Ова со сликите се...ќумбиња за кои е потребно четвртина соба нормална големина и кои не акумулираат топлина. Навечер на минус 8 и 10 ќе се греат со љубов и секс
Практично за печките...кога ќе се спушти магла или друга промена често знае да го врати чадот назад па со таков отвор да се инхалира чадот. На видеава се прикажани гранки, тенки стебла, не и дрво со нормален пречник кое ќе гори поспоро. 1м3 дрва се 3000-3500 денари.
Зборуваш на памет. Всушност зборуваш глупости, не си ги прочитал посочените линкови а си дозволуваш да ги критикуваш, и тоа во детали.
Ајде по ред.
- Печкиве греат и тоа како греат. Докажано и покажано (на Аљаска чим греат, во Чаир немало да греат).
- Дизајнот на печките прави огромен провев во оџакот (за разлика од класичните печки). Можеш на нет да погледаш видеа од овој дизајн со ХОРИЗОНТАЛНИ oџаци долги и по дваесетина метри. Нема враќање на чад! (прочитај за
вентури ефектот ако те интересира како и зошто).
- Можат да се горат и гранки и дебели дрва. Тоа што не си го уочил, а е многу поважно, е дека дрвата не мора да се сечат на кратки цепаници (такво е ложиштето, согорувањето е хоризонтално а гравитацијата ги поместува дрвата надоле)
- За крај (а не најневажно) е тоа што велиш дека заземаат многу место, да, но тоа е заради масата што е потребна за термална акумулација плус воедно служи и како софа/кауч за седење. Има ли поубаво во зима од седење на ЗАГРЕАН НАМЕШТАЈ?
Печките можат да се направат и
без термална акумулација и тогаш се само ќумбиња, но пак се многу поефикасни во согорувањето (и не загадуваат ни колку 10 класични печки заедно).
Каде во овие планови се едночудо школи, амбуланти и поликлиники кои се греат главно на мазут, од кои дел и не се греат оти должат па во ходник во амбуланта во Чаир е како во фрижидер. За плус потрошувачка за загревање бојлер, машина за перење и купатило не е вредно ни за споменување.Без системски мерки вакви палијативни иницијативи не се решение.
Зборував за загадувањето од
приватните домови што се греат на дрва, кои иначе се најголем загадувач во овие зимски месеци. Не заебавај сега и ти со некакви целосни решенија. Никаде не се употребуваат истите решенија во домови и инситуции.
Се знае за школи и здравствени установи што е најдобро и најеколошки:
гео-термални топлотни пумпи!
Државата еднаш инвестира во ова и после со децении има бенефит, преку заштеда и преку намалување на загадувањето. Друга варијанта е природен гас како енергенс.
--- надополнето: 15 декември 2013 во 11:28 ---
...не може само од домаќинствата да се покачи нивото на загаденост. Јас мислам дека овде битна улога играат само фабриките и возилата.
Како го објаснуваш тогаш „феноменот„ на толкав пораст во загадувањето баш во зима?
Не велам дека индустријата и возилата не загадуваат, но зарем тие (како загадувачи) не се активни преку цела година?
Не е дека Скопје има прекрасен чист воздух во пролет, лето и есен, но загадувањето е неспоредливо помало од тоа во зимата.
Целосно грешиш ако чадот од греењето го занемаруваш како фактор. Човек не мора да е стручен за процесот на согорување за да го заклучи ова. Во зимските месеци најголем загадувач (не дискутирам со колкава маргина) се дефинитивно домаќинствата или генерално греењето на дрва и фосилни горива (минус природен гас).