Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Зар мораше Манчестер Сити , стравувам поради нашата киксерска одбрана во важни мечеви.

Ти бе Барса фан си бил. :D

Па и Сити имаат слаба одбрана така да важното ќе има голови, а ќе оди понатаму тимот што ќе даде повеќе голови.
 
Добро ќе испаднеме, за да можеме да се фокусираме на лига (y)
Можда ќе ги свестат некои 5 парчиња од Сити.
 
Сити има добри играчи тоа е факт, брзи крила одлична средина и добар напад. Според мене ако го сопреме Јаја Туре ќе направиме голема работа, тој според мене е мозокот на екипата. Мислам дека овој натпревар ќе биде отскочна даска да се вратиме онаму каде што припаѓаме, на врвот. После ова критичарите сигурно поинаку ќе гледаат ако победиме. Одбраната ни е слаба..Се надевам дека ждребот ќе ги натера да земат барем еден штопер во јануари, некој звер во буквална смисла кој ќе има право да игра во ЛШ..На овој меч гледам со оптимизам. сакаат да играат со топката? ние тоа го правевме многу порано од нив.. Напаѓачки фудбал играат? Сигурно учеле од Барса..На крајот на краиштата негде прочитав податок дека Пелегрини никогаш во кариерата ја нема добиено Барса. Не знам колку е точно..Но едно е важно! ОДИМЕ ДО КРАЈ! НИЕ СМЕ БАРСА!!
 
Ти бе Барса фан си бил. :D

Па и Сити имаат слаба одбрана така да важното ќе има голови, а ќе оди понатаму тимот што ќе даде повеќе голови.

Да се надеваме , иако мислам дека одбраната ќе го реши двомечов .:D
 
Епски дуел ќе биде ова. Се сретнува поранешното раководство на Барса. Од една страна Росељ и Зуби од друга Чики и Сориано. Вториве се во ужасни односи со ова крелево наше. Со оваа одбрана која ја имаме песимист сум за натпреваров. Ако не купиме стопер во зимски рок ќе мора сите да ни бидат здрави и без повреди. Ќе биде пеколно тешко.
 
Некој да не ја прати Барса годинава , само да ја чита темата ќе помисли дека се бориме за опстанок.

Каква форма каков Сити бре? Точно дека дома имаат добар скор , но во гости далеку се од сјајни. ВО премиер имаат 2-2-4 , замислете 100.000 грла на Камп Ноу , плус големо име како Барса , плус Меси+Нејмар во нападот ќе примаат најмалце 3 гола. Оваа рунда ќе се решава на Етихад , таму ако успееме да извадиме поволен резултат , под поволен мислам на најмалце нерешено , сметајте дека Сити се елиминирани.

Според мене шансите се 70-30 за нас. Памнете ми го постот дека и Сити и Атлетико ќе отпаднат во 1/8 финале , без разлика на катастрофалната форма на Милан.
 
Точно така, плус ова е прво 1/8 финале за Сити далеку се од искуството на Барса во нокаут фаза :)
 
Ако играме како лани против Милан, со таков жар и мотивираност мислам дека ќе ги срушиме..многу е битно на гости да дадеме гол и секако да не примиме премногу..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom