Фан клуб - РК Вардар

Во моментот кога Вардар се враќаше, судиите знаеа да не досудат чист седмерец... А и сега каков фаул во напад досудија од Стојанче :pos:

Да ти се одмили од ракометов, се што се случува...
 
Добро дали се нормални комитиве? Срамота жива е.
 
Не бе, немаше ни сега исклучување за фаулот врз Дујшебаев.
 
До кога бе со глупостиве македонски упм, и сега што , онај се повреди на овај му ја дупнаа главата, утакмицата замина у3пм...
 
Настрана судиите гнасни и наместената утакмица, срамота е да дадеш само 2 гола од пикер и тоа во последните минути, и да немаш голови од бек без мачење. И Самсоненко го претера со Доне.
 
Срамота е се што направија последниве денови, ете им го и Борис ете им го и Симиќ. Паметно направив што за прв пат намерно не отидов да гледам ракомет сезонава.
 
Бтв комотно може кец да ја играте. Кога ме боли заб пред утакмица со Металург немало утка, секогаш сме победувале. А неделава ме искина забов :mad:

Че те ПУКАМ у ЗУБ море ЈЕЈ :icon_mrgr:
 
Епа не може веќе само изговори да давате. МОРА да си ги решите проблемите со навивачите. Да се удирало со предмети по играч кој е повреден и се превиткува од болка. Катастрофа. А згора на тоа и македонски репрезенттивец е.

И уште и Дибиров е погоден за капак на се.

Неприфатливо е, еден бил, пијан бил не знам каков бил. Не смее да се случува ова! Навивачката група мора да си сноси одговорност и да почне во најмала мера сите овие "поединци" комплетно и јавно да ги исфрлува од своите редови ако сакате да личите на нешто. Ова ја прелеа чашата.
 
Сите зборите за Комити, Комити, а заборавате дека на таа трибина има уште еден куп навивачи кои не се дел од Комити. Како и да е, идиотизам е да фрлаш со предмет...иначе не ја гледав цела утакмица, али Вардар утнале 3 пенали ако не се лажам, така да ете ја разликата.
 
Е после ова нека се замисли Самс малку што прави, не сакам ништо лошо да кажам за него секоја чест за човекот ама ова нека го замисли малку, да го менуваш Доне ден пред утакмица??? Добро бе да се нема спортска култура бе , му ја дупна главата на Дибиров!!! Само ќотек на тој шо го направи тоа, да не му текне друг пат на утакмица да иде!!! Ми се упропасти денот...
 
Така, така.
Нема ама баш никаква потреба од величење на Самсоненко, аматеризам на дело, шарлатан желен за внимание. Уште и отказот на Доне на сам ден на утакмица против најголем ривал.
Глупост до глупост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom