Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Ај некој совет ќе ве молам за кастрација на Мачорче (8месечно). Значи ветеринарката ми препорача да го кастрирам мачето ако сакам да му го продолжам животот, као кастрираните домашни мачиња живееле во просек повеќе. Дека заталкуваат кога одат по мачки во циклус на парење , ги газеле коли итн итн. Ако не го кастрирам ми рече сум го препуштала на природата. Мачето ми е навистина како член на фамилијата многу го сакаме сите дома, спие со нас во кревет итн итн... затоа и сакам да направам тоа што е најдобро во случајот,само страв ми е да не има некој лоши последици од кастрирање, дали физички или ментални... фала однапред.
Ќе биде помирен, нема да бележи територија, нема да се тепа со мачори иииии ќе ти се здебели :D затоа ќе припазуваш на исхраната. Друго ништо.
 
Имам куче старо 3 години, весело е, палавко. Но последниве два дена од спиење кога станува веднаш седнува така тажно неколку минути и очите му се црвени...... знаете ли што може да е?
 
Имам кучка германски териер стара 12 год. и денеска ја слушнав почна да лае чудно ( инаку додека е затворена си лае на се што мрда, а кога ке ја пуштам веднаш губи интерес за тоа за што лаела предходно и само по мене иде ), но денеска ми звучеше чудно некако, лаеше некако изнемоштено, како едвај да пушта глас, не беше чисто и одсечно лаење, туку некако како да се жали на нешто, нешто измеѓу лаење, квицкање и завивање.. Отидов до кај неа, ја видов дека се тресе, ја пуштив и неможеше да оди нормално, туку се тетерави како пијана да е, де лево де десно. Ја внесов внатре, да се стопли, викам да не е од времево студено, ама никош досега преку зима се нема однесувано така, башка и има еден куп партали ( ќебиња, сунѓери и сл. ) во куќарката, плус и самата куќарка е изолирана со стиропор, опшиена со алуминиумски лим да нема влага и слично, заграден бокс и ред други работи, значи за 12 год ова сега вака прв пат се однесува. И еве веќе 3 часа поминаа, таа уште се тресе и уште е дезориентирана, уште неможе да оди право, се тетерави, се занесува, а кога ќе ја повикнам, реагира, ме слуша, сака да дојде до мене... како пијан човек е - свесна, ама немоќна за ништо... и ме плаши... ветеринарната станица е веќе затворена, докторот што го познавам неможам да го добијам на тел. ке чекам до утре од сабајле да ја однесам... дали има некој што му е познато сево ова, дали знае што може да и се случува, никогаш порано несум видел куче вака да се однесува, а сум чувал разно-разни... знам како изгледа и како се однесува отруено, затруено куче, не е вака...
--- надополнето: 2 декември 2013 во 17:43 ---

Не е епилептичен напад, епилепсијата најпросто речено е серија на несвесни грчеви кои го зафаќаат телото и трае неколку минути.Гранд мал напад може во некои случаи да трае и 20-30 минути но не подолго, не со часови. После него најчесто кучето се однесува како ништо да не му се случило.
За ова дефинитивно треба детално да го прегледаат кучето на вет, проблемот веројатно е поврзан со староста на кучето, но треба дефинитивно да се прегледаат ушите и да се извршат невролошки испитувања - не е ништо страшно, тоа може и самиот вет да го направи. Проблемот треба да е на главата (мозокот) или ушите според симптомите.
 
УУУУ, Док, од огромно значење се ушите овде местоположбата, поврзаноста со мозокот и како што ти кажа и Пепа ( :P ) центарот за рамнотежа. И успат Словенија :гик: - вестибуларен синдром кај стари кучиња - што мислиш? Мислам дека имаш потенцијален кандидат за дискусија со колегите таму.
--- надополнето: 2 декември 2013 во 23:30 ---
Поправилно речено би било не оштетен туку зафатен, и симптомите (барем тие што ни се овде пишани) укажуваат на тоа. Дефинитивна дијагноза само со преглед.
 
Го кастрирав мачето пред 2-3 саата, фала богу добар е свесен, само што е пијан од анестетикот и нема рамнотежа главата му клима лево десно.. сака и да јаде а не смее.. за колку време ќе се стабилизира ако има некој искуство ? и дали вечер може да му дадам малку вода и јадење..
--- надополнето: 3 декември 2013 во 13:46 ---
иначе веќе е на нога нинџата сака да шета :нинџ: :)
 
Ако сака да јаде дај му, инаку вода нека има обавезно :)
 
Мене ме интересира кај го кастрираше мачето(машко или женско?)

Го кастрирав тука во Струмица( зошто кој? ), машко е еве го ми спие во скут :) . Не се напил вода сеуште нит сака да јаде....но стабилно пешачи по дома веќе само сака да ја лиже раната а јас го спречувам(читав као може да ја инфицира раната)....
 
Чисто ме интересираше кој доктор бил,ама не знам од струмица никој :)
А за да се инфицира,па незнам баш,ама мачките имаат рапав јазик,може да си направи мал проблем со конците,ништо страшно,вашно е да си е во ред со него :)

Докторка е, Славица се вика еве јавен поздрав до неа многу е грижлива фина и полна со совети, ја препорачувам на сите во Струмица и околината :D . А конците во цела гужва не разбрав дали ќе паднат сами или треба да ги вади ветеринар?
 
Го кастрирав тука во Струмица( зошто кој? ), машко е еве го ми спие во скут :) . Не се напил вода сеуште нит сака да јаде....но стабилно пешачи по дома веќе само сака да ја лиже раната а јас го спречувам(читав као може да ја инфицира раната)....
Постоперативно се дава антибиотик и тоа со продолжено дејство, баш поради заштита од инфекции. Јас не ни очекував нити да јаде нити да пие :) тоа е нормално поради анестезијата. Може утре некаде попладне веќе да почне нормално да се храни.
 
Не знам за тоа антибиотик дали му дала докторката, не верувам само со некој спреј со плава боја е испрскан на местото на злосторот.. инаку ми е страв сега спие на фотелја кога ќе се разбуди после да дојде кај мене во кревет ќе рипа да не е ризично за раната за конците? не е научен на земја да спие баму нинџата се е на кревети на фотелји :нинџ:
 
Сигурно е боцкан,а плавиот спреј и тој е локален антибиотик и како заштита да не го плукаат муви :) не му давај многу да скока. Барем припазувај го наредниве недела дена. Инаку јави се на докторката и прашај ја, најверојатно ќе ти каже вадење конци за недела дена.
 
не знам кај да пишам па ај тука.

Отприлика колку пари е преглед во ветеринарната во Ѓорче (позади Кам Маркет) да не знае некој ?

Мачорот не ми е нешто во ред со увото,се чеша цело време,па да го однесам утре да го прегледаат,почнува да ме плаши,многу се чеша позади увото,а нема ништо,нешто ќе да има во увото внатре изгледа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom