Највеќе нешто што ме ужаснува се оние типови кои се во брак имаат деца... а имаат секс со мажи....
Ако сакаш машки биди со машко,не туку ја лажи сопригатаи децата....
Читај на колку им се гади само од помислата на хомосексуалец. Не им паѓа на памет дека можеби партнерот дома ги изневерува, па уште со некој од истиот пол. Тоа е надвор од умот за нив. Меѓутоа не е надвор од реалноста, за жал. Посебно не кај нас, во вакви конзервативни услови каде за репер што е тоа геј се зема Фифи и Боки.
Генерално ова мислење преовладува:
"Геј е настран умноболен човек, што го гледаме по телевизии и во Западот. Деградацијата на тоа општество ги носи тие настраности и кај нас, а ние тоа не го сакаме.Не сакаме нас и нашите деца да ги зафати таа мода. Фифи и Боки се далеку од мене, не ги гледам, не се дружам, не ги познавам и со тоа заклучив дека околу мене нема ниту еден таков. А нема ни да има.
( Тука следат сите навреди во име на Исус,Алах класичните закани за превоспитување, традиционалните методи на лечење - гилотина, затвор,душевни болници,ќотек,социјална изолација, откажување од ќерки/синови преку весник и т.н.)"
Oва е нивото на (не)свесност за реалноста.
Значи да ги сумирам мислењата, мислам дека не сте со сите ни кога се криете ни кога излегувате јавно, мислам дека сте гадинки на светов, мислам дека ми пречите со појавата и ве мрзам. Би можела да гласам за ваша заштита само ако ве прогласат за некој вид животинчиња, а и тогаш ќе се размислам.
Кој хомосексуалец би се дрзнал да признае нешто пред ваков човек или да има искрен однос. Никој. Па и за мајка и татко нека се работи.
Напротив. Ваков човек во најмала рака мора да биде излажан, да не ја чуе, да не ја знае вистината, за доброто на сите. Прво затоа што сам си го бара тоа и не е во псхихичка сосотјба да ја восприеми реалноста без големи последици, а второ поради одбрана на сопствената личност од сите непријатности кои би следеле.