Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Може голем дел од вас нема да се сложат со ова, но според мене најголем причинител за загадувањето не се големите фабрики, туку самите граѓани на градовите во Р.М. Мое Кавадарци исто е во врвот на градовите по загаденост според мерењата, иако несомнено и ФЕНИ има некој удел во тоа, проблемот сепак е во нешто друго, со оглед дека Кавадарци нема толку многу идустрија ниту пак концентрација на население, но има еден друг проблем.

Проблемот очито е поизразен во периодот на доцна есен и зима, а зошто. Греењето на дрва е најголемиот проблем во загадувањето, оти сме заостаната држава, си ги согиливме шумите и уништивме градовите во нечистотија заради тоа. Но не ги обвинувам луѓето, кај нас гасификацијата е тек на зачеток, имаме монопол на производство и продажба на ел.енергија, па нормално е луѓето да се определуваат за најефтината, и за жал најнееколошка варијанта.

Втор најголем причинител за загадување се автомобилите, односно нашата сообраќајна некултура- одење со кола некаде по секоја цена и според мене погубната одлука на владата за увоз на кршот од европа. Мора под итно да се заострат мерките за увоз на стари автомобили.

Не е лошо понекогаш вината да ја согледаме во самите нас, а што се однесува до мерките на државата, како и се друго од нашите „паметни“ властодршци- трагикомедија.
Баш така, Кавадарци не се осеќа летно време дека воздухот е загаден, ама зимно време и кога се вара ракија и прават зимници, тежок е воздухот.
--- надополнето: 14 декември 2013 во 19:09 ---
2. Радикално ограничување на употребата на патничките и товарните возила на територија на град Скопје.
Знаеме каква „социјална“ мерка донесе владата за увоз на ЕУРО 2 ѓубрето од ЕУ. за 3 години се увезени преку 150000 вакви само патнички возила -огромна флота тешки загадувачи. Покрај нив и автобуси и камиони. Решението е како во сите други земји кои го имале овој проблем:
а) Воведување рангирање и таксација на возила при регистрација според старост, ЕУРО норма на издувни гасови и тип на гориво.
б) Воведување на еко налепница кај возилата според ЕУРО нормите - зелена (ЕУРО 4-5), жолта - (ЕУРО 3) и црвена (ЕУРО 2).
в) Воведување ЕКО зони - зелена (централно градско подрачје), жолта (поширок градски појас) и црвена (периферија на Скопје)
А може и поквалитетен бензин, ако си бил во некоја западна земја разликата е огромна, едноставно тој бензин не го ни осеќаш иако се движиш на автопат, кај нас една кола да помине по улица, воздухот е катастрофа.
 
Баш така, Кавадарци не се осеќа летно време дека воздухот е загаден, ама зимно време и кога се вара ракија и прават зимници, тежок е воздухот.
--- надополнето: 14 декември 2013 во 19:09 ---

А може и поквалитетен бензин, ако си бил во некоја западна земја разликата е огромна, едноставно тој бензин не го ни осеќаш иако се движиш на автопат, кај нас една кола да помине по улица, воздухот е катастрофа.

За бензинот си во право, се осеќа голема разлика од ова нашава „чорба“ и горивото што сум го ставал надвор (ЕУ), иако Макпетрол и Лукоил многу го подобрија , порано беше ситуацијата уште полоша...
 
Oвој ред во сообраќајот би се вовел само со една мерка,забрана за приватни возила во строг центар на градот,во радиус од 2 км.Јавниот превоз не е доволен да се намали загаденоста,немањето на трамвај или метро..голем проблем е.Автобускиот сам по себе не е доволен.Цементара и железара се главните индустиски загадувачи,со нив не би знаел како ќе се реши.
Градскиот превоз е крш со редовност. Во шпиц е посебно проблем, а посебно вторник петок и сабота. Тек ако патниците на секое четврто или петто возило одат со автобус ќе биде забавно.
б) Воведување на еко налепница кај возилата според ЕУРО нормите - зелена (ЕУРО 4-5), жолта - (ЕУРО 3) и црвена (ЕУРО 2).
в) Воведување ЕКО зони - зелена (централно градско подрачје), жолта (поширок градски појас вон центар) и црвена (периферија на Скопје). Возилата со зелена еко налепница имаат пристап на цела територија на градот, оние со жолта еко налепница на цела територија освен центар и оние со црвена еко налепница само на периферија или надвор од Скопје.
Само со вакви мерки ќе се воведе ред во сообраќајот и загадувањето.
Деновиве слушам и некои информации дека во Германија ќе се забранува употребата на возилата со ЕУРО 3 норми на издувни гасови....
излегува без разлика на потребите и способноста дали може човек да оди со автобус, тој што има пари ќе вози низ центарот. Што се вели тепаниот тепан, еб**ниот...Но што со лицата кои не можат да стојат на станица или да одат пешки од икс причини пред се здравствени, а возилото им е еко нула? Ако треба нека се прогласи, но нека се прогласи целосна забрана, и за големците и богатите (дел од нив виновни за сегашните состојби) и за обичните смртници.


Проблем со сообраќајот откако се изградија многуте административни згради во центарот (за што зборев и во една друга тема) со што малиот проток и големиот број возила и луѓе кои се запослуваат во државно (кои се лоцирани најмногу во центарот) е причина да работат во место и по неколку минути. Проблемот се потенцира и кога почнаа интензивни неконтролирани градби покрај Вардар, кај Орце, во центарот, Гази Баба, Водно и слични локации. Се создава ѕид од згради.
Фирмите загадувачи се голем фактор, но ниедна влада не го решила ниту го решава.
За домаќинствата и отпадот кој се користи како гориво...забрането е да се фрла стари даски, делови од мебел или гранки во контејнер. Еден камион за ваква намена чини пари. Самата нелогична нееколошка политика на овие закони придонесуваат отпадот да се фрла на диво или да се гори во домашни услови. Трето не помалку важно, чистењето на оџак чини многу пари. Еден должински метар чинеше негде од 1200-1770 денари (точно не се сеќавам) па еден оџак може да чини и над 10.000 денари.
За загаденоста немаа осет и години наназад владите од кога требаше да се гасифицираат градовите. Затоа што струјата многукратно поскапе, се укина и дневната ефтина па и оние кои се грееја на струја се вратија голем дел на нафта и дрва.
Не гледам логика заради погрешни политики во животната средина на надлежните, граѓаните да се казнуваат. Посебно што тие 10нм честички не се од возилата.
Како дете во Маџир Маало паметам дека немаше никаков мирис во воздухот од колите, иако беа далеку од овие стандарди. Постојано дуваше ветер, посебно приквечер.

Градбите во Скопје го задушија градот
Министерството за животна средина наведе дека главните причинители за аерозагаденоста се меторолошките услови и местоположбата на Скопје
Професор Цветанка Поповска наведува дека решението е и во тоа крајно внимателно да се постапува со зелените површини во Скопје, односно да се престене со трендот на нивно уништување.
На пример еве земете го Капиштец, спречува струење од Водно. Сите високи згради што се по течението, па и овие сега што се градат исто така се некаква бариера, значи немате отворен простор за да се овозможат воздушните струења. И да се престане со сечењето и урбанизирањето на Водно и Гази Баба. Тоа би бил прв чекор, секоја друга мерка понатаму е на долги патеки.“

Македонија: Дали Скопје е навистина најзагаден град на светот?
За разлика од властите, корисниците на социјални медиуми реагираат на емпириските информации за високите нивоа на загаденост во Скопје, главниот град на Македонија.
Како дел од реформите за приклучување кон Европската Унија (ЕУ), Македонија треба да почне да ги мери и подобрува индикаторите од областа на животната средина. Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија за 2011 година (пдф, на англиски) дипломатски укажува дека има стагнација наместо вистински напредок преку повторување на оценките од Извештајот за 2010 година
Според податоците на Светската здравствена организација од пред извесно време, во светот најзагаден е градот Ахваз во Иран со 372 микрограми ПМ10 прашина на метар кубен, но во моментов според веб страницата на Град Скопје – „Скопје дише„ во главниот град на Македонија оваа прашина е застапена со 433 микрограми на метар кубен. Инаку, границата на СЗО за ПМ10 е 50 микрограми на метар кубен воздух
корисникот на Твитер Ѓорѓи Ташковски преку коментар одговори на еден многу поконкретен аспект на текстот:
Не ми е јасно зошто те револтираат оние кои сакаат преку викенд да „избегаат“ од Скопје. Ќе се послужам со личен пример. Имам 2 деца, родени 2005 (машко) и 2006 (женско). Сега за сега супер напредуваат. Но со жена ми имаме еден проблем со малиот. Мрсули. Го носевме на тестови за алергија (секое годишно време по еднаш). Ништо не најдоа. Докторот кој беше одговорен ни е домашен пријател. Кога го замолив за најпријателски совет, знаеш ли кој беше одговорот? „Преселете се во Радишани!“. И сега ти велиш да се срамам што „бегам“ од Скопје преку викенд (роден скопјанец сум инаку). Ќе бегам, ич не ми е гајле! Жена ми е од Паланка, нејзините пред 1 година се преселија/вратија во родното село (Т. Рудари близу Злетово). Кога се таму децата (Паланка или Рудари сеедно), промената е неверојатна. Мрсули јок, јадат ко скинати.​
Се согласувам дека загаденоста е на високо ниво со години и години наназад. Решение: Исто како во Љубљана. ЗАБРАНА за доселување во градот од другите градови, релокација на работни места преку релокација на индустриски капацитети, можност за студии вон Скопје и пред се, развиена железничка инфраструктура (кој живеел во Германија или Англија, а верувам и било каде во Европа знае). Отстранување на прастарите камиони (ќе нема кој да гради, но тоа не е мој проблем) е супер опција. И пред се, веќе еднаш да признаеме дека живееме во катастрофално осмислен град кој се шири ислкучиво по должина и дека спортските терени/капацитети, многу Веро продавници, кина и слично не се единствен предуслов за квалитетен живот. Некој ќе каже, тешко да се организира swarm фестивал како оној вчера во Рамстор. Мојот одговор е „Јак ташак!“. Некој ќе каже, во Скопје има најдобар ноќен живот. Мојот одговор, „Јак ташак!“. Некој ќе каже, имаме [супер Зоолошка]. Мојот одговор, „Јак ташак!“. Имајте деца па ќе ве видам како размислувате.​

Еве гратис уште еден причинител за загадување, пестицид
Скопје лежи на 10.000 тони отров - надлежните спијат. Сите зборуваат за прашината, а линданот од ОХИС не' отру
Вредноста на линдан во воздухот во Скопје е од 1.700 до 3.000 пикограми на кубен метар, за разлика од Лазарополе каде што е помала од 100
Сања Наумовска
Скопскиот воздух не е загаден само со прашина, туку и со испарувања од несоодветно складираниот опасен отпад на линдан во фабриката ОХИС. Според професорот на Институтот за хемија, Трајче Стафилов овој загадувач е неоправдано игнориран, бидејќи последиците од него се катастрофални за здравјето на луѓето. Инсектицидот, кој веќе неколку децении е забранет во огромен број држави во светот, се' уште се наоѓа во дворот на некогашниот хемиски капацитет. Еколошката бомба која е број еден на листата на жешките точки во нашата земја, може да биде причинител на голем број болести што ги мачат скопјани.
 
Загаденоста во Скопје е онолкава колку што медиумско - партиските полтрони ќе кажат дека е.
90 посто од СкУпјаниве немаше да осетата загаденост ако Коцко Волверин не им кажеше дека е opasno nadvor.

Утре нека каже дека Скопјe има воздух ко Шпицберген, ќе видите како е полн Градски парк - луѓе кои си го сакаат своето здраvje.
 
На полицајците од Скопје им се допаѓаат мерките.

Причина плус за да не излегуваат од кафанчињата во кои си праат кејфови.
 
Колку за информација, воздухот во Скопје е позагаден од воздухот во Пекинг и Шангај. Градови кои во моментов се најактуелни на сите светски медиуми по нивото на загаденост.
Ако на некој му се споредува.

Пекинг
http://aqicn.org/city/beijing/

Скопје
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4
 
Сите работи што ги набројувате: индустрија, фабрики, издувни гасови од сообраќај, итн... сите се фактори во загадувањето. Но никој од тие фактори не е толку голем како загревањето на дрва и секаков отпад (масла од автомобилски мотори, иверки, намештај, и што се не).

Проблемот со горење дрва (и отпад) никој не го спомна конкретно, единствено во права насока размислува @Bateman . Но не случајно најголемото загадување на воздухот во Скопје е во екот на грејната сезона. Индустрија и сообраќајни гужви имаме во текот на целата година (освен за летните одмор, од аспект на сообраќајот). Но во зима се најголемите проблеми со загадувањето, баш заради греењето преку согорување на дрва и друго.

Гледано чисто од еколошки аспект (акцент на еколошкиот аспект, затоа не го гњавете следниод дел со економскиот аспект): Да се забрани греење на дрва (и секакво ѓубре) во Скопје, проблемот со загадувањето бргу ќе се намали на ниво на не-зимските месеци.

Значи на страна економските причини за греење со дрва. Сакам да нагласам дека јас не сум за забрана на истото, туку за регулација преку употреба на печки со многу поцелосно согорување на дрвата (главен виновник за загадувањето со чадот е нецелосно согорување на дрвата во стандарните печки за дрва).
Пред да почне некој да се жали дека зборам на памет, да напоменам дека вакви забрани или регулации за греење на дрва има и во други градови низ светот.

 
Колку за информација, воздухот во Скопје е позагаден од воздухот во Пекинг и Шангај. Градови кои во моментов се најактуелни на сите светски медиуми по нивото на загаденост.
Ако на некој му се споредува.

Пекинг
http://aqicn.org/city/beijing/

Скопје
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=4
 
Ауу ММЕ го надминуваме Пекинг, не само во пм10 туку и во пм2.5... :-/
 
Отидов да ме фати свеж воздух-влегов во соба и ја затворив вратата од тераса.
 
StationLineGraph_Karpos_PM10_Day_1386975600_mk_bg.png
Јасно се гледа, навечер се ложат печките со дрва (или разен отпад) и концентрацијата на пм10 рипа до 02ч. кога истата се намалува (пошто луѓето спијат и никој не ги ложи печките). Потоа тие што не одат наутро на работа ги палат/ложат печките накај 11ч но правиот скок во загадување е од 16 до 19ч кога сите (што се греат на дрва) се дома и ги палат печките.​
Потоа загадувањето расте до 02-03 навечер, по што опаѓа (повторно пошто сите спијат и нема кој да пали дрва).​
Ви велам, греењето на дрва (со неефикасни печки) е најголемиот загадувач во градов.​
 
МЖС е надлежно за индустриски објекти кои имаат А интегрирана дозвола кои според нив се под контрола и не придонесуваат кон вредностите на ПМ10.
Град Скопје е надлежно за сите останати кои имаат Б интегрирана дозвола, постојано биле под мониторинг и мерењата покажале граѓаните со начинот на кој се греат се причинители...


Да се цитирам од друга тема (ме мрзи пак да пишувам, и зошто кога еднаш веќе е направено):

StationLineGraph_Karpos_PM10_Day_1386975600_mk_bg.png
Јасно се гледа, навечер се ложат печките со дрва (или разен отпад) и концентрацијата на пм10 рипа до 02ч. кога истата се намалува (пошто луѓето спијат и никој не ги ложи печките). Потоа тие што не одат наутро на работа ги палат/ложат печките накај 11ч но правиот скок во загадување е од 16 до 19ч кога сите (што се греат на дрва) се дома и ги палат печките.​
Потоа загадувањето расте до 02-03 навечер, по што опаѓа (повторно пошто сите спијат и нема кој да пали дрва).​
Ви велам, греењето на дрва (со неефикасни печки) е најголемиот загадувач во градов.​
 
Точно дека е загаденоста најповеќе зимно време поради греењето на дрва.
А Скопје е обиколено од сите страни со домови кои се греат на дрва. И тоа не мали на брои,туку на пример Лисиче и Драчево колку еден цел друг град во Македонија.
Или од Маџари до Катланово најмалку 20.000 оџаци,колку цела Битола и повеќе.
-------------
А што мислите како е пак во големите произвоствени погони-хали.
Јас се побунив за ова на работа и барав да се измери загаденоста на воздухот во погон и присаството на тврди честички на еден метар кубен, и проверка на возилата внатре во погон, и проверка на штетните гасови во воздухот и знаете што бидна - НИШТО едвај спасив жива глава,сакаа да ме .... (уништат,да ме нема)
Денес ја сликав состојбата на воздухот внатре во погон и мислев сега да ги ставам тука сликите, но што потоа, тешко мене, само ќе си наштетам секако и отказно решение не ми бега 2 часа откако тоа некој не го поткаже таму,а ќе се открие од каде е.
Па не знам дали и некои новинар ќе се осмели тоа да го снима и прикаже-тешко него.
Па кога сте прочитале во јавност што испуштаат тие големи оџаци во индустријата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom