Млад маж, кој има карактеристики на немирно дете (немирно не знам дали е точниот збор). Самостоен и со желба за успех. Прави што сака, кога сака, како сака...Не следи мода, таа го следи него. Се облекува по негово, но секогаш ќе кажат "супер му стои". Не излегува на фенси места, туку на помирни, потемни...Не е алкохоличар, но сака да се напие од време на време. Пуши, не се дрогира. Не е важно дали има кола/мотор...и да ги има/нема, тоа е затоа што сам одлучил така. Никогаш прв не прави проблем со други, ама изгледа проблемот прв почнува со него...Кон жените е мил...знае да се пикне под кожа...Не бара љубов, не ја почитува жената како жена...сака само секс. И ништо повеќе. Ако случајно сретне некоја што ќе го смири, добро. А, ако сретне некоја што ќе го "отече со љубов" и ќе му галами дека не и возвратил...ќе најде друга (потивка) и ќе продолжи понатаму. На крај, ваков дечко/маж не бара од жена да го дефинира, да го потврди како таков, а уште помалку да му дозволи да биде bad boy. Тој е таков, ако ти чини добро...Ако не, кој те ...Ова е bad boy. Кога жена ќе рече дека сака bad boy, сака да каже дека сака маж кој директно ќе и каже дека сака да ја легне, без многу зборување одоколу или улизување.