Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Толку едноставни решенија, Македонија бадијала потрошила милиони на проекти од европските фондови....

Пакистанско со двојна намена, кремаста боја. Го рекламираат како smoke free stove, чини 58 уса центи

Уганда модел, семејно ќумбе
Uganda Stoves Saving Fuel and Forests

Според сајтот високо еколошко достигнување. Го гори дури и чадот, технологии на 21 век
US$10,000 worth of firewood purchase per year is expected to be save when the 284 stove units for the villagers is completed in April 2014. Во комплет со мешалка

Ти можеби се шегуваш, ама повеќето од овие направи-сам-ќумбе решенија го согоруваат дрвото многу поефикасно од домашно употребуваните „ЕУ стандард„ печки каде естетиката е на прво (и единствено) место.
Како и во она јас што го покажав претходно, така и во овие решенија (иако попримитивно, послабо изработено) се употребува принцип на изолација на комората на горилникот, со што се ствараат високи температури на согорување (колку повисока температура толку поефикасно согорување). Дизајнот изгледа примитивно, но фукционира и затоа нема видлив чад од оџакот. Принципот иако навидум изгледа примитивно, содржи многу финеси од термодинамички аспект, работи за кои нема да пишувам понатаму пошто очигледно уште од втората реченица никој не чита понатаму. Вниманието ќе се врати кога во следната реченица ќе напишам како ние не сме криви туку владата треба под итно (да не замајава) да го реши проблемот со загадувањето.


Значи, ахем, народот не е крив и владата треба под итно да го реши проблемот со загадувањето! :-/
 
Ги (не) спаси ветерот... на некое време барем.

StationLineGraph_Centar_GaziBaba_Karpos_Lisice_Rektorat_Mrsevci_Miladinovci_PM10_Day_1387137600_mk_bg.png
 
ДОМ ти е нешо као Дејо у „Опуштено“ - не може без нив, ќутат ко глупи и од време на време ќе испотресат нешто и на никого не му е јасно која лева улога ја имаат во оваа власт.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=33207

ДОМ ги повикува граѓаните и институциите да се вклучат во заедничка акција против загадувањето во Скопје.
- Заедничката акција е неопходна зашто загадувањето има многу лица. Најголемо е од индустриските капацитети кои не работат според еколошки стандарди, но и од транспортот, градежништвото и греењето на колективните и индивидуалните објекти, истакна претседателот на ДОМ Лилјана Поповска.

ДОМ го акцентира и проблемот со т.н. неидентификувани извори на загадување во Аеродром, Гази Баба и Бутел. Воедно сугерира локалните власти, во пресрет на претстојните новогодишни и божиќни празници, да избегнат употреба на пиротехнички средства поради нивната токсичност.

Партијата бара и контролни резултати од државна лабораторија за мерењата на загадувањето, добиени вонекои приватни акредитирани лаборатории.

- Затоа од поодамна бараме и предлагаме доопремување и акредитација на лабораторијата при Министерството за животна средина. Одиме и чекор понатаму, бараме формирање државна хемиска лабораторија како институција што ќе ги обедини сите државни лаборатории од различни области, по примерот на некои земји. Суштински чекор за мониторинг на сите параметри на загадувањето е постоење соодветна хемиска лабораторија, нагласи Поповска.
ДОМ ја поздравува одлуката на Градот Скопје за мерки од прв степен поради загаденоста во кои се опфатени сите барања на партијата и заклучоците од трибината одржана на 13 овој месец.
 
Значи, ахем, народот не е крив и владата треба под итно да го реши проблемот со загадувањето! :-/
Ме интересира дали имаш некои податоци врз основа на кои ова за ќумбињата го пишуваш и за населението кое тукуречи го направи виновно за сите овие загадувања. Колку вакви ќумбиња има услови да направи цело население дали 500, 5000? Се работи за околу 65.000 домаќинства со греење на цврсти и течни горива и скоро 90.000 со електрична. Земјиштето во и околу Скопје има со десетици пати зголемено загадување од тешки метали како арсен и олово или со пестициди како линданот. За начинот на давање б дозволи, големата загаденост на почвите, водите, воздухот и бучавата, греењето на сите амбуланти, школи и поликлиники во градот и државата на мазут, застарениот семафорски систем и слабиот проток на улиците на крај памет е дека виновни се граѓаните. Институциите само констатираат состојба, не преземаат ништо најмалку барем цела деценија наназад за подобрување на условите. Еве податоци од јавни документи
За периодот негде 2005-2008 од домаќинствата 13%, од други 4.5%, од индустријата цели 78% учествуваат во емисија на честички од 10 микрометри. Учество на гасовити горива во емисија на истите честички е цели 0% нула. Можеби ги прочита главните слабости опишани во ЛЕАП 2 за Скопје (инфраструктура, регулација и слаб проток на сообраќај, гасификација, централно греење, слабо проветрување и зголемување на густината на население). Само 33% од населението во Скопје се грее на централно греење, староста на водоводот просечно е 30 години, од 170.000 возила, над 11 години се 20%, половината се постари од 15 години.
Немам нешто многу повеќе да додадам на темава.
 
Каква е само иронијата овде... Толку многу споменици направија, толку многу градов новогодишно го накитија, а сега уште им викаат на граѓаните да седат дома :cautious: Па кој ќе го гледа сето тоа, камо туристи да се сликаат? Бар еден кинески ѕид да изградевме, па освен на Париз, и на Пекинг да заличевме периодов. Јесда немаше да се гледа од смогов, али сепак... Друга дебилна работа е што како и секоја зима, кај и да е, ќе дојде сезоната на грип. Имено, нели тогаш лекарите препорачуваат просториите редовно да се проветруваат како превенција од вирусот. Ама Коце вели обратно. И сега кој да слушам, лекарите или Коцета?
Имаше една стара мисла, сега веќе “поговорка“: Скопскиот воздух има една предност, гледаш што дишеш!
 
Пред неколку минути бев до Рамстор во центар и можам да Ви кажам дека надвор стварно смрди.
Има слаба магла, но не нешто посебно, се гледа месечината.
Скопје знае да има многу погуста магла.
Инаку тие што тврдат дека со ќумбиња се загадувал воздухот, воопшто не се во право. Чадот од ќумбиња е нечист, валкан, но не е отровен. Ако во ќумбињата се користи јаглен, кој содржи сулфур може да настане SO2 или SO3. Но кај нас јаглен не се користи.
Опасни се незаситените радикали, NO, CO, SO, и слично кои настануваат кај моторите со внатрешно согорување. Тие насатнуваат при согорувањето под притисок и при високи температури.
Според мене најголема веројатност има тврдењето причинител за ова загадување да е ТЕ - ТО.
ТЕ - ТО се состои од гасна турбина чиии продукти на согорување се исти како и кај моторите за внатрешно согорување. Според проектот, по гасната турбина овие издувни гасови би требело, со додавање на мала количина на гориво да догорат во котел.
Како работи ТЕ - ТО никој не знае. Раководството на Топлификација како змија нозе ги крие сите информации.Но се сомневам дека ТЕ - ТО сега работи само со гасната турбина. како вршна електрана. Гасната турбина на ТЕ - ТО е со мoќност од 175 MW, што е еквивалентно на 4 - 5000 илјади автомобили кои истовремено работат. Така да е голема веројатност да е тоа причинителот за загадување Овој сомнеж се потврдува и од вестите дека најголемо загадување се чуствуваат во Гази Баба и Аеродром.
Ете, јас се „ опкладувам “ на ТЕ - ТО.
А што е вистина ќе знаеме во вторник кога ќе почнат да мерат, се разбира ако објават Дотогаш ќе „уживаме“ во галиматијасот на политичарите
 
Според мене најголема веројатност има тврдењето причинител за ова загадување да е ТЕ - ТО
...
Како работи ТЕ - ТО никој не знае. Раководството на Топлификација како змија нозе ги крие сите информации...
Тука посочуваш можен загадувач, но со колкав удел влијае во загадувањето, нема да знаеме се додека се изнесат податоци. Не само податоци за Те-То туку и за бројот на домаќинствата што се греат на дрва.

Иако за уделот не знаеме, се согласувам дека најголем дел од загадувањето е од чад од согорување гориво за греење.


Инаку тие што тврдат дека со ќумбиња се загадувал воздухот, воопшто не се во право. Чадот од ќумбиња е нечист, валкан, но не е отровен.
Ова веќе е глупаво, и искрено повеќе очекував од некој што генерално изгледа солидно едуциран. Погледај ги следниве студии и ако ти е волја, прокоментирај ги.
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17127644
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21235221
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/21030866

написи:
http://www.betterhealth.vic.gov.au/bhcv2/bhcarticles.nsf/pages/Wood_fires_and_breathing_problems
http://www.environmentalhealthnews.org/ehs/news/hazards-of-wood-smoke



--- надополнето: 16 декември 2013 во 01:31 ---
Се работи за околу 65.000 домаќинства со греење на цврсти и течни горива и скоро 90.000 со електрична.
...
Еве податоци од јавни документи
За периодот негде 2005-2008 од домаќинствата 13%, од други 4.5%, од индустријата цели 78% учествуваат во емисија на честички од 10 микрометри.
...
Само 33% од населението во Скопје се грее на централно греење, староста на водоводот просечно е 30 години, од 170.000 возила, над 11 години се 20%, половината се постари од 15 години.
Немам нешто многу повеќе да додадам на темава.
Гледај, многу работи начнуваш, ама ќе осврнам само на најважното за темава.
На страна другите загадувања, тука зборуваме за загадување со честички пм10 (ајде може и пм2.5). Значи да не се расплинуваме на милион страни, да се задржиме на темата.

Тоа што ниеден од вас теоретичарите не направивте е да кажете каква побогу разлика има во загадувањето од индустријата и автомобилите, во сите други годишни периоди во однос на ЗИМАТА??

Навистина, ако тоа подвлеченото од твојот пост е вистина, тогаш според тоа во зима, активноста на индустријата и автомобилскиот сообраќај се зголемуваат за неколку пати?
Каква логика човече. Значи во зима индустријата работи неколку пати повеќе и автомобилите возат неколку пати повеќе.

Не ми се верува, толкаво игнорирање на фактите кои баш бодат очи. Па ете има архиви од мерењата за пм10 (и пм2.5). Ајде пак ќе постирам мерења за летен месец и за последниве 30 дена. Ти биди љубезен, па објасни како тоа мерењата за честички пм10 и пм2.5 се толку помали во лето отколку во зима. Ако е точно тоа што го тврдиш дека индустријата придонесува со 78% од загадувањто.

Те молам само со помалку демагогија со набројување на други нерелевантни за темава загадувања, арсен и олово и линдан и итн други неповрзани работи. Освен ако не тврдиш дека набројаните загадувачи се присутни во воздухот како пм10 честички со повеќе од стотина/десетина од еден процент.

Еве мерења за Јули и за последниве 30 дена. Гледаш некаква разлика?
Ако со греењето се загадува само 4-13% од вкупното загадување, како што велиш... значи индустријата ни се повампирува секоја зима, парче прави а?

StationLineGraph_Centar_GaziBaba_Karpos_Lisice_Rektorat_Mrsevci_Miladinovci_PM10_Month_1375221600_mk_bg.png
StationLineGraph_Centar_GaziBaba_Karpos_Lisice_Rektorat_Mrsevci_Miladinovci_PM10_Month_1387148400_mk_bg.png
 
Toп темата по медиумите за загаденоста на воздухот ќе биде актуелна се до 14 Јануари 2014.

Бидејќи тогаш почнува Европското првенство во ракомет. Ќе има Еуфорија „Гоцева тараса“ и сето тоа ќе се заборави...

А и утре може да исчезне актуелноста за загаденоста на воздухот доколку се создадат меѓуверски или меѓуетнички тензии од страна на „Шпонојте“ или „Шошонците“...
 
Апелирам до Град Скопје, согласно своите препораки, на својата територија да ги суспендира одредбите од Законот за заштита од пушењето што се однесуваат на затворени простории, со цел заштита на здравјето на пушачите.
 
Во 21ви век кога роботи по дома ни шетаат, да ми каже некој седи, не мрдај и не отворај прозор зошто ќе се угушиш не може да се мери ни со најголемиот идиот што некогаш чекорел на оваа планета. Ебемти неспособните власти, кој ве изгласа на глава да им се изнакењам.
 
Гледај, многу работи начнуваш, ама ќе осврнам само на најважното за темава.
На страна другите загадувања, тука зборуваме за загадување со честички пм10 (ајде може и пм2.5). Значи да не се расплинуваме на милион страни, да се задржиме на темата.
Те молам само со помалку демагогија со набројување на други нерелевантни за темава загадувања, арсен и олово и линдан и итн други неповрзани работи. Освен ако не тврдиш дека набројаните загадувачи се присутни во воздухот како пм10 честички со повеќе од стотина/десетина од еден процент.
Не сакам како штурецот да ја актуелизирам сегашната состојба, ова има подлабоки причини. Зборевме генерално за воздухот. Загадувањето дел од овие метали и полуметали е преку воздухот, дел преку отпад, вода.

Според Информацијата за извршениот геомониторинг на тешки метали, кој треба да биде усвоен од Советот на Скопје, со високи концентрации на арсен се зафатени вкупно 60 квадратни километри во реоните околу ОХИС, „Окта“ и железарницата, а ситуацијата е особено критична во подрачјето од ОХИС, кон Горно Лисиче, Долно Лисиче, Огњанци и Драчево,

Според оваа информација, нивото на олово се зголемува и за 10тина години ќе добиеме целосна загаденост. А возилата користат безоловен.
Ако со греењето се загадува само 4-13% од вкупното загадување, како што велиш... значи индустријата ни се повампирува секоја зима, парче прави а?
не сум климатолог, претпоставувам температурни инверзии, котлина, атмосферска тишина, циклонска антициклонска активност. За ова треба некој стручен да дообјасни зошто. Податоците се од мониторинг на службите.
Но секогаш се врши мониторинг и констатации "доизградба на гасовод, планови за ефикасност на енергија, користење геотермална, соларна и водна енергија, квалитетни горива, гама Макпетрол...". Со новата концентрација градби и население, неконтролирана сеча и изградба, само се влошуваат состојбите.
 
@ Lurtz како политичар си, мме.
Те прашуваат конкретни работи, ОНТОПИК, за загадувањето на воздухот со пм10 честички. А ти го вртиш на некое сосема друго загадување.

Демагогија левел 9000.
Тоа цитираното доле не може да го објасни фактот дека загадувањето рипа и до 10 пати (ДЕСЕТ) во зима. По твојата логика, или индустријата е 10 пати поактивна во зима, или тука во Скопје во зима дуваат торнадо ветрови... пошто нели само тие ветрови го вртат воздухот во круг, другите ветрови го движат воздухот од едно на друго место (и загадувањето надвор од Скопје).
Кристално јасно е дека (покрај индустријата) во зима има и друг значаен, извесно и поголем фактор во загадувањето на воздухот со пм10 честици.
Дап, што друго ако не чадот од печките на дрва и разен отпад.
не сум климатолог, претпоставувам температурни инверзии, котлина, атмосферска тишина, циклонска антициклонска активност. За ова треба некој стручен да дообјасни зошто. Податоците се од мониторинг на службите.
 
Специјалисти на НАСА направиле карта, благодарение на која можно е да се утврдат регионите, во кои постои најголема веројатност да умрат од заболувања, поврзани со загадениот воздух пред се од глобалните процеси на урбанизацијата и индустријализацијата, а краткорочно и степенот на загадување може да се зголеми и од природните појави, како што се шумските пожари.
Согласно истражувањето на професорот Џејсон Вест од Универзитетот во Северна Каролина, секоја година примерно по 2,1 милиони луѓе умираат предвремено од болести поврзани со загадениот воздух со тврди частици.
Нај загрозени региони се со темно-кафената боја, а најчисти со сината боја
cf689e86.jpg
 
http://fokus.mk/smogledalo/
Смогот не е обична магла (што е само водена пареа) туку е комбинација на пареа, прашина и издувани гасови од автомобилите и фабриките. Смогот воедно, никогаш не се задржува долго во предел кој е добро проветрен, и дури и да нема ветер, потребни би му биле само неколку часа за да се распрсне ако се остави на мира т.е. да не му се додаваат нови количини издувани гасови во смесата.
...Начинот на кој се распоредени зградите во главниот град, нивната височина, местоположба и меѓусебни растојанија покажува дека или урбаните планери не воделе сметка за да се обезбеди непречена циркулација на воздухот, или пак дека нивните инаку добри планови никој не ги есапел на терен и се градело хаотично. Со други зборови, една од причините за смогот е неспособноста и корумпираноста на власта која довела до ендемично непочитување на регулативите, урбанистички хаос и следствено – смог.
Друга причина е преголемата концентрација на луѓе и автомобили во скопската котлина, која пак зборува нешто за карактерот на државата. Која е централизирана до тој степен што сите владини, деловни и индустриски објекти се натрупани на грст квадратни километри и околу нив гравитира целиот сообраќај на луѓето вработени во нив. А од сообраќајот доаѓаат издувните гасови кои се дел од смогот....


Не, граѓаните се криви. Сеа и гравот ќе го забранат, неап леап, договори, архитектонски баланс, инфраструктура...немаат врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom