно ефтино, ама - не пиеме ние нафта!
 
Јас неможам да ги разберам членовите на форумов кои што велат дека во Македонија финансискиот аспект на животот е подобар од оној во западна Европа, Америка. Па како тоа? тоа е главна причина на сите тие што емигрирале. Како тоа Македонецот е побогат од Германецот? мислам навистина сите тие примери компирите толку во Македонија онолку во Германија се смешни. И да не бидам погрешно разбран јас не плукам по Македонија, но е факт дека финансиски е многу(ептен)полошо одколку запад.
 
И јас немаше да сакам ако изгледавме вака :D

division_fullmap.gif

Просто и едноставно.
 
Јас неможам да ги разберам членовите на форумов кои што велат дека во Македонија финансискиот аспект на животот е подобар од оној во западна Европа, Америка. Па како тоа? тоа е главна причина на сите тие што емигрирале. Како тоа Македонецот е побогат од Германецот? мислам навистина сите тие примери компирите толку во Македонија онолку во Германија се смешни. И да не бидам погрешно разбран јас не плукам по Македонија, но е факт дека финансиски е многу(ептен)полошо одколку запад.
Не е побогат. Финтата е што со емигрирањето почнуваш ептем од нула. Дипломата најчесто не ти ја признаваат. Во најдобар случај ако ти ја признаат наоѓање работа по струка е скоро невозможна мисија исто ко и тука. Си има западот свои кадри, да чекаа на нас кај ќе им беше крајот.
Се на се ќе ти одат 10 години од животот колку толку минимално да се снајдиш. Али битно на лето гастербајтерот мора да дојди и да се чалами, демек еве богат сум видете ме. А на одење дома си зема ајвар да ја помини годината со лепче и ајварче.
 
Гледам голем број коментари околу условите и цените надвор од Македонија. Јас сум од неодамна преселен во Флорида. Флорида се смета за една од поскапите земји во САД па еве како стојат цените овде.

1. Храна
- 1кг Домати = $1.5 / 1кг Зелка = $1 / 1кг Краставици = $1.5 / 1кг Компир = $1.5
Во главно цените околу зеленчукот се движат од 1 до 5 долари, во зависност од сортата. Има зеленчуци кои се посебни сорти, несекојдневни и чинат поскапо. Сите цени се од Publix маркетите.
Месо, Млеко, јајца и останати млечни производи се движат од 2 долари нагоре. 1 кг свински ребра = $6 / 1 кг мисирка = $7. Според моите пресметки и заклучоци цените за зеленчук, овошје и млечни производи се околу 20% поскапи од нашите. Но има доста продукти кои се поефтини од нашите и некако балансот е многу блиску.
Разлика во квалитетот не приметувам, сите зеленчуци имаат ист вкус. Овошјето исто така, и го има на располагање во сите сезони. Избор има преголем, еден стандарден маркет на Publix има 2 пати повеќе производи од Веро или Керфур.

Брзата храна морам да кажам дека е поевтина. Во Mcdonalds јадам два x дупли чизбургера со еден голем помфрит за 4 долари, тоа се 180 денари. Во Little Ceasar's фамилијарна пица е 5 долари. И секаде е овој круг на цени.

Гориво:
Безоловен 87 = 37 денари литар односно $3.16 per Gallon
Безоловен 95 = 40 денари литар односно $3.46 per Gallon
Premium = 43 денари литар
Дизел = 45-46 денари литар

Сите коли се над 150hp, и до 220hp возат на безоловен 87 со просечна потрошувачка од 7-8 литри на 100км. За помоќните мотори безоловен 95, а за над 350hp Premium. Но овде 87ца е помоќен од 95ка кај нас. Горивото е далеку поквалитетно. Дизелот е поскап затоа што многу малку се користи и тоа најчесто за тешка машинерија, камиони или камионети. Се друго вози на бензин. Колите се малку поевтини од нашиот пазар али боже мили далеку поквалитетни. Најмногу се вози Toyota, Honda, Nissan, Dodge, Acura... и тераат 150.000 милји само со промена на масло и кочници, со сервис едно друго ги возат до 300.000 милји. Но тоа затоа што овде е нема снег па улиците се како писта. Од Европски коли во овој реон најмногу се вози BMW, другите ретко се сретнуваат на улица.

Живеалиште:
Овде најпаметно е да изнајмиш апартман затоа што животот е динамичен и често ќе мора да се преселиш поблиску до работното место затоа што целата инфраструктура е многу раширена за разлика од МК. Овде никој не иде никаде пешки, ниту со точак. Секоја дестинација се освојува со автомобил. Ќиријата може да биде од 300 долари месечно за фино апартманче со 2-3 соби и се движи во просек 500 долари за апартман со кујна, вц и 2-3 спални со севкупна површина од 60-70 квадрати за една фамилија. Фактори се локацијата, уредувањето и староста на местото. Да купиш недвижнина е скоро иста цена како кај нас. Студенти најдобро опстојуваат со цимер и така трошоците се многу помали.

Работа:
Работа има секаде и можеш да работиш било што. Барем така е во овој реон од Флорида каде што живеам. Во ресторани секогаш има Open call, и во компаниите цело време се бара кадар со високо образование. Работа многу лесно се наоѓа и само со искуство. Се јавуваш на оглас и истиот ден одиш на интервју, те ставаат недела дена на тест и после ти даваат позиција. Работодавците се човечни и ако видат дека не те бива за таа позиција што си аплицирал ќе гледаат да те стават на друга која ќе ти одговара повеќе. Секаков вид на работилници цело време бараат работници. Минимум саатница е $7.25. Значи во просек најмалку што можеш да заработиш е $1300 месечно, со кои можеш да живееш нормално и пак да заштедиш минимум 500 долари месечно. Но овде ретко кој работи за таа плата и треба стварно да си труп невиден да те стават на такво работно место. Во Tampa Bay просечна плата во 2011 година била $2283. Со оваа плата живееш одлично и можеш да заштедиш минимум $1000 месечно. Ако ги реинвестираш парите мудро, многу брзо се дуплираат во било кој сектор од бизнисот. Ако штедиш, за 2 месеци ќе можеш да си купиш одлична кола на старо, околу 2005 год.

Несакам постов да звучи како овде да тече мед и млеко по улиците. И овде луѓе пропаѓаат и заглавуваат... но само затоа што се слепи или ризикуваат премногу. И овде почетокот е тежок и во комбинација со носталгија, може да стигне до депресија. Затоа е потребен цврст и решителен карактер. И само таквиот успева и станува повеќе од некој и нешто. Во последниве неколку дена имав прилика да запознаам Македонци и Срби, милионери, само поради фактот што дошле овде млади, работеле неуморно и инвестирале во себе и своите знаења. Овде се работи далеку повеќе одколку кај нас, и работодавците сакаат да видат ефективен труд од твоја страна. А ништо од тоа нема да остане без надомест. И секогаш за вредните вработени има бонуси, привилегии, gift cards и слично. Еден Македонец што работи во Best Buy сега за Божиќ доби $1000 бонус како и неколку негови колеги. Со неколку бонуси во годината тебе ти испаѓа 14 плати наместо 12.

За Европските земји неможам да коментирам зошто немам аплсолутно никаков поим какво е опшеството и стандардот, но со гаранција можам да кажам дека животот е далеку подобар од тој во Македонија. Луѓето претежно се зборуваат за негативните страни од живеењето во друга земја, но тие негативни страни стануваат незначителни во големата слика кога истата ќе се спореди со Македонија.
Denovite na dolarot se broeni, kad tad 100% ke krahira. ne moze da stampaat pari kolku sto sakaat bez posledici, i da ziveat na tug grb so godini. Koga svetot ke go sutne dolarot kako glavna svetska valuta ke vidime kakov zivoten standard ke ima tamu. Tik,tak,tik tak......
 
Не е побогат. Финтата е што со емигрирањето почнуваш ептем од нула. Дипломата најчесто не ти ја признаваат. Во најдобар случај ако ти ја признаат наоѓање работа по струка е скоро невозможна мисија исто ко и тука. Си има западот свои кадри, да чекаа на нас кај ќе им беше крајот.
Се на се ќе ти одат 10 години од животот колку толку минимално да се снајдиш. Али битно на лето гастербајтерот мора да дојди и да се чалами, демек еве богат сум видете ме. А на одење дома си зема ајвар да ја помини годината со лепче и ајварче.
лажеш. Сите дипломи на УКИМ се признати насекаде во Европа и во Америка. Доколку знаеш јазик работа се наоѓа одма.
Без јазик 10 години че бидиш аргат.
 
Мои роднини почнаа од нула. И двајцата со една плата, едниот во една, другиот во друга држава. И двајцата немаат свој приватен бизнис, работат за друг, немаат ни партиски бенефити. Сега нивните деца се школувани, имаат работа, имаат свои куќи и станови и ред други нормални услови за живот. Дел од животот, младоста нормално го жртвувале за да го постигнат сево ова.
Прашањето е дали во Македонија ако почнеш од нула, без работа на црно и без партиски бенефити, како работник за друг газда, можеш да купиш макар и 1 стан? Ако пресметаш дури и со 2 факултетски плати (кои просечно се 15-25 илјади) што претполага подобри примања во нормална држава, без помош од страна е практично невозможно. Ако живееш максимално штедливо, со овие цени во нагорна линија, каматите, платите и несигурните работни места потребни се негде цел работен век за само 1 стан...а децата, а работа и дом за нив? И ова е под услов редовно да примаш плата согласно пораст на цени, ниеднаш да не си отпуштен ниту да имаш одвишок трошоци за бела техника, свадба, возило...живот како амишите. И пред се услов да имаш нешто за под хипотека.

Ова го пресметале и Јутарњи.хр, но и без тоа пресметај колку се трошоци од потрошувачка кошница или колку трошиш месечно и спореди го тоа со нека се и 2 плати од по 20.000. Ова подолу се пресметки кога цените беа многу пониски.
Станот како доживотно прашање
Со просечна цена на метар квадратен од 1.100 евра, толкав стан во Скопје кој се отплаќа 25 години со камата на кредит од 9,70%, чини 175.800 евра. Со оглед на просечната македонска плата од 330 евра, за тој стан мора да се работи 44,4 години и тоа под услов да се дава целата плата, иако таа не е доволна да се покрие ратата од 586 евра.
За 60 квадрати стан во Љубљана, Словенец со тамошна просечна плата од 970 евра треба да работи 16 години,
Во Белград за стан од 60 квадрати, мора целата своја плата да ја издвојува секој месец следните 52 години.
Сараевчанец со просечна плата од 400 евра, станот ќе го отплаќа 43 години и 9 месеци.
жителите на Подгорица за кров над глава мора да работат 25 години и 3 месеци.
Хрват со просечна плата од 736 евра, ќе мора да работи 22,6 години за стан кој сосе каматата од 6,75% би чинел 198.173 евра
 
лажеш. Сите дипломи на УКИМ се признати насекаде во Европа и во Америка. Доколку знаеш јазик работа се наоѓа одма.
Без јазик 10 години че бидиш аргат.
Хахахахаха, хухухухуху. хихихихихихи, добри вицеви кажуваш!
 
И да не бидам погрешно разбран јас не плукам по Македонија, но е факт дека финансиски е многу(ептен)полошо одколку запад.
Нормално инаку миграциите би оделе во обратна насока, од Франција, Германија, Шведска и Австралија кон Македонија, Босна и Србија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom