Емоции? Loading...

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Оваа ситуација се вика трансцендентална состојба....не е нешто што би требало да те исплаши. Едноставно, над мислите и емоциите има нешто друго....тоа е тоа.
Каква е таа трансцендетална состојба и дали кај сите е со иста интензивност .
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За мене тоа е одбранбен механизам. Како човечки суштества, посебно во “помладите“ години, имаме премногу емоции, од кои повеќето и не знаеме како да ги контролираме. Секоја тага тродупло повеќе ја осеќаме, секоја радост тродупло повеќе ја преувеличуваме. Со тек на времето како што старееме, т.е ставаме години и искуство на нашето конто, се случуваат премногу повредувања, тажења, скршени срца и слично. Со цел мозокот да се одбрани од таа непријатност толку да страдаме, создава блокада и сите настани ги забележува како нормален процес, како нешто што така треба да биде и не може да се промени со цел повторно да не мора да мислиме на болката и да не ја осеќаме барем во толкав голем интензитет.

Мене ми се случувало често така, дури и си го осеќам (условно речено) мозокот како ми ги блокира емоциите и како го намалува значењето на настанот како нешто секојдневно со цел да не морам да се соочам со страдањето, тагувањето што следи.

Сосема нормален дел и ништо страшно, еден од начините како нашиот мозок не заштитува од понекогаш преголемата деструктивност на нашите чувства, особено ако ги имаме во голем интензитет.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Близок пријател а и далеку од тоа дека ми е сеедно. Туку едноставно, споредено со реакциите на другите засегнати во ситуацијава ја сум премногу 'тоа е, не можеме да помогнеме никако' и како што кажа и @Dzish имам некоја грижа на совест поради таквото размислување.
Во ситуацијава немаш емпатија или сочуство спрема пријателот и поради тоа си огорчен!Едноставно твојот одбранбен механизам реагирал така,то е.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Шо е то другото шо е над мислите и емоциите?
Тој што ги има мислите и емоциите.
--- надополнето: 16 декември 2013 во 15:36 ---
Каква е таа трансцендетална состојба и дали кај сите е со иста интензивност .
Таа е off/on состојба, или си, или не си.
 
M

Muranyi

Гостин
Јас пак го имам спротивниот проблем.И тоа во последно време- константно сум под емотивна тензија, во дадени моменти губам контрола над себеси кога ќе ме зафати емоционална бура иако сум свесен за фактот дека тоа не смеам да си го дозволам, лесно паѓам во афект и имам чувство дека ќе излезам од сопствената кожа. Пред некој ден тотално излегов од контрола, контрадикторно на ова- веднаш заспав и сабајлето станав во 4 часот. Потешки 4 часа во својот живот сум немал, не знаев што да правам, имав во себе демон кој сакаше да излезе или ќе ме убиеше мене. Се облеков, стаив капа и во 4 ипол излегов на минус 10 степена да скитам како будала за да го смирам демонот. После тоа, се чувствував како ништо да не било. Се кудам себеси, се обидувам да се сменам, работам на тоа, се откажав од сите пороци кои сметам дека можеби допридонесоа за ваквата состојба, почнав и да вежбам. Да, после тренинг се чувствувам прекрасно, како нов човек и ќе се обидам да си створам таква навика и да ја негувам. Дури, добивам замерки деновиве дека во последно време делувам нервозен, едноставно се презирам себеси во таква состојба, бидејќи не сум таква личност воопшто, баш напротив.

И со позитивните емотивни состојби е истото, бев на повојница кај другарот- се расплакав, вчера видов едно циганче како краде облека од контејнерите на Црвен Крст и на заебанција му дофрлив-Еј пази да не те фати полиција,ми одговори абе бате јас ставам облека-и ова ме насолзи. Не знам кој смрден к..ац ми е, се срамам од себе и се надевам дека што побрзо ќе помине, како жена во ПМС се осеќам.

Сега за сега, моите емотивни состојби се толку интензивни, што мислам дека ќе проголтаат се околу мене и мене самиот. И многу би сакал да изостануваат емоции, отколку вака да носам во себе темпирана бомба. Дури и страв ме фаќа. Едноставно немам години за ваков да бидам, не сум тинејџ.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Апатијата некогаш луѓето ја користат како одбранбен систем од премногу разочарување.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Јок. Емоциите ги разбирам како едноставна работа - Или ги има, или ги нема. Верувај, подобро е да ги нема многу многу ..
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
^
||
Во однос на тоа дека емоциите се главниот двигател, мотиватор и насочувач на човекот, да делува, презема акции, напредува, социјализира и исполнува себеси и останатите, без многу емоции подолг период (или цел живот) си механички човек, мртов човек. И можеш да отидеш само во пропаст.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.306
Поени од реакции
30.643
Јок. Емоциите ги разбирам како едноставна работа - Или ги има, или ги нема. Верувај, подобро е да ги нема многу многу ..
Глупости. Човекот е емотивно, социјално суштество, не е картон.
Тоа што се ти е сеедно не е никаква трансценцентална состојба, туку рамнодушност.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дали мислите дека некогаш емоциите ви немаат доволно силен интензитет?
Ви се случило ли да сакате да чувствувате нешто, да знаете дека по сите непишани правила треба да го чувствувате тоа, а тоа едноставно е или преслабо или изостанува?
Друже минав пред извесен период низ нешто слично такво, незнам што ти се случува во моментов али мене ме држеше долго време, искрено и сега не ми е поарно некако ми е се рамно ми се случија најголеми срања што може да се случат, поминав низ премногу тежок период оставен сам да ја вадам цела фамилија од тоа без никаква поткрепа ниту од роднини ниту од пријатели и веќе станав друг човек, искрено работи кои на луѓе му личат како опасни мене ми се смешни, не се плашам од никого и за работи и кон луѓе кон кои сум имал порано страв сега знам да се спротиставам без око да ми трепне, не верувам на никого ама баш на никого ниту на пријател, ниту на роднина, терам у курац секој што ќе ми погреши и немам милост кон никого али животот ме направи таков и не се жалам сметам дека сега сум покомплетен и поподготвен за се што ќе ми излезе како пречка ....едноставно веќе ми е сеедно.
 
H

HoT IcE

Гостин
Мене ми се случи истово пред некој месец. Ама беше поради сплет на околности, се испокарав со другари, притисок од работата што ја работев прекѕ лето, навраќање со бивша, и сума сумарум ко ми се собра бев во некој вид на депресија, меланхолија и не знаев што сакав и што чувствувам скоро цел месец, на момент ми доаѓаше една идеја и чувство, веќе следниот момент сум тотално апстрактен, ко да не сум овој свет, како да летам негде другде, само физички присутен. Се чувствував ко робот кој не знае да чувствува ништо друго освен депресија и психичко шиканирање на самиот себе.
Време лечи све, сигурно ти се собрале неколку работи кои те прават нервозен, можеби си свесен, можеби не, можеби е чиста фаза, ама пробај да бидеш максимално свесен за ситуацијата во која се наоѓаш и не да бегаш од болката и да ја игнорираш, соочи се, со тек на време ќе пројде, ќе бидеш како нов, самодовербата ќе почне да ти се враќа полека, и ќе застанеш на сигурни нозе со бистри мисли. Вака беше во мој случај.
Ако имаш притисок од другари, од дома, или од девојка, колку и да се битни, откачи се, немој да бидеш со луѓе кои ќе те притискаат, кои ќе те ограничуваат и депремираат. Ова е многу битен чекор кој мора да го направиш. Јас сум сега без друштво за искачање, без другар со кој ќе направам интимен разговор или слично. Исто немам девојка, нити искачам, единствено шетање ми е што идам до факултет и назад. Ама барам внатрешен душевен мир со себе, си ги бистрам мислите и си кројам цели и планови за иднина кои се состојат во тоа да функционирам без луѓето со кои сум бил претходно опкружен и ме довеле до таква ситуација. Се е пролазно, само е потребно време, то ти е најубав лек, само немој да бегаш од емоција или болка, болката ти е единствен пат кој душевна слобода и мир, соочи се со неа, слушај добро музиче, читај малце некои quotes ќе ти помогне, не знам како ти делува психата. Еве ти неколку од мене, кои ми се омилени, од Џим Морисон се, за мене еден од омилените појави кои се десиле во светов.

"We fear violence less than our own feelings. Personal, private, solitary pain is more terrifying than what anyone else can inflict." - Jim Morrison

“People are afraid of themselves, of their own reality; their feelings most of all. People talk about how great love is, but that’s bullshit. Love hurts. Feelings are disturbing. People are taught that pain is evil and dangerous. How can they deal with love if they’re afraid to feel? Pain is meant to wake us up. People try to hide their pain. But they’re wrong. Pain is something to carry, like a radio. You feel your strength in the experience of pain. It’s all in how you carry it. That’s what matters. Pain is a feeling. Your feelings are a part of you. Your own reality. If you feel ashamed of them, and hide them, you’re letting society destroy your reality. You should stand up for your right to feel your pain.” ― Jim Morrison

Се надевам ти помогнав друже, поздрав.:)

 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Има теории дека не сите имаат душа, па и сте виделе, факт е дека не сите чувствуваат. Друго, факт е дека реално тешки периоди во кои едноставно не смееш да плачеш (туку да бидеш нормален, за да функционираш) те претвараат во зомби, ко што кога-тогаш или помалку-повеќе стануваат сите.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.285
Поени од реакции
563
Проблемот е што не чувствувам скоро ништо, иако треба. Нешто како 'така требало да биде' само поглупо малце пошо вклучува многу деликатна ситуација во која не е нормално ниту да се помисли тоа.
не си единствен ... зошто тоа го гледаш како проблем?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Емоции... Кај мене само јасно е видливо чуството на нервоза, другото се е скриено длабоко во “урнатините на замокот“ т.е. се тешам самиот во себе. Проблемот е до нервите, или ти се “челични“ или ти се “памучни“. Моите веројатно се памучни иако понекогаш издржуваат како челик. Но факт е дека сите изразуваме чуства, дали видливи, дали помалку видливи. Колку од нас плачеле како
“бебиња“ при некој емотивно раздразлив период (истото, дали внатре во себе или пак видливо)? Било една ударна случка/настан или низа од истите да го предизвикало тоа чуство.
Колку од нас во животот (се) чуствувале напнатост, нервоза, среќа, љубов, омраза, љубомора, понижено, гордо, глупаво.....? Сите. А зошто? Поетски кажано чуствата потекнуваат од срцето, но реално гледано сите чуства потекнуваат од мозокот, а сите чуствуваме затоа што сме свесни или помалку свесни за ситуацијата во тој одреден период, притоа мислата е најбрзата работа која постои во светот, а по неа би следувала реакцијата или емоцијата на самиот човек (и тие се брзи и некогаш несвесни).
Не е страшно ниту срамно да се искажуваат чуствата туку срамно е туѓите чуства (слабите точки) да се искористуваат за сопствени придобивки и цели.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Глупости. Човекот е емотивно, социјално суштество, не е картон.
Тоа што се ти е сеедно не е никаква трансценцентална состојба, туку рамнодушност.
Изгледа си ме разбрала во друг контекст. Под тоа ''да не ги има многу многу'' - мислев да не те стрефуваат повеќе од колку што треба и е пожелно (тие лошите нормално). Иначе ДА, во право си дека емоцијата ако се појави - нема бегање. А од после дали сам ќе бараш чаре за неа, дали ќе се исповедаш на друг, или ќе ја оставиш едноставно да те изгризе од внатре дур не отрпнеш - тоа си е само твое. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom