Глупа си-значи те сака.
МЕ УНИШТИ
Ај сеа озбилно. Тоа се тие момци клошари што си го сфатиле сериозно ,,е.и да те сака,тепај да слуша,, додека во претходниот мој пост токму така размислуваат тие жени што се ложатна примитивни особи, клошари без мадиња каде се осеќаат супериорно само кога ќе кренат рака, повишат тон на послаби од нив.
--- надополнето: 19 декември 2013 во 02:45 ---
Лош момак игра топло ладно, зошто тој е нели господинот полн со искуства, кога најмалку очекува ќе ја крене до небото, или тресне од земја.
Многу е важно таа да нема време да мисли на себе, туку напротив целата енергија да биде насочена кон него. Во меѓувреме, дотичниот има обврски и си работи на друг случај, што и не мора да значи дека има друга, туку еден обичен флерт за не дај боже.
Тој е полн со самодоверба, секогаш скоцкан, работи на својот речник, позира пред огледало речиси секогаш има план а) б) ц). За него е многу важно девојката отспротива да изгледа добро, пожелно е да биде ситуирана, факултетски образована (и не толку интелигентна).
ФБ му е слаба страна, повеќе е во движење. Доста амбициозен, и лесно се адаптира. Го има оној мачо изглед, преферира квалитетна облека, скапи парфеми, часовници. Кога мислиш дека го имаш го немаш... кога мислиш дека го немаш го имаш.
Кога девојката ќе се умори од игра, а господинот сфаќа дека не му е сеедно,прво се претвора во најголемиот лигуш, станува депресивен, потоа му здосадува и се дистанцира. За кратко време тој е повторно во игра.