Музичко име на тапет : Coldplay

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Ги имав Origin и Absolution.

Така тие од почетоците на бендот. Ова ми беше ептен опасна песна, по малку стратотни чувства од не знам која причина ми создаваше кај оној делон For oneeeeee moment...

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Одминаа Мјуз, со еден ден каснење ни доваѓа поимот за класа, елеганција и во музиката и надвор од неа. Синатра дечки, американецот Френк и неговио начин.



Човекот бил музичар, глумец, талент, манекен, предмет по кој се палеле цури. Ќе се задржеме на таа неговата музичка страна, и неговото творештво.

Френсис Алберт Синатра, кој живеел од12 декември 1915 па се до 14 мај 1998 година бил американски пејач и актер. Започнувајќи ја својата музичка кариера во „свинг ерата“ со Хери Џејмс и Томи Дорсеј, Синатра станал успешен соло артист од почетокот до средината на 1940-та година, како идол на „боби соксерс“. Неговата професионална кариера подзапрела во 1950-та али во 1954 година доби „Оскар за најдобра машка споредна улога“ и неговата кариера му се преродува.

Потпишал со „Капитол Рекордс“ и издал неколку добри албуми In the Wee Small Hours, Songs for Swingin' Lovers, Come Fly with Me, Only the Lonely и Nice 'n' Easy. Синтра наполни 50 години во 1965-та, ја сними ретроспективната September of My Years, ја добил наградата „Еми“ за специјалната емисија – „Френк Синатра: Човекот и неговата музика“, и постигнал хитови со Strangers in the Night и My Way. Синатра направил обид да ги преброди променливите вкусови во популарната музика, но откако не беше слушана многу неговата музика и со глумењето во неколку лоши филмови, се пензионирал во 1971. По враќањето од пензијата во 1973 година, тој снимил неколку албуми; постигнал Топ хит 40 со „Њујорк, Њујорк“ во 1980г, и направил турнеи како во САД така и меѓународно, неколку години пред неговата смрт во 1998г.


Промена у темпо и стил на темава со цел да се разгиба и нови луѓе да ни влезат. Епа ајде.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Дополнување за оние кои сакаат да се запознаат подобро со животот на Френсис Алберт Синатра

Младост
Синатра е роден во Хобокен, Њу Џерси како единец на италијанските имигранти Натали Дела и Антонио Мартино Синатра. Го напушта средното училиште без диплома, присуствуваше само 47 дена пред да биде избркан поради неговото хулиганско однесување. Мајка му, позната како Доли, беше влијателна во соседството и во круговите на „Локалната демократската партија“, исто така спровела нелегален бизнис во нејзиниот дом; за овој прекршок беше уапсена неколку пати и два пати беше осудувана за истиот. Френк беше уапсен поради тоа што излегуваше со постара жена, кривичен прекршок во тоа време. Татко му Тони работеше во пожарната служба во Хобокен. Во време на тешките години во 1930-та кога Големата криза ја погоди Северна Америка, Доли сепак имаше сочувано пари за Френк, единецот на фамилијата, за неговите излегувања со пријателите и за модерна облека. Тогаш Френк некое време работеше како доставувач на весници во „Џерсеј Обсервер“ и како мајстор во бродоградилиштето „Тиетјан и Ланг“. Во почетокот на 1930-та Синатра почна јавно да пее.

1935–40: Почеток на кариерата, соработката со Џејмс и Дорсеј

Синатра прв обид за пеење во 1935 година, кога мајка му го наговори да се приклучи во локалната група (Тројцата тепкачи). Групата заедно со Синатра стана позната како „Хобокен Фор“ и тие многу го импресионираа Едвард Боус. По појавувањето во шоуто на Боус, „ Аматерскиот час на Мајор Боус“, тие добија 40000 гласови и ја добија првата награда - шестмесечен договор за изведба на сцена и изведба во радио низ САД.


Frank Sinatra, 1947
Синатра ја напушти групата „Хобокен Фор“ и се врати дома во 1935-та. Мајка му му обезебди работа како келнер-пејач и МЦ во „Рустик Кабин“ во Инглевуд Клифс, Њу Џерси, каде што му наплаќаа 15 долари неделно.
На 18 март, 1939 година, Синатра направи демо снимка на една песна наречена "Нашата љубов", со Френк Мане бендот. Плочата беше со потпис "Френк Синатра". Водачот на групата безбедно го чуваше оригиналот речиси 60 години. Во јуни, Хари Џејмс го потпиша договор со Синатра за 75 долари неделно. Бендот на Џејмс беше тој, со кој што Синатра ја издаде својата прва комерцијална плоча "Од дното на моето срце"(From the Bottom of My Heart) во јули, 1939 година - Американскиот „Бранзвик “ на 8443 место и Велика Британија, Колумбија ДБ 2150 место. Помалку од 8.000 примероци на „Од дното на моето срце” беа продадени, ја барале колекционери на плочи низ целиот свет, но плочата не можеше лесно да се најде. Синатра издаде десет комерцијални песни со Џејмс во 1939 година, вклучувајќи ја и "All or Nothing at All "(Сè или ништо), која имаше слаба продажба на почетокот, но потоа кога беше реиздадена во Колумбија, се продаваа милиони копии, и му ја зголеми популарноста на Синатра за само неколку години.
Во ноември 1939 година, на состанокот во „Палмер Хаус“ во Чикаго, водачот на бендот Томи Дорсеј побара од Синатра да му се приклучи на неговиот бенд како замена за Џек Леонард кој неодамна го напуштил со цел започне соло кариера. Оваа средба беше пресвртна точка во кариерата на Синатра, бидејќи со потпишувањето со бендот „Дорсеј“, еден од најжешките бендови во тоа време, тој стана попознат во американската јавност. Иако Синатра сè уште беше под договор со Џејмс, Џејмс ја препозна можноста што му ја нуди Дорсеј на Синатра и пристојно го раскина договорот со Синатра. Синатра призна дека му е голем должник на Џејмс и откако дозна за смртта на Џејмс во 1983 година, изјави: "Тој [Џејмс] е оној кој што направи сево ова да биде можно.“
На 26 јануари 1940 година, Синатра прв пат јавно настапи со бендот „Дорсеј“ во театарот „Коронадо“ во Рокфорд, ИЛ. Во неговата прва година со Дорсеј, Синатра издаде повеќе од четириесет песни, а со "Никогаш нема да се насмевнам повторно” (I'll Never Smile Again) се наоѓа на врвот на топ листите, дванаесет недели, започнувајќи во средината на јули.
Односот на Синатра со Томи Дорсеј беше проблематичен, заради нивниот договор, со кој што Дорсеј добива ⅓ од доживотната добивка на Синатра во забавната индустрија. Во јануари 1942 година, Синатра ги сними своите први соло сесии без бендот Дорсеј (но со аранжерот на Дорсеј, Аксел Стордал и со одобрување од страна на Дорсеј). Овие сесии беа комерцијално издадени на етикетата славеј. Синатра ја напушти групата Дорсеј во 1942 година по инцидентот, кој настана со гласините за вмешаноста на Синатра со мафијата. Приказната се појави во весниците „Херст“ каде што беше објавено дека мафијашот Сем Џијанкана го принудувал Дорсеј за да го раскине договорот со Синатра за неколку илјади долари. Оваа приказна беше добро преставена во филмот „Кум.“ Според биографијата на Ненси Синатра, гласините во „Херст“ беа наведени, поради демократска политика на Френк. Всушност, договорот беше купен од страна на МЦА основач Џулс Штајн за 75 000 долари.

1960–70: Ринг-а-динг-динг, „Репрајс рекордс“, Бејси, Жобим, „Мојот начин“

Синатра почна од 1960 година откако апстинираше во 1950-тите. Неговиот прв албум на декадата, „Добро и полека“, беше на врвот на Билборд шемата и се здоби со критички пофалби. Синатра беше незадоволен од „Капитол“ и реши да основа своја издавачка куќа „Репрајс рекордс“. Неговиот прв албум во оваа издавачка куќа „Ринг а динг динг“(1961), беше успешен и се најде на 4-то место на „Билборд“ и на 8 место во Велика Британија.
Својата четврта и последна композиција „Тимекс “ специјално се емитуваше во март 1960 година и постигна голема гледаност. Со наслов „Убаво е да се патува“, шоуто е попознато како „Добредојде дома Елвис“. Појавувањето на Елвис Присли по отпуштањето од војската беше некако ироничен; Синатра се имаше сперчкано со него во средината на педесеттите години, велејќи: „Неговиот тип на музика е непристоен, запален афродизијак. Тој поттикнува негативни и деструктивни реакции кај младите луѓе. “ Присли одговори: „.. [Синатра] е успешен човек и добар актер, и мислам дека тој не требаше да изјави така ... [рокенролот] е тренд, и е ист како кога и самиот Синатра започнал да го пее пред многу години. “ Подоцна, со цел да биде комерцијално издржлив, Синатра му го сними хитот на Присли „Љуби ме нежно “, како и со работата со Пол Сајмон („Г-ѓа Робинсон“), Бителси („Нешто,“ „Вчера“), и Џони Мичел („Двете страни сега“).
Искачувајќи се кон врвот со филмот „Кан Кан“ , понатаму беше и „Единаесеттемина на Оушн“, филм кој што беше емитуван најмногу поради „Рет пек“. На 27 јануари 1961 година, Синатра направи шоу во „Карнеги Хол“ за Мартин Лутер Кинг Џуниор. Тој одигра значајна улога во десегрегацијата во хотелите и казината на „Невада“ во 1960-тите. Синатра заедно со неговите членови на „Рет пек“ и соработниците со „Репрајс рекордс“ одбивајќки да ги поддржи хотелите и казината каде што не им е дозволено на пејачи црнци да свират, или не им е дозволен влез на црнци покровители. Тој често би искоментирал на сцената нешто во врска за десегрегацијата, и постојано играше некои движења на Кинг. Според Френк Синатра, Џуниор, за време на шоуто во 1963 година Кинг се расплакал кога Синатра ја испеал „Ол’ мен ривер“ песна од музичкото шоу „Шоу боат“, каде што е испеана од еден афроамерикански крајбрежен работник.
По 11-ти и 12-ти септември, 1961 година, Синатра ги снимаше своите последни песни во „Капитал рекордс“. Во 1962 година, заедно со Џенет Ли и Лоренс Харви, тој глумеше во политичкиот трилер, „Манџурискиот кандидат “ како Бенет Марко. Истата година, Синатра и „Каунт Баси“ соработуваа за албумот „Синатра-Баси“. Ова популарно и успешно објавување ги поттикна да се вратат две години подоцна за следната изведба „Тоа би можело да се заниша,“ која што беше обработена од Квинси Џонс. Еден од многуте амбициозни албуми на Синатра во средината на 1960-тите години, „Концертот на Синатра“ , беше снимен со симфониски оркестар од 73 инструменти на 35мм лента.
Првиот албум во живо „Синатра кај песоците“ на Синатра, беше снимен во јануари 1966 година во „Сендс хотел енд казино“ во Лас Вегас. Во јуни 1965-та, Синатра, Семи Дејвис Џуниор и Дин Мартин свиреа во живо во Сент Луис во корист на „Дисмас хаус“. Концертот се пренесуваше во живо преку сателит во повеќе кина низ Америка. Издаден во август 1965г. албумот „Септемрви на моите години“, ја доби „Греми наградата“ за најдобар албум, со антологијата „Човекот и неговата музика “ која што беше во ноември, за која добива „Греми“ за албум на годината во 1966 година. Специјалната емисија „Френк Синатра“ : „Човекот и неговата музика“ ги освои наградите „Еми“ и „Пибоди“.
Во пролетта, се појави „Ова е животот“, и двете, и песната и албумот, стануваат топ десет хитови во САД на поп листите на „Билборд.“ „Странци во ноќта“се наоѓа на врвот на поп листите „Билборд“ и британските поп листи, освојувајќи ја „Греми“ наградата „Песна на годината“. Албумот со истото име, исто така, во „Билборд“ го достигна 4-то место во Велика Британија.
Синатра започна 1967 година со на важни песни со Антонио Карлос Жобим. Подоцна во текот на годината, направи дует со ќерка му Нанси, "Нешто глупаво", беше на врвот на поп топ листите во „Билборд“ и во Велика Британија. Во декември, Синатра соработуваше со Дјук Елингтон на албумот „Френсис А. и Едвард К.“
Во текот на доцните 1960-ти, менаџерот Ли Солтерс повика колумнисти со нивните брачни другари во соблекувалната на Синатра токму пред тој да излезе на сцената. "Њујоркер“ раскажува: „Првиот колумнист кој што го направи ова беше Лери Филдс од „Филаделфија Дејли Њуз“, чија што сопруга се онесвести кога Синатра ја бакна на нејзиниот образ. „Погрижете се за тоа, Ли,“ рече Синатра, и замина.“
Повторно на телевизијата, Синатра повторно работеше со Жобим и Ела Фицџералд на специјалната емисија „Човекот и неговата музика + Ела + Жобим.“ „Ватертаун“ (1970) е еден од најценетите албуми на Синатра, но беше игнориран од страна на јавноста. Беа продадени само 30 000 копии, и достигнување позиција на 101 место, неговиот неуспех му стави крај на плановите за специјална емисија за неговиот албум.
Со Синатра, пејачот и текстописец Пол Анка ја напиша песната "Мојот начин" инспирирана од францускиот " Comme d'habitude " („Како вообичаено“), компонирана од Клод Франсоа и Жак Рево. (Песната била претходно порачана за Дејвид Боуви, чии што стихови не им се допаднаа на менаџерите.) „Мојот начин“можеби повеќе би се идентификувала со него отколку со кој било друг, со неговата седумдесет годишна работа како пејач.

Личен живот
Синатра имаше три деца, Нанси, Френк Јуниор, и Тина, сите од својата прва сопруга, Нанси Барбато (оженет од 1939-1951). Тој беше женет уште три пати, за да актерките Ава Гарднер (1951-1957) и Миа Фароу (1966-1968) и со Барбара Маркс (оженет 1976), со која што беше во брак до неговата смрт.
Во текот на неговиот живот, Синатра имаше променливо расположение и запаѓаше во депресија, симптоми на биполарно растројство, претходно позната како манично - депресивна болест. Тој го призна ова, раскажува водителот на интервјуто во 1950-тите: „Да си 18- каратен манично – депресивна особа, и да живееш со насилно емоционални спротивставувања, тоа е да имаш преостар капацитет за тага, како и за емоција. “ Во мемоарите „Татковата ќерка“,ќерка му Тина пишуваше за забелешката " осумнаесет-каратен ": „Лекомислен тато може да биде кога станува збор за неговата психичка состојба, верувам дека со една таблета „Золофт“(Sertraline hydrochloride) на ден би можел да ги контролира демоните во него. Но, таков вид на лекарство го немаше со децении. “
„Синатра беше ... првата модерна поп-ѕвезда ... По стапките на неговиот идол Бинг Крозби, кој е пронаоѓач на микрофонот, Синатра се прослави со користење стихови од лично, интимно гледиште и имаше големо присуство на еротика во текстовите ... Речиси сам, тој помогна да доведе до заживување на испеана свинг музика која што ја направи американската поп музика, да достигне едно ново ниво на музичка софистицираност... Неговите песни во 1950-тите... беа инструменталки, и тој направил правило за литературна американска поп песна. " Стивен Холден

Смрт
Синатра страдаше од сенилна деменција во неговите последни години од животот и немаше никакви јавни настапи по срцевиот удар во јануари 1997 година. Откако доживеа срцев напад, тој умре во 22:50 часот на 14 мај 1998 година, во „ Медицинскиот центар- Седарс-Синај “, само со неговата сопруга Барбара до него. Бил 82 години. Последните зборови на Синатра, кои што пробал да ги изусти, беа за да го стабилизираат, беа "Јас се губам." Неговата смрт беше потврдена од страна на семејството на Синатра на нивната веб-страна со изјава придружена од верзија на неговата снимка „Нежно како што те оставам.” Следната ноќ светлата на Лас Вегас Стрип беа изгаснати во негова чест. Претседателот Бил Клинтон му одаде почит на Синатра, изјави дека тој успеал „да цени лично што милиони луѓе ценат од далеку.“ Елтон Џон изјави дека Синатра „беше едноставно најдобар – ниту еден не му е рамен.“ На 20 мај 1998 година во црквата Божјиот Пастир во Беверли Хилс, се одржа погребот на Синатра, со 400 ожалостени луѓе кои присуствуваа внатре и стотици обожаватели надвор. Грегори Пек, Тони Бенет, и Френк Јуниор се обратија кон ожалостените луѓе, меѓу кои беа Џил Сент Џон, Том Селек, Џои Бишоп, Феј Данавеј, Тони Кертис, Лиза Минели, Кирк Даглас, Роберт Вагнер, Дон Риклес, Нанси Реган, Енџи Дикинсон, Софија Лорен, Боб Њухарт, Миа Фароу, и Џек Николсон. Приватната церемонијата се одржа подоцна истиот ден во Св. Тереза, Католичката црква во Палм Спрингс. Синатра бил погребан со следење на традицијта, закопан е до неговите родители во делот Б-8 на „Дезерт меморијал парк“ во „Градската катедрала“, тивки гробишта на Рамон Роад на границата на катедралата со „Ранчо Мираж“ , во близина на неговиот познат комплекс Ранчо Мираж, лоциран на дрвообложената Френк Синатра Драјв. Неговите блиски пријатели Џили Ризо и Џими ван Хјусен се закопани во близина на истите гробишта. Зборовите: "Најдоброто допрва треба да дојде", се впишани на надгробната плоча на Синатра. Филмски портрети[уреди]
Во 1992 година, ЦБС емитуваше телевизиски мини-серијал за животот на изведувачот Синатра, во режија на Џејмс Стивен Седвит, а Филип Касноф го глуми Синатра. Започнува со детството во Хобокен, Њу Џерси, филмот го следи подемот на Синатра кон врвот во 1940-тите, низ мрачните денови на почетокот на 1950-те и неговото повторното враќање во средината на 1950 година, со неговиот статус како поп-културна икона во 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите. Во филмот се раскажува за сите главни настани во животот на Синатра, вклучувајќи ги и неговите три брака, неговите врски со мафијата и неговото озлогласеното пријателство со „Рет Пек“. Дури и со присуството на Тина Синатра, како извршен продуцент. Касноф доби номинација за „Златен глобус“ за неговата глума.
Во 1998 година, Реј Лиота го глумеше Синатра во ХБО филмот „Рет Пек“, заедно со Џо Мантенга како Дин Мартин и Дон Чидал како Семи Дејвис Џуниор. Овде е се раскажува за нивната улога при изборот на Џон Ф. Кенеди како претседател на САД во 1960 година.
Себастијан Анзалдо го глуми Синатра во филмот „Солзите на кралот“, а исто така ја игра и улогата на Синатра во една епизода на „Следното добро нешто“.
Брет Ратнер е во моментов снима филм за мемоарите на Џорџ Џејкобс „Господинот С“: „Мојот живот со Френк Синатра. “ Џејкобс, кој му беше личен слуга на Синатра, ќе го глуми Крис Такер.

Така момци и нешто за нас да има тука. Добра идеја бидејќи на овој подфорум има и останати членови. Синатра е музичка икона за мене и се вбројува помеѓу најдобрите од 60 - 70тите. Иако доста често слушам и останати музички жанрови но секако барем два пати неделно мора да пуштам од него. Затоа и на некој начин и се вбројува помеѓу најслушаните личности кои јас сум ги слушал до сега.

Се на едно место што мене ми се допаѓа го има во видеово кое исто така и најгледано.


Останати кои исто така ми се допаѓаат...

 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Шоумен! Невидена харизма, шармер, боем, љубител на жените и со право си го носи надимакот сините очи. Личност како Френк се раѓа еднаш во 1000 години. Нема таков веќе. Самото негово излегување на сцената ја доловува неговата марканта појава и стил, независно дали пее пред илјадници луѓе во публика или е потпрен на клавирот со неговиот омилен Џек Даниелс (строго two fingers of Jack and a splash of water) ова му било заштитен знак.
Секогаш среден, струкиран и со цигарчето. Нема човек што така шармантно знае да води љубов со цигарата. Таа негова екипа нарачена Rat Pack составена од него, Дин Мартин, Семи Дејвис џуниор, Питер Лафорд и Џои Бишоп воведоа чуда во перформансот на сцена, независно дали е тоа музиката, филмот или комедијата.
Ги сакам затоа што беа хедонисти, го изнаживеаа живот до крај, до последна капка. Пееа, пиеја, љубеа, оставија трага, си заминаа како ѕвезди а станаа легенди.

Слава им...

 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.959
Поени од реакции
50.940
се сте опфатиле од живот и дело останува само да го ставам мојот личен фаворит​
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Има еден албум со Antonio Carlos Jobim - многу често го слушам во последно време. Чил оут од 60-ти години - Girl from Ipanema - фазон, одлична комбинација од гласот на Френк и нереалната музика на Џобим.
Ете и предлог него да го стаите на тапет некој ден - фантастично инспиративен музичар....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Каков крал значи, најјак е човеков!
Него мора да го слушаш онака мерачки, не ми е изведувач кој можам туку така да го слушам, онака на нога. Најчесто го слушам во зимни периоди, кога надвор е кочан ладно, а ти си седиш дома, пиеш греено винце, гледаш надвор во пустите улици и си леташ некаде со мислите во некој подобар свет. Му ги обожавам текстовите. Не се прават веќе такви мерачки текстови, да слушаш и да посакуваш некој на увце да ти ги пее песните.
Исто и обожавам да го слушам летно време, глува ноќ, ти го слушаш Синатра и патуваш на некои подобри места. Аххх...убавини....:love:
Ете тоа се моите чувства (чувства, а не мислење - зошто човек ко Френк Синатра се чувствува, а не се рационализира :icon_mrgr:) за Френк Синатра, а меѓу омилените песни од него, а не е веќе ставена е:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
m'kay, идеме класа аген. Идеме проверено. Идеме со легенди.



Лед Цепелин на нашки,

Led Zeppelin, англиска рок група основана во 1968 година составена од гитаристот Џими Пејџ, пејачот Роберт Плант, тапанарот Џон Бонам и басистот Џон Пол Џонс. Со својот тежок гитарски блуз-рок звук, Цепелин често се ословуваат како зачетници на музичките правци хеви метал и хард рок, иако индивидуалистичкиот стил на групата потекнува од многу извори и и ги надминува сите останати жанрови. Лед Зепелин не издаваа песни како синглови од своите албуми во Британија, бидејќи претпочитаа да развијат концепт на „рок ориентиран на албуми“. По повеќе од 30 години од распаѓањето на Лед Зепелин поради смртта на Џон Бонам во 1980 година, тие продолжуваат да бидат високо ценети за нивните уметнички достигнувања, комерцијален успех, и широко влијание. Групата продаде над 200 милиони албуми во светот според некои извори, додека други извори велат дека продале повеќе од 300 милиони копии, вклучувајќи 111,5 сертификувани примероци во САД, правејќи ги една од најдобро продаваните мизички артисти на сите времиња, како и втор најпродаван бенд на сите времиња во САД. Сите нивни оригинални студиски албуми се пробиваа на Топ 10 листата на албуми во САД, од кои шест го достигнаа првото место.



Списанието Ролинг Стоун(не не тоа горното весниче на сликата шо е) ги опиша Лед Цепелин како најтешкиот бенд на сите времиња, најголемиот бенд во 70-тите години и несомнено еден од најиздржливите бендови во историјата на рок музиката. Слично на ова,Рокенрол Холот на Славните, во 70-тите години ја опиша групата дека била исто толку влијателна во таа деценија како што биле Битлси во претходната. Во 2007 година, живите членови на Лед Зепелин повторно се обединија, заедно со синот на Џон Бонам, Џејсон, за концертот во чест на Ахмет Ертегин во O2 Арената во Лондон. На групата и беше доделена награда за Најдобар настап во живо за нивното еднократно обединување на МОЏО наградите во 2008 година, каде што беа прогласени за „најдобра рокенрол група на сите времиња.


Краток биографски увод за цепелиновците и оставам на вас да зборнете за албумите, творештвата, плагијатите?, тоа шо им вреде и тоа шо не им вреде. Ајде, сите ги знаете нив, ајде сеа гукнете да видам!

Според вас дали требаше да се растурат по смртта на Бонам или да бараа друг тапанар?

Ќе оставам некој друг да gi постира stairway to heaven, whole lotta love, kashmir итд, ја ќе идам со хипстерско.


Очекувам дискусија еб аго.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.670
Поени од реакции
4.361
Си заборавил да спомнеш и дека се најголемиот плагијатор-бенд, барем од оние што се сметани за врвни музички имиња во историјата. :)
Ги обожавав во средно, и сега можам да постирам десетици песни од нив кои сум ги преслушувал по сто пати, али цела почит за нив ја изгубив кога дознав дека половина од темите не се нивни авторски песни, туку вешто преработени теми од други музичари.
Инаку за влијанието што го имаат извршено врз оние по нив нема дискусија, тука се рамо до рамо и со Битлс, не сум прочитал за ниеден хард-рок бенд кој не им симнува капа на момциве. За тоа секоја чест.
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.074
Поени од реакции
7.035
Led Zeppelin, најдобриот бенд во историјата. Yeah better even then The Beatles. Незнам што друго да се додаде. Никој не им приоѓа блиску ни Пинк Флојд ни Ролинг Стоунс.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
сите прават преработки, ама не секој може да направи квалитетна преработка, дури и подобра од оргиналот. во тоа е мајсторијата на лед цепелин. не е важно од каде дошла инспирацијата, важно е делото. дали е помалку важно ако добиле инспирација од бетовен? или од шуштењето на викторијанските водопади? не сакам да звучам грубо кукузел, не ми е целта да те критикувам, него да го објаснам моето мислење на работите што ги спомна.
ај сега за другите работи околу лед. бев клинец, ....... уште не бев заодел во средно, средина на 80-тите, кога еден комшија ги пушти. појма немав кои се. но звукот на гитарата на пејџ ме зема (многу подоцна ги открив и хендрикс, и ваи, и сатриани). едноставно не можев да и одолеам. појма немам и која песна беше во прашање. ми ја кажа човекот, али кој да запамти. но затоа ми пушти уште од нив. :love: и ги фурав така некое време додека не почнав да го слушам и гласот на плант. у јбте, па он имал глас ипол. не е некое wanna be пеач, со гласче кое едвај испушта звук, него глас кој полека полека те плени. карактеристичен по сите основи. нема ниеден сличен. земете само immigrant song и се ќе ви стане јасно.
него, темава ме потсети на една дисусија со еден форумџија од тука. нормално и он е фан на цепелин. (y) имено, се работи за една моја случка со луѓе кои не се фанови на рокот. и нормално, како такви појма немаат за цепелин, а нон стоп ме контрираат. излегува филмот годзила некаде во 90-тие години, и ударната насловна нумера (come with me) ја изведува паф деди/пи диди, или како и да му е уметничкото име, го смени 5 пати. луѓево со кои седам и појма немаат од цепелин, ми викаат, си ја слушнал ли песната од филмот? лелеелел, топ е, невидена работа, ..... полна со енергија и сл. кога сум фатил да се смеам, пола саат не можев при себе да седам. они ме гледаат и прашуваат што се смеам. викам, вие не сте нормални. вие фолкаши викате за песнава дека е добра? они, ДА, ако сме фолкаши, мора да се признае дека песната е супер. мој одговор, вие не сте нормални, знаеле ли дека песнава е 20+ години стара? :confused:они збинка. како бре? не бре, нова е, сега само што излезе за филмот. ....... нормално, успеав да им докажам дека не се во право (дека се работи за кашмир), но ќе ми остане во сеќавање нивното инаетење. :pos:
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Абе скот (у позитивен смисол, да не ми земеш за зло), нејќеш да ме рекламираш а? :D Што знаат бе деца што е 300 кила, земе на грб па носи :pos:


А што да се каже за Цепелините, уникатни е единствени во својот музички опус. Штета што првата асоцијација на Led Zeppelin e "Stairway to Heaven". Не дека песната не вреди, напротив е мајсторски сработена. Иако многумина ќе речат дека е плагијат. Од бенд тотален анонимус, Таурус, за кој што не би ни разбрале ако не се појавеше "Stairway". Не знам, не сум толку музички образован за да препознаам плагијат од “користена инспирација“. Целата композиција на песната е сосем инаква, преработена со прекрасен текст, и 8 минутно музичко уживање, мене овие две песни не ми личат. Направете сами споредба, солото на почетокот заличува но...


Уште за неколку песни се кажува дека се плагијат, но тоа не ја намалува вредноста на опусот на маестралните Цепелини.
Секако мојот фаворит, барем по мене (не ме гаѓајте сега одма, нема зрели патлиџани) најдоброто од нив.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.690
Поени од реакции
34.204
Led Zeppelin, најдобриот бенд во историјата. Yeah better even then The Beatles. Незнам што друго да се додаде. Никој не им приоѓа блиску ни Пинк Флојд ни Ролинг Стоунс.

Floyd > Zeppelin > Beatles > Stones :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Муабетите за плагијати мене лично воопшто не ми се битни. Битна ми е музиката, па ако сака нека е крадена и од бугарски композитор кој работи во Планета ТВ. Музиката на Лед е нешто маестрално, премногу силна музика и што е најважно премногу разновидна. Бидејќи тоа е нештото што најмногу ми се допаѓа кај нив, ќе постирам еден линк out of the ordinary, за мене една од најубавите изведби на баткиве.
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.074
Поени од реакции
7.035
Floyd > Zeppelin > Beatles > Stones :D

Ствар на вкус ти е тоа али ипак ако се земе се Цепелинот е 1 :icon_lol:
--- надополнето: 24 декември 2013 во 21:10 ---
Муабетите за плагијати мене лично воопшто не ми се битни. Битна ми е музиката, па ако сака нека е крадена и од бугарски композитор кој работи во Планета ТВ. Музиката на Лед е нешто маестрално, премногу силна музика и што е најважно премногу разновидна. Бидејќи тоа е нештото што најмногу ми се допаѓа кај нив, ќе постирам еден линк out of the ordinary, за мене една од најубавите изведби на баткиве.

Едино оригинално DVD што имам е ова :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom