А ти како очекуваш да се понаша дел од хомосексуалната популација во хетеронормативно општество како македонското? Мислиш дека во држава каде постои систематско ширење на хомофобија преку државните институции (министри, пратеници), цели партии, религиски здруженија, каде децата од мали ги учиме да го мразат и презираат различното од себе без притоа да знаат било што за другите, им останува нешто друго освен таков очајнички чекор, или пак иселување од државата?
Toa e твоја теорија, во пракса сосем поинаку изгледа, неколкуте особи во МК кои се произнесоа дкека се гејој (или асоцираат личат и се понашаат така) се живи здрави и безбедни. Коче - директор е на гејската организација гоодини уназат, се знам и лично со него - од Битола е, слободно патува, во Битола оди со друштво по кафиќи го гледав на ТВ со преставници на партии и странски амбасади, има фонд, пари, буџет, канцеларии..... Софија Теодор и е вработена и тоа како млад режисер, во театар, си режирра, гостува со претстави по други градови, ја имам гледано на ТВ во кафиќ со друштво весела насмеана.... Фифи, си живее солидно (према она што видов на ТВ, стан (дали негов (нејзин) или под кирија, ја (го) гледам на ТВ пее, и сам(а) изјави дека физички не ја малтретираат али и (му) пречеле погледите на улица...... Боки 13 имаше кариера во МК, по телевизии, концери, албуми, секогаш во скапи и нови гардероби, негуван, депилиран, накитен.... и тој џандарот шо мисли дека е жена, така како жена облечен излегува и се шета низ град.
Од друга страна многу други категории на граѓани се повеќе дискриминирани од гејојте, се тепаат секојдневно понекогаш и убиваат ради припадост тна друг народ, друга вера, друга партија, ако навиваат за дуг клуб, ако се богати.... Денес во Македонија е побезбедно да си геј од колку навивач на Вардар во Битола, Србин во Арачиново, албанец во струмичко, со Бранко на транспарент сред нитинг на ВМРО, со торба дневен пазар од менувачница ноќе низ чаршија, со љубовницата во нејзиниот стан на 5 спрат кога мажот и ненадејно иди дома......