Христајнството е некако “ограничен пантеизам“(според она што можам да забележам).
И според мене,е еден микс од монотеизмот и пантеизмот.
Затоа се надевам некој што е поупатен да елаборира на оваа тема.Баш ме интересира.
Зошто бог праќа пратеници?
Тест,докажување(доста добро објаснето во мојата религија).
Зошто не го гледаме?
Па ако го гледавме повторно ќе немаше слобода на избор.Сите ќе бевме верници,одеднаш.
Зошто е тој тест?
Води корен зошто воопшто е створен човекот(исто така добро објаснето како е створен првиот човек и зошто е створен).
Веродостојноста лежи во убеденоста за исправноста.А убеденоста за исправноста се стекнува со докажаното искуство и разумот.
Затоа бог ти даде разум,поттикнува да размислуваш,да спознаеш,да се запрашуваш,да истражуваш и размислуваш.
Малку оф топик фативме(со оглед на фактот што не е темата ислам туку свето тројство),али само краток опис.
Другото,не видов никој да плука по христијаните(сите поставија нормални прашања,бараа одговори).
Вистинско плукање имаш во темата Ислам каде не се поставуваат прашања туку “Ваков си,таков си,ова/она си“...
Баш би сакал некој христијанин да елаборира во врска со тројството , како е тоа објаснето(ако може Мики или некој друг што е поупатен).
П.С:Однапред се извинувам ако некого(Христијанин) со нешто го навредив,не сум со такви намери.
Христијанството не може да биде ограничен пантеизам ниту пак мешавина на пантеизмот со монотеизмот од проста причина што централна фигура на обожавањето е Бог со антропоморфни карактеристики кој е омнипотентен,омнискиентен и омнипрезентен. Тој му се обраќа на човештвото преку пратеници, пророци-како сакаш наречи ги а тоа воопшто не е пантеистички концепт.
Мене не ме интересира зошто Бог праќал пратеници, бидејќи за мене таа идеја е неприфатлива и однапред ја отфрлам, било да се работело за Христијанството или Исламот. Тоа што сакав да ти укажам е дека е многу погрешно да мислиш дека ти можеш се да знаеш во врска со Бог и да поставуваш прашања зошто Бог направил вака или онака, испитувајќи ја божјата промисла. Зарем мислиш дека си кадарен и имаш капацитет се да знаеш за божјата природа? Јас мислам дека не. Ниту барам да го видам Бог, ниту пак се повикувам на таков наивен аргумент за да би го докажал неговото непостоење.
Кога има вер(б)а, тука нема простор за веродостојност, ниту пак можеш да зборуваш за докажано искуство бидејќи ти тоа искуство го немаш. Ти имаш само верба, изградена врз основа на твои лични претпоставки и замисли за работите и прашањата од типот како настанал светот и човекот, но сепак факт е дека искуството во твојот случај изостанува. Еве како што велиш, доколку мене Бог ми дал разум, јас размислувам и истражувам и никако не можам да најдам логика во таквата замисла на Бог кој доколку го толкуваме буквално преку тоа што ни е достапно во светите книги, ќе биде најголемиот убиец, ќе биде во контрадикција со својата сезнајност, ќе изостанува слободната волја бидејќи логички заклучок е дека таа не може да постои кога веќе Бог знае што се ќе се случи, паѓа во вода божјата љубов кон своето битие кога му пушти потоп на човештвото, многу работи се рушат како кула од карти. Јас искрено не знам што точно претставуваат светите книги, посебно ме интересира Стариот Завет, дали тоа се всушност на некој начин искривени учења, дали се човечка измислица или нешто трето.
И пак, мене не ме интересира светото тројство во Христијанството, туку прашувам од каде се јавува таква идеја пред илјадници години и зошто баш како таква се среќава во многу школи и правци. Дали е пренесувана со текот на годините некое учење со мали модификации но иста суштина, навистина не знам да ти кажам. Тој што сметам дека може да каже и знае нешто повеќе во врска со тоа, тој ќе си го крие знаењето љубоморно и нема да го споделува на форум. Па и јас не би да сум во негова ситуација, искрено. Ете, ме искараа и се повлеков
И да, суптилно се плука по Христијаните, се критикува и потсмева на нивната незнајност барем на позначајниот дел од нив во врска со троичноста. На форум само двајца има чие знаење го почитувам во врска со христијанското тројство и општо Христијанството, посебно едниот никогаш не би се зафатил на вам да ви објаснува. Вие премногу ригидно гледате на ваквите работи, не оставате простор за сомнеж а со тоа и желба нешто можеби и да научите. Упорно ја терате својата дека Христијанството е политеизам, упорно тврдите дека некој си ја продал верата, дека Павле е креаторот на христијанството итн. Разликата меѓу вас и нив е тоа што никој од нив не хули кон вашиот Бог, барем јас досега не сум прочитал таков пост а вие се превртивте на глава пишувајќи против христијанскиот. Е сега да, мета сте на критики за пратеникот Мухамед, али и кој не би бил кога се работи за личност која била освојувач и стапил во сексуални односи со малолетно девојче. Дури и тоа не е толкав проблем, колку што е однесувањето на муслиманите ширум светот. Но против Алах никој не пишал лош збор, а вие кога би можеле би повратиле на Исус и Светиот Дух.
Се ставив во улога на апологет на Христијанството од обичен мубает дека тројството е концепт кој се јавил многу пред појавата на истото
Што ти е животот.