Моментално подобар од Сантон, а и неспоредливо поефтин им е. Иако, Сантон е помлад, уште кога се појави привлекуваше внимание, за разлика од овој кој последниве година-две привлече внимание. Сезонава е навистина добар, можеби и најдобар бек во Италија (игра и лево и десно), ако ова е претерано тогаш во топ 3 најдобри. Затоа и го бараа сите големи клубови (освен Јуве), Рома скоро го имаше договорено. Не го вика Прандели, иако медиумите бараа да биде повикан, но за Италија беа повакни Скелото и Ачерби, па тоа не е и крајно мерило.
Проблем со вакви фудбалери (без голем континуитет на добри игри, мислам неколку сезони, а посебно не пробани во големи екипи) е што се многу ризични и потребни им се одредени услови за да покажат нешто. Добра средина, добри фудбалери околу нив, организиран тим и клубот да не е во играчка криза (како сезонава што е Милан). Инаку нивниот неквалитет доаѓа целосно до израз. А и знаат да блеснат една-две сезони, па потоа да не личат ни на фудбалери. Милан имаше доста вакви примери, Ночерино посебно специфичен, а и Констант кој минагтата сезона беше навистина солиден, а сега е очаен.
Ако го земат него, а останат Абате, Шиљо, можеби и Емануелсон, а си отидат Констант и Закардо, Милан нема да биде слаб на бековските позиции. Нормално, со сета ограниченост што ја има Абате... но пак тие позиции ќе се добро покриени... А и понатаму ќе го пцуеме Абате за центршутите.
Мене поголем проблем ми е средината... Го спомнуваат Пароло. Се што напишав погоре важи и за него. Сезонава навистина игра добро, подобри игри покажува и од Поли, иако не се сличен тип на фудбалери (башка што Поли има повеќе талент и многу поголем простор за напредок). Но, тој би бил најдобар како фудбалер за ротација, да го имаш место Ночерино, можеби и Мунтари (посебно против послабите екипи каде што овој е крајно незаинстересиран). На Милан му треба навистина квалитетно засилување во средина, некој како Хернанес, можеби и Жоргињо (ако не сега, барем во летниот преоден период), или ако сакаат некој со поинакви карактеристики тогаш Наинголан. Иако јас мислам дека треба да бараат некого со поголеми технички квалитети...