Moviespotting 2014

Колку филмови сметате дека може да изгледате во 2014?


  • Вкупно гласачи
    118
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.756
Поени од реакции
39.232
Локација
Скопје
Целта на темава е едноставна: набројување на сите филмови кои ќе ги изгледаме во 2014, секако, со оценување на истите со оценки од 1 до 10. (ЗАБЕЛЕШКА: Филмовите не мора да бидат нови, од 2014, може да се дури и класици). Сфатете ја само како обичен бележник кој ќе ви помогне вам на крајот на 2014 да се вратите наназад, да сумирате и одново оцените што се сте изгледале. Секако - ќе им помогнете и на другите членови на форумов со тоа што суптилно ќе им сугерирате филм кои тие можеби го пропуштиле, а вреди да се изгледа. Оставете ги рецензиите на страна: истите пишувајте ги во Последен гледан филм со кратка рецензија или Предлог за филм со кратка рецензија, а сите коментари за филмовите пишувајте ги во Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија. Значи - се што тука правите е: набројување и оценување. Рецензиите и другите коментари за филмовите можете само да ги линкувате тука.

Со други зборови - оваа тема е само помлада сестричка на Ваша листа на филмови од 2013, но овојпат отворена нешто порано, со цел да се подготвиме за броењето, и да броиме додека гледаме. Затоа, до 01.01.2014 тука можете да ги пишувате вашите прогнози: колку филмови сметате дека можете да изгледате во 2014? Додадена е и анкета со истото прашање. А од 01.01.2014 - нека почне мисијата: Moviespotting 2014!
 
Сакав 365 - ама секојдневно по еден филм, башка колоквиуми, одмори трте мрте, нема да го исполнам предизвикот. Нека биде 300 - на IMDB имам 386 to watch така да за филмови ќе имам материјал, а и еве кажувам уште поредовен ќе бидам на кино премиерите од годинава, а и они нека бидат поредовни со премиери. :love: преубав ми е насловот...
 
Се сметаат краткометражни филмови ? :icon_mrgr:
 
Сакав 365 - ама секојдневно по еден филм, башка колоквиуми, одмори трте мрте, нема да го исполнам предизвикот. Нека биде 300 - на IMDB имам 386 to watch така да за филмови ќе имам материјал, а и еве кажувам уште поредовен ќе бидам на кино премиерите од годинава, а и они нека бидат поредовни со премиери. :love: преубав ми е насловот...
После колоквиумска секој ден по x3 и немаш гајле .
 
ја нез Коцка како ќе изгледа 365 филма покрај толку серии... :D
 
Искрено ја оваа година 2013 незнам дали 10 вкупно изгледав така да следнава година ке кажам пооптимистички 15, зашто сеуште имам "премиери " од пред 2,3,4 години симанти а ниеднаш неизгледани .....:icon_mrgr:
 
Да не беа серииве, цртаниве, документаркиве... па ќе се собереа негде 1000.
 
И јас во 2013 се посветив на сериите, па изгледав се на се 20-тина филма. Во 2014 ќе целам на 200 - има голем број филмови кои секогаш сум ги оставал на страна, затоа сега сериите ќе ги оставам на страна и ќе изгледам се што до сега сум пропуштил... вклучувајќи го и фамозниот Fight Club. :coffee:
 
Би требало да се фатат околу 100. Сериите ми одземаат време, повеќе и да сакам, не можам :D
 
100ка се гледа за 3 месеци, ама како за почеток тоа бирам. Колоквиуми она - ова може да ме зезнат ако земам 200 или 365 :D
 
јас пак не гледам многу многу серии во 2014 арчер (можда), гејм оф тронс секако, алмост хуман ако излезе секако и рома да ја догледам. Тоа ми е сега за сега, па ќе видиме во врска со сериите подоцна
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom