Алфа ТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
ТВ Алфа цело време градеше имиџ на “урбана телевизија“ (тоа беа нивни зборови), но во последно време програмата ја “збогатија“ со индиски серии и српски реални шоуа. Што е причината?


Добија национална концесија и се преориентираа кон програма за масовна публика која треба да им донесе поголема вкупна гледаност, за разлика од програмата наменета за специфични таргет публики како што ја имаа претходно кога не беа достапни во сите домаќинства.
 
гледам нешто "НАСКОРО" поврзано со полиција, апсења бла бла
ќе биде интересно :)
 
Ново студио за вести ,со нови шпици ,екран во позадина,нови водители
Коле Чашуле беше денес водител .Вестите беа во 18:30ч.
VESTI-FRAME_20131216153051.jpg

oMbt7zO.png
 
Не сфаќам кое е задоволството да гледаш некои српски анонимуси од ѕвезди и тоа шоу да ти оди баш, она во ударен термин. За индо-пакистански и турски серии не ми се зборува, тоа е битката/војната е изгубена.:cenzura:
 
Новогодишно кино Алфа

Премиери, премиери, премиери... За сите генерерации и вкусови. Бидете со Алфа ТВ за време на новогодишните празници.


pocket-watch-snow-new-year-_2013122615193.jpg

Вторник, 31.12.2013

09:10

Сребрени ѕвона (Silver Bells)
Њујорчанката Кетрин два пати ќе се најде на крстосница. Еднаш со младото момче Дени, а потоа и со неговиот татко. Таа не знае дали божиќните ѕвона, би можеле да бидат и венчални?
14:00

Младиот Дедо Мраз (Santa Baby)
Мери Клас има своја компанија, Клас Консалтинг, и успешно работи. Откако дознава дека татко ѝ преживеал инфаркт, таа веднаш заминува кај родителите во Поларис, Канада. Нејзините родители имаат интересна и неверојатна работа.
Нејзиниот татко е вистинскиот Дедо Мраз. Таа сака да го замени и прави сé за да успее во тоа. По долги години таа е повторно дома каде го сретнува Лук, својата стара љубов. Со негова поддршка и заштита, успева да направи најубав божиќ.
001-penzionirani-golema_2013122615163.jpg
Среда, 01.01.2014 во 00:30 ч.

Пензионирани, екстремно опасни (RЕD) 2010 - ПРЕМИЕРА
Кога на неговиот мирен живот му се заканува ултрамодерен убиец, поранешниот таен агент Френк Моузес го собира својот стар тим во последен обид да преживее и да ги открие своите напаѓачи.
Режисер: Роберт Швентке
Главни улоги: Брус Вилис, Хелен Мирен, Морган Фриман, Мери-Луиз Паркер
002-leden-potres_20131226151629.jpg
02:20

Леден потрес (Ice Quake) - ПРЕМИЕРА
Пејзажот на Алјаска драстично ќе се смени откако ледениот слој под површината ќе почне да се топи, создавајќи реки од течен метан, коишто предизвикуваат низа разорувачки земјотреси.
Геолозите се во трка со времето обидувајќи се да ги запрат смртоносните реки пред да предизвикаат катастрофални последици.
Режија: Пол Зилер
Улоги: Брендан Фер, Холи Елиса, Џодел Ферланд

08:10

Летот на Ирвасите (Flight of the Reindeer)
Во магијата на божиќната ноќ, еден научник сака да докаже дека ирвасите можат да летаат, но наместо тоа открива друга вистина, вистината за верата, семејството и божиќ.
003-krznena-odmazda_20131226151651.jpg
11:05

Крзнена одмазда (Furry Vengeance) 2010 - ПРЕМИЕРА
Младиот и амбициозен изведувач, Ден Сандерс, се соочува со група на лути животни кога неговиот нов план за изградба на куќи оди предалеку во недопрениот дел од дивината.
Водени од неверојатно паметен ракун, животните го попречуваат градењето и го учат нашиот херој за еколошките последици од човечкото присвојување на природата.
Режисер: Роџер Кумбл
Главни улоги: Брендон Фрејзер, Брук Шилдс, Рики Гарсија
004-Asteriks-i-Obeliks_20131226151711.jpg
15:50

Астерикс и Обеликс - Во служба на Нејзиното Величество - ПРЕМИЕРА
Астерикс го преминува каналот за да му помогне на неговиот братучед да се соочи со Цезар и Римјаните.
Режија: Лоран Тирар
Улоги: Жерар Депардје, Дани Бун, Едуар Баер
005-Bunraku_20131226151730.jpg
20:30

Бунраку (Bunraku) - ПРЕМИЕРА
Приказна за двајца млади момци што го поминале целиот живот барајќи одмазда.
Но како што се’ повеќе им се испреплетуваат животите, тие се соочуваат со поголеми предизвици отколку што очекувале.
Режија: Гај Мош
Улоги: Џош Хартнет, Деми Мур, Вуди Харелсон, Гакт
006-Odmazda-na-mrtviot_20131226151758.jpg
22:45

Одмаздата на мртовецот (Dead Man Down) - ПРЕМИЕРА
Човек за кого сите мислат дека е мртов се враќа со ново име за да го одмазди своето семејство. Тој се инфилтрира во бандата убијци и мудро чека да направи потег. Но, во меѓувреме ќе му се случат непредвидени работи.
Режија: Нил Арден Оплев
Улоги: Колин Фарел, Нуми Рапас, Доминик Купер
ЧЕТВРТОК 02.01.2014

13:30
Божиќна Песна (A Diva’s Christmas Carol)
Ебони Скруџ има студено срце, но Божиќ е време на изненадувања. Таа ќе биде посетена од трите божиќни духови и нејзиниот живот ќе доживее пресврт.
Режија: Ричард Шенкман
Улоги: Ванеса Вилијамс, Џон Тејлор
16:40

Кристи, враќањето во Катергап (Christy, return to Cutter gap canyon)
Две девојки се вљубени во еден доктор и се натпреваруваат за неговата љубов.
Режија: Чак Боуман
Улоги: Лорен Ли Смит, Џејмс Вотерсон
007-kanibalot_20131226151858.jpg
21:05

Приказна за канибалот (Grimm Love) 2006 - ПРЕМИЕРА
Во Германија, апсолвентката Кејти Армстронг го истражува канибалот Оливер Хеган за нејзината теза, но станува опседната со нејзината тема и се впушта во животниот стил на Хеган и на илјадниците како него.
Режисер: Мартин Веис
Главни улоги: Томас Кретсшман, Кери Расел, Томас Хјубер
 
МТВ има подобра програма :D

Dead man down ќе го даваат :vozbud: Од кај ги наоѓаат филмовиве од 2013 па HBO не даваат филмови од годинава :vozbud:
 
На Замунда ги има бе

Постои уште Едо ?
Едо имаа ептен јак принцип на давање на филмови.

Во САД на 15.6ти ќе излезе некој филм што премиера имал на 13ти 6ти во Данска и овие на 14ти CAM видео ќе даваат :ROFLMAO:
 
Постои уште Едо ?
Едо имаа ептен јак принцип на давање на филмови.

Во САД на 15.6ти ќе излезе некој филм што премиера имал на 13ти 6ти во Данска и овие на 14ти CAM видео ќе даваат :ROFLMAO:

Се сетив на нив па го пишав постот погоре
Постои и дефинитивно најдобрите филмови ги имаат на програмата :D
 
Се сетив на нив па го пишав постот погоре
Постои и дефинитивно најдобрите филмови ги имаат на програмата :D
Мислам дека ЕДО веќе долго време ава само стари филмови, сто пати репризирани или може да се начекаат нови?
 
МТВ има подобра програма :D

Dead man down ќе го даваат :vozbud: Од кај ги наоѓаат филмовиве од 2013 па HBO не даваат филмови од годинава :vozbud:

Телма изгледуваат со изјава дека никоја тв не купувала филмови од тековната година, зашто биле многу скапи или немале право, а Алфа ги има? :D
 
МТВ има подобра програма :D

Dead man down ќе го даваат :vozbud: Од кај ги наоѓаат филмовиве од 2013 па HBO не даваат филмови од годинава :vozbud:

МРТ се малку заникаде што не го користат добро HD каналот ,и на тој канал навистина да го пуштат филмов во HD ,или пак Трето полувреме во HD да го пуштат (ако воопшто тој филм е снимам во HD)
 
МРТ се малку заникаде што не го користат добро HD каналот ,и на тој канал навистина да го пуштат филмов во HD ,или пак Трето полувреме во HD да го пуштат (ако воопшто тој филм е снимам во HD)


Трето поувреме е во ХД сниман, на кината во блу реј одеше и беше многу квалитетно.
 
Мислам дека ЕДО веќе долго време ава само стари филмови, сто пати репризирани или може да се начекаат нови?
Мислам дека им се заеба програмот за симнување торенти :D
 
Iskupuvanje-golema_20131225132444.jpg

Сабота, 28.12.2013 во 19:10 ч.

Искупување (Колибри) (Hummingbird-Redemption) - ПРЕМИЕРА
Без дом и во бегство од воениот суд, оштетен поранешен војник од специјална единица, водејќи го лондонското криминално подземје добива можност да преземе идентитет на друг човек и притоа да се трансформира во одмаздувачки ангел.
Режисер: Стивен Најт
Главни улоги: Џејсон Статум, Агата Бузек, Вики МекКлур
--- надополнето: 28 декември 2013 во 00:00 ---
Кој им прави сликиве на сајтов alfa.mk ?
Сликиве за сериите,емисии и др им се буквално во paint направени
најдена слика на google и во paint ставено текст со најглупиот фонт и боја , а погледнете Алфа тв прават добри шпици,и убави студија за вести

:facepalm: СРАМОТА !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom