Музичко име на тапет : Coldplay

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Muse
се англиски рок бенд од Teignmouth, Devon, формиран во 1994-та година. Бендот се состои од Matthew Bellamy(водечки вокал, гитара,пијано, клавијатура, keytar), Christopher Wolstenholme(бас, вокал, клавијатура, Misa Kitara, хармоника) и Dominic Howard(тапани, ударни инструменти, синтисајзер). Од 2006-та со нив настапува и клавијатуристот Morgan Nicholls.
Мuse се познати по нивните енергични и екстравагантни настапи во живо и фузијата на повеќе жанрови како спејс рок, прогресивен рок, алтернативен рок, симфоничен рок и електроника.

ФОРМИРАЊЕ И ПОЧЕТОЦИ
Бендот е формиран во раните 1990-ти во градчето Teignmouth (не повеќе од 15 000 жители). Метју Белами, Крис Волстенхолм и Доминик Хауард биле пријатели на универзитетот во родниот град и настапувале во различни бендови. После успешната аудиција Мет успеал да влезе во бендот на Дом - Carnage Mayhem, како гитарист. Oригиналните членови на Carnage Mayhem го напуштиле бендот затоа што Мет инсистирал да пишуваат свои песни наместо да свират кавери. Поради тоа Крис кој бил тапанар во неговиот бенд морал да научи да свири бас за да им се придружи, и така се роди бендот Мјуз каков што го знаеме денес. Првото име на бендот бил Gothic Plague, потоа го смениле во Fixed Penalty, па потоа во Rocket Baby Dolls.
Клучен момент за нивниот почеток била победата на локалниот натпревар “Batlle of the bands” во 1994-та година под името Rocket Baby Dolls, сo кавер на Tourette’s од Нирвана. "It was supposed to be a protest, a statement", Bellamy said, "so, when we actually won, it was a real shock. A massive shock. After that, we started taking ourselves seriously".
После тоа тројцата го напуштиле факултетот, го смениле името на бендот во Мuse и се преселиле од Teignmouth. Продолжиле да настапуваат во Лондон и Манчестер како предгрупа на други бендови.
За прв пат почнуваат да привлекуваат некакво внимание со првиот Extended Play именуван Muse,издаден 1998-ма,кој содржи рани верзии на песни од првиот албум. Во 1999-та издаваат втор EP кој содржи нивни рани класици како “Muscle Museum”, “Uno” и “Unintended”. Како и првото EP така и ова биле издадени во ограничен број (999 ЦД-а), рачно нумерирани лично од Meтју кои денес држат висока цена на e-bay...

SHOWBIZ (1999)
Во 1999 го издаваат својот албум првенец Showbiz. Бил примен со многу мешани критики, од крајно добри до крајно лоши. Често биле споредуване со Radiohead главно ради вокалот на Мет и ради фактот што продуцентот на The Bends, John Leckie, работел на албумот. За разлика од нивните понатамошни албуми, Showbiz не обработува теми како теории на заговор, политика и нов светски поредок, туку песните се повеќе за лични врски. Овој албум не користи многу широк спектар на инструменти по што денес бендот е познат. Тажно е тоа што денес ретко свират песни од овој албум... И покрај слабиот успех содржи некои од нивните најдобри песни. Како на пример: Muscle Museum, Unintended, Sunburn. (ставам само линкови за да не кочи страната).

Во 2000-та настапуваат како предгрупа на Foo Fighters и RHCP, свират на повеќе од 50 фестивали и освојуваат голем број на фанови низ цела Европа. Во истата година ја добиваат наградата Best New Band на NME Awards.

ORIGIN OF SYMMETRY (2001)
Во 2001 излегува вториот албум - Origin Of Symmetry. Oвој албум е поекспериментален од претходниот. Има многу потежок звук и користи поширока палета на инструменти (како на пример оргула). Напишан и снимен под дејство на магични печурки xD (“great for exploring new territory”, Matt Bellamy). Музиката била инспирирана од се и сешто, од Рахманинов до RATM и Tom Waits. Се смета за клучен албум за нивното пробивање, албум кој собра најмногу фанови, врв на нивната “лудост” и ексцентричност што главно се должи на неговиот бомбастичен звук, нејасни текстови и бизарни теми. Дискутирајќи за името на албумот, Мет речe: "The title 'Origin Of Symmetry', is from a book about geometry of the universe and how it's all in beautiful balance, a perfect thing in ten dimensions. It explains all the mysterious forces we invented religions around... Everyone's been writing about the origin of life so now they'll start looking at the origin of symmetry; there's a certain amount of stability in the universe and to find out where it originates from would be to find out if God exists."
Во овој албум доаѓа до израз вокалниот опсег на Мет Белами, со тоа што “фаќа” многу повисоки ноти отколку порано. Неговиот висок глас е една од најпрепознатливите карактеристики на бендот, но сепак албумот не беше издаден во Америка се до 2005-та баш поради тоа, продуцентите мислеле дека неговиот глас во некои песни не бил “radio-friendly”, побарале од бендот тоа да го сменат како услов албумот да биде издаден. Мјуз одбиле.​
Најпрепознатливи песни: New Born, Plug In Baby, Bliss, Citizen Erased.​

Во 2002 го издаваат нивното прво DVD со концерт и албум во живо – Hullabaloo, кое ги содржи и неверојатните синглови Dead Star и In Your World.

АBSOLUTION (2003)
Третиот албум Absolution ги зацементира Muse како светска рок институција. Стигна до бр.1 во Велика Британија и е нивниот прв албум кој постигна успех и во САД. Самиот бенд има истакнато дека ова е албум во кој вложиле најмногу труд дотогаш, и се смета за нивни најдобар од фановите (Лично јас го преферирам Origin, but oh well… или можеби сум во таква фаза, не знам...). Absolution е нивни најтежок албум дотогаш, и од него потекнуваат некои од заштитните знаци на бендот во поглед на музичкиот стил: симфоничен рок, класична музика и електроника. Како и повеќето нивни албуми, и овој е под влијание на различни аспекти од општеството, претежно почетоците на војната во Ирак што доведе до апокалиптичките теми во албумот. Овој албум е голем скок во нивниот стил, секоја песна е брилијантна на свој начин.
Најпрепознатливи песни: Stockholm Syndrome, Hysteria, Time Is Running Out, Butterflies & Hurricanes.

Неверојатниот успех на Absolution ги доведе до “The Pyramid Stage” на затворањето на Glastonbury фестивалот во 2004-та, што беше овековечено во DVD албумот Аbsolution Tour издаден 2005-та. Бендот после изјави дека ова им бил нивниот врвен момент и најдобра свирка дотогаш. Многу фанови и денес сметаат дека Glastonbury е нивното најдобро издание во живо. Во публиката бил присутен и таткото на Дом, кој доживеал инфаркт и половина час после крајот на свирката починал.

BLACK HOLES AND REVELATIONS (2006)
Во 2006-та со издавањето на 4-тиот албум – Black Holes And Revelations, конечно успехот на Muse во САД се изедначува со тој во Европа. Комбинација на електронски и спејс-рок, политички протести и елементи на Sci-Fi го прават BH&R брилијантен албум. Почнува со моќната Take A Bow која ги мрази политичките лидери,па продолжува со романтичната Starlight, која што има... интересен ритам...значи ”TITS” во Морзеовата азбука.
Aлбумот има силни, моќни песни, како Supermassive Black Hole или неверојатната Knights of Cydonia. Има и помеки песни како Soldier’s Poem, како и песни со значајни пораки во врска со состојбата на општеството како политичката корупција, револуција и нов светски поредок. И уште да ја спомнам Map of the Problematique.

Истата година го исполнуваат својот сон од детството да бидан главен акт на Reading & Leeds Фестивалот.

Во 2007 прават историја со тоа што станаа првиот голем британски бенд кој ќе свири две вечери на неодамна обновениот Вембли Стадион, придружувајќи се во редовите на музички икони како Queen, U2 и Тhe Who. Мuse успеаја да направат ПРЕКРАСНО и возбудливо шоу… Сателити, пламенофрлачи, танчери обесени на воздушни балони кои летаат над публиката и многу повеќе... Сето ова е документирано во нивното ново DVD и албум во живо – HAARP (2008). Интересно е тоа што овој концерт ја држи титалата “Wembley’s Greatest Event”. Неверојатно е тоа што бил изгласан покрај концертите на Queen и Мајкл Џексон, триумфот на Англија на Светското првентство во фудбал 1966 и финалињата во Лигата на шампионите.

THE RESISTANCE (2009)
Во 2009-та излегува 5-тиот албум The Resistance. Најдобaр дел од овој албум е прекрасната триделна СИМФОНИЈА – Еxogenesis: Symphony. Toa што оригинално требало да биде 15 минутно спејс-рок соло прераснало во симфонија на која Мет работел 4 години. И порано имаа веќе користено класична музика, но не до овој степен. Влијанието на класичната музика го прави овој албум помек, што беше многу неочекувано од нив со оглед на претходните тешки албуми.
Во The Resistance може јасно да се види почетокот на нивната трансформацијата однивниот традиционални звук во тоа што ќе дојде во следниот албум... Може да се каже дека албумов му е малку погодок малку промашај... Некои песни се брилијантни, комбинирајќи хард рок со помеки класични тонови, а некои други песни пак, како Undisclosed Desires се премногу искомерцијализирани песни со “catchy” мелодија... Исто и овој албум содржи политички теми во песните како Uprising, Unnatural Selection или United States Of Eurasia.

Во 2011-та одбележуваат 10 години од издавањето на Origin Of Symmetry со тоа што го изведуваат целосно на Reading & Leeds фестивалот. Храбор потег кој се исплатеше, концертот е фантастичен.

Во 2012-та го прават саундтракот за Олимписките Игри во Лондон 2012 – Survival, која ја изведуваат на отворањето и затворањето.

THE 2ND LAW (2012)
Во 2012-та излегува нивниот 6-ти албум – The 2nd Law. Mалку е клише да се рече дека последниов албум им е најлош, но не секој долгогодишен фан може да ужива во новиот материјал како што уживал во старите песни ради кои го засакал бендот. Не дека музиката е лоша, туку работата е што има драстична промена од алтернативниот рок по кој што Мјуз беа познати... Никој никогаш не би помислил дека Мјуз некогаш ќе се занимаваат со ДАБСТЕП.
Да не бидеме многу негативни, постојат и добри аспекти на албумот. Двете последни нумери – The 2nd Law: Unsustainable и The 2nd Law: Isolated System се занимаваат со влијанието на трошењето на горивата и природните ресурси, додека други песни како Liquid State и Save Me се за борбата на Крис против алкохолизмот. Овие две се први песни на бендот кои ги напиша и ги испеа басистот Крис Волстенхолм. Има и фанки мелодии како Panic Station (која потсеќа на Another Оne Bites The Dust од Queen xD). Мене лично омилена ми е Supremacy која најмногу ме потсеќа на постарите материјали. Други песни: Follow me, Big Freeze, Explorers.
Се на се, освен дабстепот, кој е добар ако сте фан на таков тип музика, The 2nd Law покажува музичка промена на бендот, како и континуитет во пишувањето за политички и општествени прашања.

Во 2013-та повторно прават историја со издавањето на 4K Ultra HD Live At Rome Olympic Stadium концерт филм во кината низ светот.Kонцерт филмoт е снимен во 4К резолуција која е 4 пати помоќна од HD и е првиот концерт снимен со толку висока резолуција."There's weird things like hair and stuff that you probably would never pay attention to," Bellamy said. "It's so much more noticeably sharper that it's almost unsettling at first."

"This isn't just for those frighteningly dedicated Muse devotees out there - this is a true audio-visual spectacular that beats most action movies in terms of pomp and grandeur. Matt Bellamy promised fans that the film would 'offer fans an entirely new Muse concert experience' - and how. . While Most gig movies are a limp attempt at documenting what went down on the night, Muse Live At Rome Olympic Stadium gives you the best seat in the house."
Според коментари на фанови, филмов е “mind-blowing experience”, речиси исто како да си таму...
Шоу ништо помало од тоа на Вембли. Карикатури на познати политички личности кои танцуваат на Panic Station (меѓу кои и папата xD), сијалици-балони кои лебдат над луѓето, бизнисмен во костум кој фрла пари кон публиката за време на Аnimals, сето тоа со своја симболика...

Тоа што ме радува е тоа што деновиве читав интервју на Мет во кое вели дека следниот албум ќе биде враќање кон нивните корени, кон рок звукот, и дека ќе ги исфрлат електрониката и оркестарот во песните и ќе се фокусираат на нивните инструменти: гитара, бас и тапани. Албумот ќе почнат да го пишуваат во 2014 и најверојатно ќе биде издаден во 2015-та... Па да почекаме и да видиме…:)

Бонус:

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Приказната за Muse започна некаде после 2000-та година чинам.

Eдна девојка по име Бланка(ја запамтив по тој херојот од Стрит Фајтер) му подари цеде на братучед ми. Цедево беше со бандери на паковката, абе беше origin of the symmetry.
И тогаш ми купи татко ми систем панасоник, оти мајка ми ја праеа операција од жолчката, пак како демек да ме развесели, 10 годишно детенце.
Дојде братучедов да го сефтосаме цедето. Грмеше за грмење. Но по првото преслушување и двајцата си рековме-Шо катара е ова, кои се овие шо толку се трудат да наликуваат на Редиохед? Плагијат пизда им матер.
По едно време слушам слушам цедево и си викам чеки бе, овие се поразлични, побрзи.
По некој ден иди и тој и вика, абе глеј не се баш исти.
И ок не се баш исти, така остана муабетот. Потоа излегоа и другите албуми. Ги купувавме за 150 денари од музички продавници. Е сега не можам да се сетам добро, али чинам дека Фетбој или така некако се викаше продавницава зад поштата во ќошето.

Џејмс фронтменот е страшен, значи страшен музичар. Тоа што со последните албуми извршија по мое доста глупа промена, комерцијална, поп, е друга приказна, но тоа што го направија во почетоците на минатата деценија е доста добро склопено. Интересна појава, новина во музиката бидејќи Џејмс знае да експериментира со инстриментите и да внесе по некоја свежина на сцената. Човекот обично дрнка гитара, но често пати знае да го растури тоа пијаното, клавирот или шо да е со пипки. Страшен бенд за настап, бенд кој отскокнува и се надминува кога свири во живо, наспроти она снименото.

Еве првово видео е пример за тоа што сакам да го доловам.


А за тоа растурот со пипките, над 25-та минута, на видеово. :)

 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Origin of Symmetry им е ремек делото. Се шо направиле со задоволство им слушам, некоја побрза верзија од рејдиохед ми се, ко шо рече турви, по мушки али со последнио албум не се ногу миришам. Да не ја тупам ногу, еден од поомилените бендови ми се.



И единствената песна од најновио шо ја сокапав слушајќи.


иначе, @wot
:icon_lol:
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ау омилениот бенд на њот а? :icon_lol:

Него Мјуз е другиот мој омилен бенд, мада љубовта кон нив ми се намали бидејќи последните два албума не ми беа баш по мој вкус. Не викам дека беа лоши, можеби меѓу најдобрите албуми издадени тие години, ама беа просечни албуми ако се спореди со она претходно што го имаат направено. Кога по неверојатниот Origin of Symmetry, или пак одличните Absolution & Blackholes and Revelations & Showbiz, ќе ги пуштиш овие двата ќе видиш дека во лош правец им иде еволуцијата... Да не излезе дека мрчам да си пишам дека Exogenesis Symphony, како и Supremacy & Liquid State ми се страшно јаки песни!
Подредени според квалитет вака некако би ишле албумите : Origin of Symmetry, Absolution, Showbiz > BlackHoles and Revelations > Resistance, The 2nd Law.

Сепак она што ги прави Мјуз голем и квалитетен бенд се нивните настапи. Еден од ретките бендови кои звучат многу подобро во живо отколку на студиските верзии.
Концертите им се познати по одличната атмосфера, страшната енергија и феноменалните визуелни ефекти! Дефинитивно со НИН ми се бендови за чии концерти со задоволство би ги дала и последните пари! Мет има неверојатен глас, одличен пејач е, а уште подобар инструменталист. Било да свири на гитара или на пијано секако знае да направи одлична атмосфера. Крис е одличен басист и добро функционира како бек ап вокал, а со песните од последниот албум докажа за што уште е способен. Liquid State ми е феноменална! Дом е пак машина на бубњевите :)

Да ставам неколку линка, ќе гледам да не се најпознатите.
Најомилената изведба на песнава! Ок, знам дека им е една од најпознатите песни, ама морав да ја ставам!

Многу, многу потценета нивна песна.

Штета што не ја свират више. :( Пеењето на Мет при крај е :cuc:


Некако како слични да им се логава м? :icon_lol: Ама земено во обзир дека Дом е хардкор фан на НИН, ваљда он има влијаено на тоа. :X3:
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
@turvior Метју е, не Џејмс :D

Да во право си за тоа дека во живо песната ја прават 10x поjaка одошто е ..

Само гледајте го отворањето на концертот и Supremacy, особено крајот на песната :cuc:
A Survival колку и да ми е површна песната ова што го видов на концертов беше благо кажано феноменално...почнува од 1:14:50


Инаку да, ги растура пипките :icon_lol:


Aко сакаш повеќе да го гледаш на пијано гледај ги на Glastonbury 2004, на моменти one man show е концертот, нaвистина е музички генијалец... eден од најкомплетните музичари, не само што пее, компонира, свири на гитара и пијано, туку сето тоа го прави генијално!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Пробав еднаш - два пати, бидејќи викаа дека се слични па дури и подобри од РХ. Вода можат да им носат на РХ, со цистерни. Посебно ми беше смешно тоа дистопиското срање за 1984, толку вештачко, со сила да се направи песна која ќе отсликува некаква загриженост за општеството и некаков активизам. Да се рече дека се занимаваат со „сериозни теми“.

Гола вода.
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Пробав еднаш - два пати, бидејќи викаа дека се слични па дури и подобри од РХ. Вода можат да им носат на РХ, со цистерни. Посебно ми беше смешно тоа дистопиското срање за 1984, толку вештачко, со сила да се направи песна која ќе отсликува некаква загриженост за општеството и некаков активизам. Да се рече дека се занимаваат со „сериозни теми“.

Гола вода.

Кој aлбуми си ги пробал ако може да знам? Немој да ми речеш дека со The Resistance си почнал, ништо чудно што не ти се допаднале :P
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Origin of Symmetry им е ремек делото. Се шо направиле со задоволство им слушам, некоја побрза верзија од рејдиохед ми се, ко шо рече турви, по мушки али со последнио албум не се ногу миришам. Да не ја тупам ногу, еден од поомилените бендови ми се.



иначе, @wot
:icon_lol:

дури сме кај Bliss, од 15:16 почнува, каква кулминација има на крај...


и ова

 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.859
Поени од реакции
6.653
Сум спомнал и у други теми, добар бенд се добри музичари али не ги можам бе, некако pretentious ми се и они и фановите нивни :icon_lol:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Доста стартна песна такоџе. Не ни знаев како се вика оти на цедето беа тракови нели, track 1, track 2, па по некоја случајност ако пишува име од назад арно, ако не пак арно.

 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Доста стартна песна такоџе. Не ни знаев како се вика оти на цедето беа тракови нели, track 1, track 2, па по некоја случајност ако пишува име од назад арно, ако не пак арно.

Koи албуми ги имаш? :D

Иначе би ги ставил и овие


Иначе новиот концерт од Рим што го поставив погоре е избришан од јутјуб, ама повторно е поставен... Има многу јаки моменти концертот. Гледајте го, во HD по можност :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom