Греам 25 квадрата дневна соба со кујна, климата е тошиба сузуми плус 13-ка. Куќа со стара столарија и класична фасада без изолација.
Денес мерено во 19.00 за 24 часа работа точно 10кв. Ова го пишувам со цел да се добие увид не во мојата клима туку општо за инвертерите.
Околу температурата во собата, за мене 20 степена во овие услови е идеално. На втори спрат во истите услови греам со термо печка, полни на ефтина струја, насабајле наполнета во собата е 15 степена, а да качи 20 степена треба да дува цело време и попрво ќе се испразни скроз него ли да качи толку. Потрошувачката и е од 40-50 кв на ефтина струја на вечер. 23-24 степена вистински се добива само со дрва, сум се греел и на дрва, но немаш никаква контрола на температурата, во еден момент е толку жешко и отвараш да се ладиш, или на парно кое во скопски услови ако имаш инсталирано броило ќе го откажеш одма по првиот месец кога ќе видиш сметките. Дрва само да кажам дека во овие услови нема шанси да поминеш без еден кубик на месец и тоа со ложење само преку ден од сабајле до вечер.