За девојките: „Лошо момче“ - да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
535814_10152004651455502_1656044480_n.jpg
 
Имаше една поговорка што им ја кажувам на сите,а тоа е дека каква и да е игра и што и да правиш,ако девојката се свиѓа таа е твоја,тоа е лесниот дел,тешкиот е да ја задржиш.
Исто и ако идеме по истражувања за оваа тема,девојката бара и двете работи зависи до периодот на менструација,
Кога се во овулација бараат изразени машки карактеристики(лошо момче),а доброто момче во останатите периоди.
Затоа девојките што се со маж кој има мажествени карактеристики и ги задоволуваат нејзините потреби,тешко дека ќе го изневери.
Не велам да имаш тело на бодибилдер или фитнес модел,туку да имаш најнормално тело со 18-21 % телесни масти каде што е доволно да ти се изразат баш мажествените карактеристики.Ако не за тоа,барем прави го за себе,сепак здраствените ефекти од намалување тежина се далеку големи :)
набилдано тело и мажествени карактеристики се често обратно пропорционални.
 
Се изначитав на дефинирање на бедбојови. Мојот став е најблизу до на Лангелина и на Плавооко, за поимот.
Некој предходно ме цитираше како сум генерализирала кога сум пишала дека секоја девојка се пали на бед бој. Па се пали бре! Бар еднаш во живот се има попалено на бед бој и доживеала такво искуство со некој таков. Тоа ти е фаза во тинејџерски години. Многу лошо е ако не успееш да ја надминеш. За жал има и такви.
Сакав уше нешо да кажам, ама отиде мислата. Ќе ми текне...
 
Море, езеро тоа е ;) Џабе коментираме за „Лоши момци“ кога, жена што може да ти направи ни Господ Ѓаволот не може да го исправи. :rolleyes:

Корегирано.;)
 
Жените цел живот го поминуваат со некој "good boy". Со "bad boy" имаат само по некоја авантура. Првиот им дава сигурност, вториот возбуда во животот.

Дали тоа значи дека го вараат "good boy" со "bad boy"?
 
Дали тоа значи дека го вараат "good boy" со "bad boy"?
Не мора да значи. Имаш жени кои биле со таков/такви, па сега се мирни и повремено фантазираат...А имаш и такви на кои никогаш не им е доста...изневеруваат со кој стигнат. Се е индивидуално.
 
Не е алхохоличар,пуши не се дрогира,не е важно дали има кола/мотор,никогаш прв не прави проблеми,кон жените е мил... искрено да те прашам,ја имаш прочитано од Достоевски ,,Понижени и навредени'' ? јас ја имам прочитано уште на 16 години,и ко читав ова Дефиницијава исто како да ја читам таа книга.. извини ова е дефиниција за БЕД БОЈ или за ПИСАТЕЛ,ЗА НАЈМИРЛОЉУБИВ ЧОВЕК,ЗА ФИЛАНТРОП НЕКОЈ ? не сретнав ниеден дел од дефиницијава што ја објаснува придавката БЕД...
По постовиве и начинот на изразување и комуницирање се гледа дека си го читал Достоевски.На 16.
 
По постовиве и начинот на изразување и комуницирање се гледа дека си го читал Достоевски.На 16.

И многу други,само тој опис страшно ме потсети на таа книга.
 
И многу други,само тој опис страшно ме потсети на таа книга.
Ако си ја разбрал книгата како што треба,а не си ја разбрал затоа што си имал само 16,начелно не би требало постови да те потсетуваат на неа не пак дефиниции за чаршиски муабети како муабетов што си го правиме на темава.Би ти било понижување и хумор.Штотуку го масакрираше се она што го презентираше овде со само една единствена реченица,односно само едно име.Не ти требаше Достоевски да го вметнеш како его-столб.Можеше да го нафрлиш и него како руски бед бој со шубара како се коцка распашан со кило вотка до него или бивши робијаш,но неговите дела-не.
 
Навикнат сум на форумски хоштаплери и лешинари кои немаат никаква храброст ни на форум да бидат тоа што се,да имаат свое ЈАС и затоа спомнувам секогаш кого сакам,затоа што имам свое ЈАС а овие може само да лаат,патем тоа и им е работа.Не е Достоевски Бед бој туку дефиницијата од таа плавооко за тој некој си нејзин замислен бед бој што ни пие ни пуши,нема кола нема мотор.. тоа беше споредбата.Добив само таков впечаток.Уште да кажеше дека има докторат по филозофија и официјално комплетен Бед бој нема што..
 
Факт е дека секоја дама се пали на лошите момци, зошто си мисли дека тие може да ја заштитат......., но кога станува збор за брак истата таа дама сака добри момци, зошто самата знае дека од лошите момци може да биде повредена, а од добрите сакана :)
 
Навикнат сум на форумски хоштаплери и лешинари кои немаат никаква храброст ни на форум да бидат тоа што се,да имаат свое ЈАС и затоа спомнувам секогаш кого сакам,затоа што имам свое ЈАС а овие може само да лаат,патем тоа и им е работа.Не е Достоевски Бед бој туку дефиницијата од таа плавооко за тој некој си нејзин замислен бед бој што ни пие ни пуши,нема кола нема мотор.. тоа беше споредбата.
Океј,но ова е само обичен маалски муабет тука литература тешко дека ќе помине а и препукувањата кај Леандра како модератор. :) Индивидуална и сосем небитна е замислата на секоја форумџика за тоа што претставува за неа лошо момче (затоа што креаторот на темата се обраќа на девојките нели),бидејќи потекнува од поединечни искуства и дефиниции а оттука произлегува и одговорот кој се бара: ДА или НЕ.Затоа...chill.
 
Факт е дека секоја дама се пали на лошите момци, зошто си мисли дека тие може да ја заштитат......., но кога станува збор за брак истата таа дама сака добри момци, зошто самата знае дека од лошите момци може да биде повредена, а од добрите сакана :)

Оваа твојава дама што ја опишуваш како подвоена личност ми звучи :X3:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom