Св. Никола - чудотворецот

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
За многу години празникот, честито име и слава на сите што слават:)

1292734350_107nikola_sred.jpg


Денот на Свети Никола Мириклиски - Чудотворец е еден од најпразнуваните во Република Македонија
Свети Никола е чудотворец и заштитник. За свој патрон и заштитник го имаат прифатено морепловците, рибарите и воопшто морепловството - кои се молат пред неговата икона за мирно море.
Роден при крајот на 3 век во Патара во Ликија, од многу богати и угледни родители Теофан и Нона, син единец подарен од Бога, но родителите го посветуваат на Бога, на кого тој му служи како верен пастир, проповедник и ревносен исполнител.
Свети Никола е вистински пример на вистински пастир, чија љубов кон ближниот е нешто примарно и свето и основа за едно ново во кое луѓето ќе се третираат како синови Божји, а тоа значи ползување еднакви права на земните блага. Неговата самопрегорна служба на Господа Христа и малиот човек го издигна високо и го овенча со вечна слава.
Делата на овој голем светител никогаш нема да згаснат. Тие вечно ќе живеат оти се изградени на вечната евангелска вистина. Тие ќе служат на сите следбеници Христови како жив пример за правда и хуманост-секогаш и за секого. Да се помолиме на св. Никола духот на љубовта Христова да завладее во нас и да бидеме удостоени да го следиме неговиот пат, кој преку добри дела води до вечност.
Името на Свети Никола се почитува и на источните и на западните страни. Земјите во кои Свети Никола никогаш не бил, го сметаат за свој застапник и покровител, му прибегнуваат оние што учат, мајките му се молат за своите деца, болните ја бараат неговата помош.
Светителот на сите им се покажува како близок, достапен и брз помошник, пријател и застапник во несреќите.
Свети Никола е светец кој подеднакво го слават Христијаните и Католиците, а го слават и некои Муслимани во делови од Турција.
 
Picture 1156.jpg.Picture 1157.jpg.Picture 1158.jpg да живееме.
јас почнав, синоќа и еве продолжувам и денес со славењето и ја подигам оваа ЧАША,
за сите оние кои денес слават именден и куќна слава - здравје и бериќет во иднина.
 
Moderatorot chasti deneska....chestit imenden na site.
--- надополнето: 19 декември 2013 во 12:47 ---
За многу години да поможит денов и честито име на сите што го слават! :love:

Da pijam edno vince od tebe a?...za mnogu godini imeto.
Aj sega javno kazi ovde dali pravish imenden?
Ako si ateist, ne se srami...
1480687_10151775253721331_1225885065_n.jpg

Денес е Св. Никола... Честита слава и именден на оние кои слават. Нека е за многу години денот...
 
За прав ВМРОвец секој ден е Св.Никола.

Шала, за многу години
 
Славе су измислени за да се пине и кусне : ) За да се собереф роднине да се видиф после толко време
А што нема Сфети Парвати да се напру лом
А прочита дека Дедо Мраз е устфари овј деда Никола.Чудно нели, ваљда и у Лапонију днска славиф браќа скандинафци
А кои чуда ги напраија Ниџо што сфети ?

Среќна нека ги е на сфи што славиф у заграду пиеф и мезиф
 
Честито да им е името на оние кои го слават, честита да им е славата на оние кои ја слават.

Па честита нека ми е и мене славата да речеме. Повелете на сарма, грав, риба и вино од бочва :D
 
Фала на честитките за кукна слава ,ве напуштам почнаа да звонат на врата гости ;) па утре на трезно ке споделуваме впечатоци :D
 
Немој да не сте се опиле! Лом да се направите за овој христијански празник, чунки така се слави христијански празник, посебно имендени!
И потоа да си го прочитате текстот од тетовецот Кирил Пејчиновиќ, Огледало ;)

„Ако мије не исполниме закон Христов, не смо ни христијани. Пошто не смо христијани, а заошто сме? Пошто не сме Христосови људи, при Христа во рај не можемо да идемо. Пошто не ќе идемо у царство небесное, а зашто се мучимо на овој век, зашто постимо, зашто се крштеамо, зашто се закопуемо, зашто за душа давамо, зашто од други вери мучени биднуемо, зашто од калдрма долу слезуемо, зашто зелено не носимо, зашто од Турци помало зборимо, зашто, каде нè јахат и газат, трпимо, зашто? Не ли за Христа?
Пошто за Христа трпимо, баре да го слушаме што ни вели. Он не ни вели нешто тешко, токо лесно. Он ни вели да лубимо еден другого, да се проштааме, да се жалиме, да седимо мудро, да не збесуемо како малии деца, да не се опијаме, да не блудуаме, да не пиемо вино без мера, да не скакамо хоро како безумни што скакат.

А мије и празникот што го служиме една у годината, и него непристојно го служиме, а не побожно. Баш на денот вардимо да се опиемо, да скакамо, да збесуамо. Сва ноќ седите, пеете и збесуете, не го молите светецот, токо го наљутуете, и тој не ве измолует пред Бога и не ви поможует, и нафиле си арчите арчот.“ - К.П., Огледало
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom