Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Ок. Фала ти за помошта па ќе пишам утре што ќе направам.

Кучето е подобро,расположено си е си игра и што е најважно не одбива храна. Не повраќа, а во последниве 24 часа три пати има излезено во вц во многу мала количина . Проливот е погуст и само последниот пат имаше многу малку светла крв. Денес прими ампула NELOREN и пола таблета реглан. Се надевам ќе му биде добро и дека нема парвовироза.
 
Здраво. Имам проблем со кучето, доколку ми одговори некој ќе му бидам благодарен затоа што од ветеринарите кај што го носам не добив соодветен лек.
Лабрадорот има фатено шуга или краста пред 3,4 месеци и почнува да се шири.
Кога ќе се изгуби од едно место се јавува на друго.
Има кругови без влакна и црвена кожа која ја каса, чеша со уста и му тече крв. (крвта му тече од струпчиња кои ги корне, личат на згрудена крв).
Благодарам
 
Прво ако треба потражи и трето мислење, на форум ние тешко можеме кучето да го излечиме. Што имаат препишано ветеринарите за терапија, колку време е терапирано, како е терапирано? Дали кучето е прочистено и од болви? Кажи од каде си па да ти препорачаме и трет ветеринар.
 
Од Прилеп сум.
Фаќаше болви, беше редовно третирано со ампула која се нанесува по рбетот и кафена течност што се раствора во вода и мириса на бензин.
А третманот против шугата беше инјекција и маст но незнам што му ставија
 
Ќе прашам за ветеринар од ПП кој можат да го препорачаат и ќе ти пишам. Кожните паразити се досадни и бараат подолготрајно лекување.
 
Здраво. Имам проблем со кучето, доколку ми одговори некој ќе му бидам благодарен затоа што од ветеринарите кај што го носам не добив соодветен лек.
Лабрадорот има фатено шуга или краста пред 3,4 месеци и почнува да се шири.
Кога ќе се изгуби од едно место се јавува на друго.
Има кругови без влакна и црвена кожа која ја каса, чеша со уста и му тече крв. (крвта му тече од струпчиња кои ги корне, личат на згрудена крв).
Благодарам

Направи тест за лишманија, обавезно. Мене ова не ми мириса на арно. А за ветеринар во Прилеп, немаш асален. Единствено да си дојдеш до Ск, па да ти го средат кучето со сите можни тестирања. Пп немаат нит апаратура нит ништо. Може да ти дае дијагноза од око. Неможат ни крвна слика да проверат а не пак паразити.
 
Ќе може ли некој да ми препорача добар ветеринар за глодари(морско прасе) од Скопје.
Ако може и број нека ми даде за да се контактирам.
--- надополнето: 13 декември 2013 во 16:58 ---
Еве што е проблемов.И тече крв од ректумот,не јаде и нонстоп лежи.
Ако имал некој сличен проблем со неговото морско прасе нека кажува решение.
 
Однеси го кај Диме. Сигурно има решение некое. Сум го видела дека лечи неколку пати морски прасиња. -078370392, чуј се може и ќе ти даде некој совет.
 
Направи тест за лишманија, обавезно. Мене ова не ми мириса на арно. А за ветеринар во Прилеп, немаш асален. Единствено да си дојдеш до Ск, па да ти го средат кучето со сите можни тестирања. Пп немаат нит апаратура нит ништо. Може да ти дае дијагноза од око. Неможат ни крвна слика да проверат а не пак паразити.

Благодарам. Тој тест за лишманија ми го препорачаа да го направам.
Неможам кучето да го носам во Скопје, можам само да однесам примерок крв и слики од заболеното место.
Како се чува, колку да стои крвта, имало и разни епрувети посебни. Мислам дека ќе имам можност кај некоја професорка на ветеринарен да го направи овај тест, затоа што мој пријател истиот ден треба да го носи неговото куче кај неа на преглед. Ќе ги пратам епруветите по него.
 
Професорката се вика Јована Стефановска, предава паразити :) Одличен професор и уште подобар познавач на лишманијата. Се надевам дека не е тоа. Во врска со епруветите, мораш да прашаш за тестот каква крв треба, дали полна крв или серум, па според тоа, во таква епрувета ќе ти извади крв ветеринарот.
 
На мојава и земаа крв од нога, па после со серумот за лишманија се меша, али тоа таму си го праат. Најнормален примерок од крв им треба.
 
Најнормален примерок :D абе и двата се нормални примероци, само прашање е дали треба серум или полна крв. Разликата е во тоа што едното е што едното има фибриноген, а другото нема. Значи дали крвта во епруветата треба да остане течна или може да коагулира и од неа да се одвои серумот. Во твојот случај, тестот е направен веднаш по вадењето на крвта, додека во неговиот случај крвта треба да биде транспортирана, што значи дека таа доколку не биде во соодветен вакутајнер, ќе коагулира, при што се губат одредени компоненти. Јас не знам што е потребно, затоа и реков да си праша. :)
 
Ти треба обичен вакутајнер,без антикоагуланс. Тешко дека без центрифуга ќе издвојат серум,но и со коагулирањето при транспортот ќе се издвои серумот. Најдобро е да се извади крв утрото пред да тргнува пријателот за Скопје,ако не откога ќе се издвои серумот (со стоење на примерокот на топло место) примерокот се чува во фрижидер - обичен. Ако веќе праќаш слики,прати и примероци од кожа од променетите места - може да ти ги направи ветеринарот што ќе вади крв,се ставаат во зип-кесичка (не е лошо да си набавиш ако нема ветеринарот) а се зема така што со скалпел се застругува кожата на границата помеѓу променетиот и непроменетиот дел. Така ќе има подобра можност за дијагноза на проблемот. Во секој случај,примероците е најдобро да бидат што посвежи.
 
Дечки за кастрирање женска мачка во скопјево каде/колку/што ,ако има некој искуство нека сподели. Ми рекоа да идам во аерродром али докторот ја затворил клиниката
 
Однеси ја кај Диме во Капиштец, или кај Владо, се наоѓа до Бугарската амбасада.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom