Колку е чист воздухот во РМ

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Која фирма треба да се затвара сега?
Мора да има некој plot овде :LOL:
Од проста причина што владетелите не ги боли кур за квалитетот на воздухот, на храната, на здравството и т.н.
Да не зборам дали имаш да јадеш, и со што да се грееш(ако немаш дрва, односно пари за дрва).....па ќе тураш пластични шишиња во ќумбе(оти немаш пари за шпорет).
Арно ама тука е секогаш да ти лапне 50% од бруто платата.....да ти земе данок на се живо и т.н.
Значи, позади секоја медиумска кампања постои http://en.wikipedia.org/wiki/Conspiracy_(criminal), и не постои никакво бранење на некои граѓански "права"(како чист воздух во случајов)...оти тие не постојат во реалноста. И оти системов е зло, јбг.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Vanlok многу добар приказ, точно се гледа шо е проблемот, јас искрено не го перцепирав до пред некое време вистинскиот причинител, но мислам дали беше ти или некој друг кога дискутиравме некаде на форумот за ФЕНИ и загадувањето ми беше напомнато дека греењето е главниот фактор ( не дека јас го оправдувам ФЕНИ после тоа, сеуште стојам на некои ставови дека Е штетен за Кавадарци).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Има чаре, 40ти спрат на Џеваир
Гледано чисто од еколошки аспект (акцент на еколошкиот аспект, затоа не го гњавете следниод дел со економскиот аспект): Да се забрани греење на дрва (и секакво ѓубре) во Скопје, проблемот со загадувањето бргу ќе се намали на ниво на не-зимските месеци.

Значи на страна економските причини за греење со дрва. Сакам да нагласам дека јас не сум за забрана на истото, туку за регулација преку употреба на печки со многу поцелосно согорување на дрвата (главен виновник за загадувањето со чадот е нецелосно согорување на дрвата во стандарните печки за дрва).
Пред да почне некој да се жали дека зборам на памет, да напоменам дека вакви забрани или регулации за греење на дрва има и во други градови низ светот.
Како што сфатив, зборат за Такома. Имаат плин, на дрва се греат помалку од 1%, на струја 60%, на плин 35%, а примањата им се качиле од пред 10 години за 10.000, на скоро 50.000 долари. Како и со се друго, нормална држава треба да понуди слична макар ценовна алтернатива, ако веќе нешто забранува.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.368
Поени од реакции
29.843
...нормална држава треба да понуди слична макар ценовна алтернатива, ако веќе нешто забранува.
... можеме до бесвест да се губиме во изговори и техникалии, или можеме нешто да направиме со проблемот. Ако веќе зборуваме за „ценовна алтернатива„ или поточно некое поевтино решение, да има и такви.
Дури има и такви решенија што коштаат пет пари (или евтино во секој случај). Засукување ракави, евтини материјали, едно метално буре (две треба уствари), и се добива печка на дрва со супер-ефикасно согорување. Естетика не ми спомињај, бараше евтино (мене и убаво ми изгледа, комбинација од рустично и стимпанк). ;)

За „ракетните„ печки повеќе пати зборував. Има евтини решија, само треба некој да ги мотивира луѓето да ги користат. Со закони и регулации на загадувањето.





--- надополнето: 15 декември 2013 во 02:06 ---
Vanlok многу добар приказ, точно се гледа шо е проблемот, јас искрено не го перцепирав до пред некое време вистинскиот причинител, но мислам дали беше ти или некој друг кога дискутиравме некаде на форумот за ФЕНИ и загадувањето ми беше напомнато дека греењето е главниот фактор ( не дека јас го оправдувам ФЕНИ после тоа, сеуште стојам на некои ставови дека Е штетен за Кавадарци).
Индустријата е голем загадувач, во тоа нема сомнение. Автомобилскиот сообраќај исто така, посебно во поголемите градови. Но штом почне грејната сезона, нема поголем загадувач од греењето на дрва и секаков отпад. Затоа и најзагадено е во зима.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
... можеме до бесвест да се губиме во изговори .
не се никакви изговори.
Читам пример од регион во Америка кој е неколкупати побогат од било кој град во Македонија и кој има систем на гас, каде автобусите се на некојси систем на плин/компримиран воздух што ли ќе беше ѓавол ќе го знае. Воглавно споредба ние и Луксембург просек 3000 евра плата.
Ова со сликите се...ќумбиња за кои е потребно четвртина соба нормална големина и кои не акумулираат топлина. Навечер на минус 8 и 10 ќе се греат со љубов и секс :) Практично за печките...кога ќе се спушти магла или друга промена често знае да го врати чадот назад па со таков отвор да се инхалира чадот. На видеава се прикажани гранки, тенки стебла, не и дрво со нормален пречник кое ќе гори поспоро. 1м3 дрва се 3000-3500 денари. Каде во овие планови се едночудо школи, амбуланти и поликлиники кои се греат главно на мазут, од кои дел и не се греат оти должат па во ходник во амбуланта во Чаир е како во фрижидер. За плус потрошувачка за загревање бојлер, машина за перење и купатило не е вредно ни за споменување.
Без системски мерки вакви палијативни иницијативи не се решение.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
излегува без разлика на потребите и способноста дали може човек да оди со автобус, тој што има пари ќе вози низ центарот. Што се вели тепаниот тепан, еб**ниот...Но што со лицата кои не можат да стојат на станица или да одат пешки од икс причини пред се здравствени, а возилото им е еко нула? Ако треба нека се прогласи, но нека се прогласи целосна забрана, и за големците и богатите (дел од нив виновни за сегашните состојби) и за обичните смртници.
За све има решение. Како што напоменав во мојот пост ЕКО зоните не ги измислив, туку пренесов решенија кои се применети во ЕУ. Во врска со корисниците на ЕУРО 2 возила кои се категоризирани со црвена еко налепница постои едноставно решение - вградување на катализатор на издувните гасови кој би го чинел еве како во понудениот пример 132,5 евра и со тоа би се добила зелена еко налепница:

http://www.rexbo.eu/eberspaecher/retrofit-kit-catalyst-converter-122145

Тоа значи дека ако сакаш да се возиш насекаде без да загадуваш и не ти треба голема инвестиција, ако сакаш упорно да труеш околина, седи си подалеку. Со катализаторот кај возилата се намалува драстично емисијата на јаглен моноксид и на азотните оксиди (компонента на издувните гасови со канцерогени својства). Кај дизелите има емисија на тврди честици кои се помали од ПМ10 (уште полошо) и многу полесно влегуваат во дишните патишта и ги растураат белите дробови и делуваат фатално на срцето(при долготрајно вдишување). Модерните дизели се опремени со филтри за трди честички кои ја редуцираат емисијата за повеќе од 90%, така да се сметаат за еколошки прифатливи. Но старите дизели се големи згадувачи. Затоа дизелите имаат секогаш повисока еко такса од безинците.
И секако, она што не го напишав во мојот пост а го спомна Vanlok -греењето на дрва, со што апсолутно се согласувам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вчера го прочитав апелот на Коце да не излегуваат надвор и да не проветруваат граѓаните. Чим Скопје ја надминал границата, Велес, Куманово и Тетово се исто над граница. Кавадарци последните години е исто многу загаден.

Би сакала Коце да го прашам што направил во врска со загадувањето? Дали можеби градските автобуси кои се со лиценца за пренос на патници низ град Скопје му се со еур 3 или еур 5? Или можеби има 50тина нули? Дали можеби ненајавено пратил инспекција во фабриките? Или со претходна најава стасуваат инспектори за мерење на квалитет на филтри? Дали Коце не даде дозвола за сечење на Водно и градење пат, плус и ресторант? Дали Коце не даде дозвола на Андора и сличните како него за градење згради на Водно? Дали можеби Коце има мерки со кои ја одржува чистотата во Скопје, затворени контејнери и рециклажни складови? Дали возилата на јавните претпријатија, камионите и тешката механизација се еур 4 можеби? Дали можеби направил проверка на тешките возила на Бетон и Гранит кој еур се? Дали вовел систем за греење на гас? Дали го регулирал сообраќајот? Дали некој нешто направил во оваа држава да има чист воздух? И после секој втор има рак? Зошто да нема.

Коцка, затвори го џамот и не проветрувај, чекај да помине загадувањето. Немојте за услови за живот да обвинувате народ. Немојте.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
За све има решение. .
прочитај го сижето на цели стручни трибини, потрошено време и пари и медиумски написи во само еден пост под твојот, во 6-7 редови. Тоа што го заговарате со греењето и молдавските ќумбиња е нонсенс. Уште поголем е оној со сообраќајот (предлогот од ДОМ кој е инспириран од Германија).
Правите споредби со уредени, богати и моќни држави со регуларен јавен превоз и со граѓани со далеку повисока куповна моќ.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Ај крадење пари и да разберам (не е за разбирање ама ај)....копито у мерцедес, шок е....
Ај и лечење комплекси да разберам....си јадел ќутек као копиљ низ маало, не те пуштале во диско....

Ама воздух бе говеда! Истиот го дишете! Разбирам роуд-шоуа, па ве нема овде, ама децата ви гнијат во ѓубрето....

Гледано чисто од еколошки аспект (акцент на еколошкиот аспект, затоа не го гњавете следниод дел со економскиот аспект): Да се забрани греење на дрва (и секакво ѓубре) во Скопје, проблемот со загадувањето бргу ќе се намали на ниво на не-зимските месеци.
Ова е клучно, посебно црвеното....и јас имам таков впечаток, во Тафталиџе живеам......со тоа што, гледај - Лисиче и Аеродром имаат најкрш показатели, а најголем процент се згради кои се греат на топловодно (парно е друга работа) или струја....што би рекло дека има и мајор-загадувачи од друг тип.
Да не забораам дека тука се и нашите сограѓани кои летоска не ги пуштаа на базен, кои мислам дека горат се' друго освен дрва....
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Кога ги исекоа дрвата на Илинденска, луѓето што се бунеа, луди ги правеа, пак ќе никнеле, за едни дрва ли биле. Гледам се среди хаосот во сообраќајот оти Илинденска е поширока. Истото беше и кај Бристол. Епа нема дрвја, нема кислород.

Ова е клучно, посебно црвеното....и јас имам таков впечаток, во Тафталиџе живеам......со тоа што, гледај - Лисиче и Аеродром имаат најкрш показатели, а најголем процент се згради кои се греат на топловодно (парно е друга работа) или струја....што би рекло дека има и мајор-загадувачи од друг тип.
Да не забораам дека тука се и нашите сограѓани кои летоска не ги пуштаа на базен, кои мислам дека горат се' друго освен дрва....
А ти си размислил ли зошто луѓето се грејат на ѓубре? Зошто немаат пари нит на струја да се грејат нит на дрва. И не може само од домаќинствата да се покачи нивото на загаденост. Јас мислам дека овде битна улога играат само фабриките и возилата.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
А ти си размислил ли зошто луѓето се грејат на ѓубре? Зошто немаат пари нит на струја да се грејат нит на дрва. И не може само од домаќинствата да се покачи нивото на загаденост. Јас мислам дека овде битна улога играат само фабриките и возилата.
Е како бе пријатељу, урбанистичко безредие владее во цело Скопје. Дивоградба - легализирај за едно евро, социјала - социјала до мојега више.....се сложувам за возилата, ама истите возила се возат и во другите годишни времиња (што не викам дека тогаш Скопје е чисто) и истите фабрики работат тогаш, ама зимно време воздухов со нож се сече - не ти изгледа дека греењето ја прави разликата?.......на крајот на краиштата за истата сиромаштија, одговорни се истите тие - јас сум размислил - тие не размислуваат.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Не разбирам во кој свет живеете.Значи според некој тука треба да ги затвориме фабриките,да ги оставиме колите и да не согоруваме материјали за топлина.Ај ако не во неолит ќе се вратиме.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.368
Поени од реакции
29.843
Ова со сликите се...ќумбиња за кои е потребно четвртина соба нормална големина и кои не акумулираат топлина. Навечер на минус 8 и 10 ќе се греат со љубов и секс :) Практично за печките...кога ќе се спушти магла или друга промена често знае да го врати чадот назад па со таков отвор да се инхалира чадот. На видеава се прикажани гранки, тенки стебла, не и дрво со нормален пречник кое ќе гори поспоро. 1м3 дрва се 3000-3500 денари.
Зборуваш на памет. Всушност зборуваш глупости, не си ги прочитал посочените линкови а си дозволуваш да ги критикуваш, и тоа во детали.

Ајде по ред.
- Печкиве греат и тоа како греат. Докажано и покажано (на Аљаска чим греат, во Чаир немало да греат).
- Дизајнот на печките прави огромен провев во оџакот (за разлика од класичните печки). Можеш на нет да погледаш видеа од овој дизајн со ХОРИЗОНТАЛНИ oџаци долги и по дваесетина метри. Нема враќање на чад! (прочитај за вентури ефектот ако те интересира како и зошто).
- Можат да се горат и гранки и дебели дрва. Тоа што не си го уочил, а е многу поважно, е дека дрвата не мора да се сечат на кратки цепаници (такво е ложиштето, согорувањето е хоризонтално а гравитацијата ги поместува дрвата надоле)
- За крај (а не најневажно) е тоа што велиш дека заземаат многу место, да, но тоа е заради масата што е потребна за термална акумулација плус воедно служи и како софа/кауч за седење. Има ли поубаво во зима од седење на ЗАГРЕАН НАМЕШТАЈ?
Печките можат да се направат и без термална акумулација и тогаш се само ќумбиња, но пак се многу поефикасни во согорувањето (и не загадуваат ни колку 10 класични печки заедно).

Каде во овие планови се едночудо школи, амбуланти и поликлиники кои се греат главно на мазут, од кои дел и не се греат оти должат па во ходник во амбуланта во Чаир е како во фрижидер. За плус потрошувачка за загревање бојлер, машина за перење и купатило не е вредно ни за споменување.Без системски мерки вакви палијативни иницијативи не се решение.
Зборував за загадувањето од приватните домови што се греат на дрва, кои иначе се најголем загадувач во овие зимски месеци. Не заебавај сега и ти со некакви целосни решенија. Никаде не се употребуваат истите решенија во домови и инситуции.

Се знае за школи и здравствени установи што е најдобро и најеколошки: гео-термални топлотни пумпи!
Државата еднаш инвестира во ова и после со децении има бенефит, преку заштеда и преку намалување на загадувањето. Друга варијанта е природен гас како енергенс.



--- надополнето: 15 декември 2013 во 11:28 ---
...не може само од домаќинствата да се покачи нивото на загаденост. Јас мислам дека овде битна улога играат само фабриките и возилата.
Како го објаснуваш тогаш „феноменот„ на толкав пораст во загадувањето баш во зима?

Не велам дека индустријата и возилата не загадуваат, но зарем тие (како загадувачи) не се активни преку цела година?
Не е дека Скопје има прекрасен чист воздух во пролет, лето и есен, но загадувањето е неспоредливо помало од тоа во зимата.

Целосно грешиш ако чадот од греењето го занемаруваш како фактор. Човек не мора да е стручен за процесот на согорување за да го заклучи ова. Во зимските месеци најголем загадувач (не дискутирам со колкава маргина) се дефинитивно домаќинствата или генерално греењето на дрва и фосилни горива (минус природен гас).
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Како го објаснуваш тогаш „феноменот„ на толкав пораст во загадувањето баш во зима?

Не велам дека индустријата и возилата не загадуваат, но зарем тие (како загадувачи) не се активни преку цела година?
Не е дека Скопје има прекрасен чист воздух во пролет, лето и есен, но загадувањето е неспоредливо помало од тоа во зимата.

Целосно грешиш ако чадот од греењето го занемаруваш како фактор. Човек не мора да е стручен за процесот на согорување за да го заклучи ова. Во зимските месеци најголем загадувач (не дискутирам со колкава маргина) се дефинитивно домаќинствата или генерално греењето на дрва и фосилни горива (минус природен гас).
Па не сум експерт, но претпоставувам имаат врска временските услови (влажност на воздух, облаци и т.н. :confused: )
И ако е така како што велиш, тоа значи дека нивото на загадување било на граница, па штом греењето во домаќинствата предизвикува толкав проблем. Тоа значи дека некој треба да си ја работи работата, како што беше погоре напишано, за да се регулира нивото на загаденост, за кога ќе дојде зима, греењето на луѓето да не претставува проблем. Факт е дека не можеш да им забраниш на луѓето да се грејат. Треба да си го средиш градот пред да дојде зима, а не да велиш : Не излегувајте надвор, страшно е.

И на оваа сиромаштија, не можеш да им налагаш на луѓето да земат да градат од твоите иновативни печки по дома, зошто градоначалникот не знае како да си го одржува чист воздухот. Или сега дојде јајцето на газот и алармира (не знаеше тој дека во зима ќе има проблеми со загадување) . Многу направил, браво!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom