Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Координираната инспекциска акција отстрани повеќе небезбедни производи: детски играчки и детска облека кои не се безбедни за користење.
Децата повеќе нема од најрана возраст да знаат што е шлајка, ниту пак што е коњак во играта со џамлии бидејќи во земјава е забранета продажбата на џамлии. Според стандардите за безбедност на детски играчки, џамлиите не се безбедни бидејќи постои опасност од тоа децата да ги проголтаат.
![]()
- Овие производи не го поминуваат тестот на безбедноста бидејќи се помали од 31 мм, најмалата дозволена мерка за делче од играчка. Најголем дел од увозниците на играчки веќе знаат, па џамлии не можете да најдете во големите продавници за играчки – појаснува Фатмир Шехи, инспектор од Државниот пазарен инспекторат.
Во последната координирана акција на Државниот пазарен инспекторат, санитарниот и инспекторатот за труд само инспекторот Шехи издал решение за повлекување на 4 производи што се небезбедни и еден ќе го предложи за испитување на Санитарниот инспекторат поради тешката и силна миризба на лимон.
- Проблемот кај нас е што немаме соодветна лабораториска контрола на физичкиот и механичкиот состав на играчките каде што ќе може да се испита секој поединечен дел, дали постои опасност од откачување, со колкава сила може тоа да се направи и за колку време, вели Шехи.
Извор
Значи, не знам што да кажам...
