Забранета продажба на џамлии во Македонија

Море порано деца крадеа пари од дома за џамлии да си купат така да паметно е ова :icon_mrgr:
 
Според оваа логика следно што иде за забрана е:
- Се забранува ПЕСОК по плажите,парковите,околу градинките
- Се забранува Цреши и Вишни со семки да се продаваат
итн итн .
Не ми е јасно што прават здруженијата!!!
Во Србија исто имаше забрана за продажба на алкохол после 19ч ама здруженијата си поднесоа жалба до уставен суд (или кој и да е одговорен) и забраната се тргна.
 
Кај нив уште полабаво беше, пошто законот беше после 22ч. Ама за останатово си во право, си се побунија, си излегоа на протест и тоа беше тоа.
 
Ако е детето доволно големо да појде да си купи џамлија од каде логикава дека ќе ја голтне?
Фестивали....
Добро што прочитав, да ги чувам тие што ги имам за да можам да го објаснам зборот џамлија/скокале.
 
Нека забранат турски серии,поопасни се од џамлиите каде каде..ебати турското детство на денешниве млади генерации..
 
"....цела генерација отидена во јабана што би правеле тука​
ОДА НА ГАДОСТА​
алхохол до 7 но дрога 24 до твојот дом испорака
ОДА НА ГАДОСТА...""​
 
Ме интересира, џамлии се забранети воопшто, или само се забранети да се продаваат како детски играчки ???
 
Ако идеме по логика дека луѓето повеќе го сакаат забранетото може и бизнис да излезе од ова..."деца продавам џамлии од квалитетно стакло во разни бои"
200 денари една. :pos:
 
Исто да се воведе закон и да се забрани ќарење со сликици,пошо тоа е еден вид на коцка,и не чини децата уште од мали нозе да станат коцкари и насилници :)

Преку глава ми е да ги гледам низ маало како се коцкаат со сликици,испоседнати дечурлана на клупа ...свашта цц :D
 
Па ова нека ги мотивира оние кои не го сакаат животот да се убијат со џамлија...
Сега очекувам да почнат илегално да се продаваат џамлии...:facepalm: .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom